ВЕЛИКА САБОТА

Example Super-Admin User · 10 months ago

    1 minutes, 28 seconds


  Hristos.besedivoadot1.jpg

            „Адам царува над родот човечки, но неговата власт не е вечна. А кога легна во гробот, Сесилен, со Твојата животворна рака, си ги скршил клучевите на смртта, и на оние што од  вечноста таму спиеле , Ти им го проповедаше вистинското избавување, Спасителе, Кој си првенец од мртвите.“

           Од времето на страдањето на Господ Христос на крст на Голгота, секоја Велика сабота е исполнета со исчекување на благодатта на Неговото Воскресение. Смртта на Господ веќе ги воскреснала упокоените праведници во Ерусалим кои им се јавиле на мнозина, а први што трепереле пред можноста да се објави како воскреснат биле непријателите Негови (првосвештениците и фарисеите што побарале да биде убиен).


             Побарана е стража од римски војници да Му го чува телото. Сепак, Он како оној што невино и неправедно а Божествен претрпел понижувања, страдања и смрт на крст, незадржливо воскреснал. Смртта и пеколот (демоните) не нашле начин да воспостават власт над Таквиот. Воскреснатиот Господ им се јавил на Своите ученици онака како што сведочат Неговите апостоли и евангелисти.

                Долгиот богослужбен ден на Велика Сабота завршува длабоко во ноќта со бдението пред Пасха. А на живоносниот Гроб Господов во Ерусалим се празнува Светиот оган.


                Овој оган од Светиот гроб се пренесува по Светата Земја и ги осветлува сите домови. На денот на великата новозаветна жртва Сонцето на правдата - Христос, го разгорува Светиот оган. Овој празник е востановен со чудото во времето на патријархот Наркисос, кога во недостиг од масло кандилата биле налеани со вода и запалени од оган кој чудесно слегол од небото и за време на пасхалната служба горел како под масло. Древните христијански сведоштва говорат дека незгасливиот оган се чува на Светиот гроб од раните времиња на христијанството. На бдението пред Пасха (Воскресение) во Црквите ширум Православието Епископот, бидејќи е на местото и во образот Христов, самиот ги благословува и ги пали кандилата, а сите други земаат светлина од неговата свеќа.

Преминпортал

 

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost-2/zhitija/1752-velika-sabota

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
4 years ago

Бог нема да го остави таквото милосрдие без покајание

„Отче, сакам да зборувам со вас за нешто сериозно…“ Девојката стоеше на влезот од свештеничката канцеларија, чекајќи одобрување за да влезе. Немаше изглед на „благочестив“ човек. Носеше тесни пантолони и беше фарбана. Стариот свештеник ја погледна со добрина. „Молам, за сè што сакате!“ Дево...

Image Description
10 months ago

о. Александар Шмеман - За ѓаволот и егзорцизмот (2)

Во самиот момент кога го донесуваме решението да Го следиме Христос, неминовно на тој пат ќе го сретнеме сатаната. Во кршталниот чин, којшто претставува акт на ослободување и победа, пред сè, се извршува изгонување на нечистите духови (или забранување на сатаната – егзорцизам), бидејќи на наш...

Image Description
4 months ago

Житие на светителот Нектариј Егински

22. ноември лето Господово Слава на Православието се светите Божји угодници, кои се како нови ѕвезди што светат на сводот на Христовата Црква. Светителот Нектариј Егински е прославен од Грчката Црква, живеел на крајот од XIX и почетокот на XX век. Радувај се млад орелу, кој имаш умни молитви...