Свети Атанасиј Велики – Поуки

Example User · 3 years ago

    0 minutes, 58 seconds


 svetiatanasij

Бог стана Човек, за човекот да стане бог.

* * *

Синот Божји е неодделив од Отецот, како што е блесокот од светлината.

* * *

Словото се воплотило, за луѓето кои станале распадливи, повторно да ги подигне во нераспадливост и да ги оживи од смртта, присвојувајќи за Себе тело и со благодатта на Воскресението, унишувајќи ја во нив смртта, како огнот што ја гори сламата.

* * *

Господ, примајќи смрт како човек, ја претворил во ништо красноречивоста на мудрите за идолите! Чија смрт некогаш изгонувала демони? И од чија смрт некогаш се плашеле демоните, како од смртта Христова? Секаде каде што се произнесува името на Спасителот – се изгонува секој демон.

* * *

Кога сонцето ги сокрило своите зраци, земјата се потресла, горите се распаднале, сите се ужаснале; тогаш тоа покажало, дека Распнатиот на крстот Христос е Бог, а сета твар – слуги Негови, кои со страв сведочат за присуството на Владиката.

* * *

Спасителот, како што го принесе на смрт за сите телото, така со телото пак го отворил за сите патот за искачување на небото.

* * *

Зошто Господ не претрпел некоја друга смрт, туку смрт на крст?.. Ако смртта на Господа е за искупување на сите, ако со неа се разрушуваат  неразрушливите прегради и се призиваат незнабошците (Еф. 2, 14), тогаш на кој начин би можел Он да нè повика кон Отецот, ако не се распнел на Крст? Зашто само на Крстот се умира со раширени раце.

п.п

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/duhoven-azbuchnik/17684-sveti-atanasij-veliki-pouki

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Неразумно ревнување

Јеромонах Јона Пафхузен (Авторот денес е Митрополит во Америка) Прекумерната надворешна побожност, лажното смирение, преокупираноста со озборување и со „горливи прашања“ од животот на Црквата, осудување на луѓето поради нивната побожност или став, потполна убеденост...

Image Description
3 years ago

Митрополит Атанасиј Лимасолски:Љубовта значи жртва – (V дел)

  За никого никогаш не е доцна. За секоја возраст има начин. Со денешното мислење, еден младич на 20 години сигурно не прима многу лесно совети. Би било грешка да се обидуваме да го убедиме. Што правиме? Прво, се трудиме ние самите да бидеме вистинити и свесни Христијани, чеда на Црквата. Ако...

Image Description
3 years ago

ЕЗОТЕРИЗАМ - Архимандрит Рафаил Карелин

 ЕЗОТЕРИЗАМ - Архимандрит Рафаил Карелин29/11/2020  Прашањето на езотеризам на религијата има првостепено значање за нашите современици, не само затоа што пазарот на книги е опсипан со мноштво окултна литература  која претендира на езотеризам -некакви тајни знаења, вообичаено нар...