(анегдота) Редица во пеколот. Кај ѓаволот доаѓа еден маж. – Ајде, пофалете се, зошто сте овде? – прашува ѓаволот. – Поима немам. Практично, јас сум безгрешен! – Пиевте? – Само на празници. – Крадевте? – Не, па како е тоа можно? – Можеби… вршевте прељуба? – Генерално, јас сум верник, сите заповеди ги почитував, и не сфаќам зошто сум тука. Ѓаволот ги крева рамењата. Одеднаш мажот презриво се насмевна. – А кај вас, изгледа, котлите неправилно се поставени. И температурата е повисока од дозволеното. Знам, сум читал за тоа. И што е со вашиот десен рог, зошто тој е затупавен? Безобразлук. Вие не сте како и сите други. А на ѓаволот од радост му заигра опашката. – Мислам дека сфатив. Вие сте интернет-трол? Пишувавте гнасотии по форумите, без да ве прашаат, ги учевте другите како да живеат? – Па сите луѓе се глупави, јас им ги отворав очите. – Се разбира. Вие сте на вистинското место. За вас е подготвено најстрашното место во пеколот. Вие постојано ќе седите на интернет. Но во самотија. Самите на себе ќе си коментирате и ќе се учите како да живеете. Примете го моето сочувство… Следниот!
Source: https://crkvaveles.wordpress.com/2020/02/24/trol-pekol/