УТЕХА ДУХОВНА – УЧЕНОСТ СВЕТСКА (Св. Игнатиј Брјанчанинов)

Example Admin User · 2 years ago

    3 minutes, 53 seconds


УТЕХА ДУХОВНА

• Трпезата на духовна утеха е како храна и воедно како отров!

Кој ќе ја вкуси неа, го губи живото чувство за сѐ она за што копнее светот.

Сето она што светот го цени, нему почнува да му дејствува како пуст и грозен прав, како смрдлива мрша.

• Кога човекот ќе се удостои да почувствува било што духовно, т.е. чувство од Бог, тој сфаќа дека сите негови сопствени чувства се ништожни, поврзани co самозалажување.

На патот до ветената земја, треба да се помине низ пустина.

Кога човекот оди по таа пустина, треба да знае дека тоа е пустина, а не ветената земја, за да не прифати некоја пустинска оаза co раскошна и богата природа како ветена земја, па заради тоа да биде лишен од вистинската ветена земја.

Тие оази претставуваат утехи, кои повремено му се даваат на почетникот во подвигот на молитва.

На нив никако не треба да им се обрнува посебно внимание.

Прв духовен дар е благодатното внимание на молитвата, какво што не може да се има само co сопствена сила.

• Чувај ја утехата и не дозволувај му на твојот ум да се препушта на фантазирања.

Утехата најпрво дејствува на умот обновувајќи ги мислите; а тој, кога ќе почувствува дека оживеал, по своето неискуство лесно им се предава на фантазирањата и во нив бесплодно и неразумно ја исцрпува сладоста што му е дарувана… Кога ќе добиеш утеха, посвети се повеќе на благодарење, на молитва и на самопрекорување;

утехата така ќе биде сѐ поголема…

Овие утехи ја претставуваат таинствената манна, која во Светото Писмо е наречена небесен леб (Псал. 77, 24), кој ги храни новите Израилци христијаните – во текот на нивното патување низ пустината, т.е. за време на нивното земно странствување.

Тие утехи се скриената манна (Отк. 2,17) од Откровението, за која Синот Божји му рекол на Јован Богослов кога му се јавил:

‘На оној, што победува, ќе му дадам да јаде од скриената мана.’ Таа навистина е ‘скриена’:

невидлива е за луѓето, бидејќи неа ja гледа само Бог, Кој jа дава; а слугата Божји, кој ја прима, co чувството го гледа невидливото.

Таквиот слуга Божји и кога е опкружен co многу луѓе – престојува насамо co Бог, видлив и невидлив, знаен и непознат на било кој.

• Кога ќе се појави утехата, за нелажно и Божјо примај го само целосно нематеријалното духовно дејство, кое се појавува во спокојството на срцето, во неговата необична тишина, во некаква ладна, но воедно пламена љубов кон ближниот и кон секое создание, љубов на која и се туѓи распламтеноста и нагоните, љубов во Бога и co Бога.

Ова духовно пламено студенило, овој секогаш еднообразен најфин пламен – е постојано својство на Спасителот, кое постојано и еднакво блеска од сите Негови дела, од сите Негови зборови, кои ни ги чува и предава Евангелието.

Во тоа својство се облекува Светиот Дух кога им дава утеха на Христовите служители, соблекувајќи ja од неговата душа облеката на стариот Адам, облекувајќи го во облека на Новиот Адам и овозможувајќи му на тој начин суштинско познание на Христа, познание потполно таинствено и потполно очигледно.

Одвраќај се од сѐ материјално – било да се појави на телесните очи или на вообразбата.

• Човечката повреденост се состои во мешање на доброто co злото; исцелението се состои во постепено оддалечување од злото, кога во нас почнува повеќе да дејствува доброто.

Целосно одделување на доброто од злото и чисто дејствување само на доброто има само кај совршените, и тоа привремено и повремено.

Место каде што дејствува само доброто е Небото; на земјата е измешано.

Преку нашата духовна утеха и понатаму дејствува таа измешаност, само што количеството на доброто го надминува количеството на злото – оттаму е утехата.

Затоа, за време на утехата треба да се има крајна внимателност, знаејки дека гревот, падот и прелеста ни се

блиску. Служете My на Господа co страв – завештува пророкот – и радувајте My ce co трепет.

• Кога Господ сака некого да преведе од крвно или душевно чувство кон духовно, од време на време Он му испраќа, како што вели свети Максим Исповедник, искуствено да го вкуси тоа чувство.

Вкусувањето – претставува прв допир co ветената земја.

УЧЕНОСТ СВЕТСКА

• Колку добро постапувале нашите древни отци на Православната Црква!

Облекувајќи се во човечки науки, тие на себе го земале Христовиот јарем и на боиштето на самоодрекување под раководство на Крстот Христов се учеле на Божествената Премудрост, бидејќи човечката ученост за нив станувала скромна слугинка, која ја употребувале да ѝ послужи на Божествената Премудрост, за таа Премудрост да им ја пренесат на своите ближни.

Човекот кој се научил на Царството Небесно, може да го изнесува и старото и новото, покорувајќи го старото на новото и прилагодувајќи го на него;

a оној, кој не се научил, очигледно може да го изнесува само старото, кое е смрт и непријателство кон Бога.

Тоа непријателство и на ближните го остава за него својственото влијание, дури и кога им зборува за Бог, и кога му угодува на слухот на душата, будејќи во неа најфини прељубни побуди на страста, кои многумина ги сметаат за дејство на благодат.

Спаси нѐ Господи!

Пропаѓаме заради себе, бидејќи ги засакавме сопствените учења, a го отфрливме или малку го цениме она што ни е испратено од Бог.

• Свети Исак Сирин знаењата од прв вид (теоретските) ги споредува co изворите на вода и плодови насликани на ѕид, кои co задоволство можат да се видат ако се добро нацртани, но ништо повеќе од тоа.

Познавањата од втор вид (од искуство) овој светител ги споредува co извори на вода, co плодови, кои на човекот можат да му служат за храна.

Source: https://pokajanie.mk/2022/02/17/34003/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Слава Ти, Боже

Старец Никон, од Неа Скити Беседа кон младите (извадок) Видов едно филмско остварување, ми се допадна, не го гледав во кино, не затоа што ќе видев нешто во него што ќе ми наштети, знаев дека ќе видам нешто добро, туку за да не соблазнам некого, нели, треба да мислиме и на...

Image Description
3 years ago

ОХ, ДУХУ СВЕТ, НЕ ОСТАВАЈ МЕ!

(Покајанието патот во Царството Божјо – Старец Филотеј Зервахос) Со покајание се учиме во љубовта Божја. Сите чесни и смирени луѓе кои што се послушни и воздржани и кои што се каат за своите гревови веќе се на Небото и го гледаат нашиот Господ Исус Христос во слава, ја слушаат Херувимската песна и з...