ТИЕ ПРОМЕНИ, ЧЕДО МОЕ, СЕ СЛУЧУВААТ НА СЕКОЈ ОД НАС

Example Super-Admin User · 5 months ago

    4 minutes, 1 second


 ТИЕ ПРОМЕНИ, ЧЕДО МОЕ, СЕ СЛУЧУВААТ НА СЕКОЈ ОД НАС



Триесет и четврто писмо


Денеска,чедо мое,после долго време го добив твоето писмо.

Во тој период,бев премногу нажалостен,зошто не се чувствуваше добро, а јас те искарав.Поради тоа во своето срце чувствував жалост и болка.

Денеска најпосле се израдував,зошто слушнав дека си дошла насебе и дека си почнала да го поправаш своето кајче, како би можела да запловиш кон мирното и спокојно пристаниште.

Навистина,чедо мое,голема е борбата со страстите, но со Божјата благодат се се достигнува. Со Неговата помош, и невозможното станува возможно.

Тие промени, чедо мое,се случуваат на секој од нас, но борбата бара трпение и упорност.

Сите тие ненормалности,како што се конфузијата,омразата,одбивност и диво движење на страстите потекнуваат од сатаната, и сите тие бараат со присила,болка и жалост да се одвратиме од нив на самиот почеток.Пред да влезат и ја зафатат ливадата, и го пресечат дотурот на водата однадвор, и ја изморат душата со глад за небеската роса.

Гледаш ли? Кога дојде до прифаќање на помислите кои ги засеја лукавиот, се прекинува одважноста на молитвата.

Кога ти се прекине дотурот на водата однадвор, а тоа е храна за душата, за само неколку дена ке те измори со глад. На почеток можеш да ги одбиеш.

А ти, не делуваш и очајуваш, и сесрдно го слушаш онаа што ти го зборуваат.

Кога еднаш влезат,ке те влечат како заробеник.

Биди внимателна и неверувај дури на самата себеси, дури и тогаш кога мислиш дека помислите се одалечија.Накратко ке ги истерате со молитва, но тие пак се враќаат. Благодата ги ограничува да би се охрабрила твојата душа, но тие пак доаѓат.

Во време на мирот немој да си мрзлива туку моли се, корегирај се и спремај се за војна. Имај трпение.

Да би направил чекор напред, монахот мора да пролее многу солзи и многу капки крв, и да потроши многу време, и доаѓа ѓаволот,древното зло,подметнува нога и се се окренува наопаку,доколку не го спречи благодата и молитвата. И повторно се од почеток, и повторно пролевање на крв.

Поради тоа е потребно трпение. Не очајувај. Не биди обесхрабрена.Покажи трпение,да би те заштитила благодата.

Постојат многу кои те подржаваат.

Секој твој чекор кон радоста и на мене ми донесува радост, Твоето сопствено воскресение ја воскреснува и мојата душа.

По самиот себе и по своите сопствени маки, добро го познавам искушението на вашата старица. Знам колку страда и колку секојдневно го поднесува вашето тешко бреме, зошто е одговорна за вас пред Бога.

Секојдневно прекумерно ја вкусува горчината и болката, а се радува тогаш кога одите по правиот пат.

Сега гледаш дека благодата повторно дојде.

Биди внимателна,зошто пак ке си замине.А ако отиде неопходна е храброста,трпението и совршена послушност, и таа пак ке се врати.Ти кажав дека ке дојде за Раѓањето Христово. Таа дојде но и си замина зошто во тебе не најде ревност.

Сега дојде, но пак ке замине,да би те исчистила од страстите. Тоа ке се случува се дотогаш, додека не постанеш онаква каква те сака Господ, Неговата благодат би нашла место и начин да остане. Спрема тоа,присилувај се на подвиг.

Немој да си мрзлива, и немој да допуштиш времето да проаѓа. Никогаш нема повторно да го пронајдеш времето кое залудно го потрошиш.

Ке мора да дадеш одговор за секој ден,час и момент од својот живот. Човекот не треба да бега, туку да го измери секој дел од патот. Да не остане во позадина и да не е мрзлив.

Освен тоа,знај дека љубовта спрема Христа и Пресветата Богородица ке ги здобиеш со трезвеноумие и созерцание него ли со другите подвизи. Добро е и се останато, ако се со добро прави, но љубовта ги надминува сите. Кога ке ја прегрнеш иконата, како да е жива, бакнувај ја топло и со солзи: Мајко моја извикувај Пресветата Богородица спаси ме,зошто ке пропаднам ако ме напуштиш! Господе Боже мој, помилуј ме поради Сенепорочната Твоја Мајка и сите Твои Светители.

Кога, ке го кажеш тоа, ќе почуствуваш голема љубов и ке посакаш непрестрајно да ја бакнуваш иконата, тоа е знак дека и таа ти враќа со целив. Јас не сум во состојба само еднаш да ја бакнам иконата на Пресветата Богородица и потоа да се одалечам.

Кога и се приближувам, таа ме привлекува кон себе како магнет. И ми е потребно да бидам сам,зошто сакам со часови да ја бакнувам. Некој жив здив ми ја исполнува мојата душа и се исполнувам со благодата која не ми дозволува да си отидам.

 Љубов, обожување,разгорен оган!

Кога влезеш во црквата, тоа те престигнува кога иконата е чудотворна и раширува таков миомирисен здив да со часови остануваш восхитен и не пребиваш во себеси,туку во миомирисен рај.

Пресветата Богородица дарува таква благодат на оние кои ја чуваат чистотата на своето тело.

Како што разбрав, Таа многу ја сака чистотата. Поради тоа јас со телото се борев многу повеќе него ли со другите страсти. Мене ми е даден дарот на чистота, да не разликувам машко од женско.Јас со дарот Божји ја здобив благодата на чистотата.

Ти пишувам тебе,чедо мое, како и на твоите сестри,да бисте се присилувале воздржување. Немам друга причина да ја откривам својата духовна состојба, ниту пак сакам да ме фалите.

Но како ве носам во душата како ваш вистински брат во Христа, посакувам да ви помогнам колку и да можам. Нека секој проба. Ако на тоа се присилувате ке видете колку ве сака Мајката Божја.

Една вечер,бакнувајки ја нејзината икона, почуствував замор.Седнав на столот и накратко заспав. Дојде во телото не како икона и ме бакна.

Бев исполнет со неискажлива радост и мирис. Небескиот Младенец ме помилува по цело лице, додека самиот му ги бакнував Неговите раце како да се живи.

И немој да мислиш дека тоа беше сон. Беше тоа чувство на еден друг живот, каков не го запознаа ниту го вкусија оние кои тоа него видоа.


Свети Јосиф Исихаст

Source: https://poukinasvetitestarci.blogspot.com/2024/11/blog-post_60.html

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
6 months ago

Во Црквата доаѓаш таков каков што си, но не и да останеш таков каков што си!

Во Црквата доаѓаш таков каков што си, но не и да останеш таков каков што си! За сите болести нема еден лек, ниту иста количина.  Секоја болест бара свој начин на лекување.  Методот на лекување е сличен на историјата на секој пациент.  Многумина играат улога во финалниот третман.Но, прво и најважно е...

Image Description
6 months ago

Твојата прегратка е многу слатка Боже мој!!

 Твојата прегратка е многу слатка Боже мој!!Твојата прегратка е многу слатка Боже мој!!Секој ден е исто така нов почеток. Од моментот кога стануваме! Не чекаат илјада и две обврски. Трчаме да стигнеме.Но, нашиот Христос трпеливо не чека! Никогаш нема да не притисне! Тој ја чека нашата наклонетост, н...

Image Description
1 month ago

Светилиштето на семејството: Мирот и љубовта како начин на спасение...

 Светилиштето на семејството: Мирот и љубовта како начин на спасение Бракот не е само формален договор, туку Света Тајна во која мажот и жената заедно со Бога создаваат мала Божја куќа - мала црква.  Семејството не е место за барање права, туку за служење.  Тоа е повик за љубов, трпение и пожртвуван...