Вниманието е знак на вистинското покајание (Никифор Отшелник)

Example Admin User · 2 years ago

    4 minutes, 42 seconds


До самиот Никифор

Прашања: Од наведените сведоштва дознаваме како дејствувале отците, кои My угодиле на Бога и дека има едно дејствување што брзо ја ослободува душата од страстите и преку љубовта ја поврзува co Бога, што му е потребно на секого што се бори за Христа, во што ние воопшто не се сомневаме, туку сме потполно во вистинитоста на тоа.

– Но, те молиме, што е вниманието на умот и како да се удостоиме да го добиеме, зашто ова ни е сосема непознато?”

Одговор на отецот Никифор:

„Во името на Господа Исуса Христа Кој рекол: ,Без Мене не можете да направите ништо’ ” (Јован 15, 5), откако ќе Го повикам Hero за помошник, според моите сили ќе се обидам да ви покажам што е вниманието на умот и како да се удостоиме да го добиеме .

                          Зашто, тоа нешто нам ни е сосема непознато.

Некои од светите отци вниманието го нарекувале запазување и набљудување на умот, други – запазување на срцето, трети – трезвеност, а многумина од нив го нарекувале и инаку.

Но, сите овие именувања означуваат едно исто; така што и за лебот има повеќе именувања, а сите го означуваат него, а не нешто друго, така е и co сите овие именувања, зашто и тие го означуваат токму ова запазување на умот.

А што е вниманието и какви се неговите белези, сега ќе разбереш.

Вниманието е знак на вистинското покајание.

Вниманието е викање на душата кон себе; омраза кон светот и издигнување кон Бога.

Вниманието е отфрлање на гревот и прифаќање на добродетелта.

Вниманието е несомнено простување на гревовите.

Вниманието е почеток на созерцанието или, подобро речено, негов услов, зашто преку него Бог проникнува и му се најавува на умот.

Вниманието е небранување на умот или, подобро речено, стоење на умот (кога престанува да талка и да се заблудува), што му се подарува според Божјата милост.

Вниманието е пресекување на помислите, палата на Божјото спомнување и сокровиште за претрпување на сѐ што наидува во животот.

Вниманието е затоа причина на верата, надежта и љубовта, зашто оној што не верува, не може да ги поднесува животните маки, a тој што не ги поднесува животните непријатности и маки, тој не може да рече:

„Ти си мој застапник, Ти си мое пребивалиште, Бог мој, и на Тебе ќе се надевам!” (Псал. 90, 2); а оној што не ќе Го има Севишниот за свое пребивалиште, тој нема да биде длабоко вкоренет во љубовта кон Hero.

Ова најголемо од сите дејствувања го придобиваат многумина преку научувањето на вниманието.

Ретки се оние што го добиваат ова од Бога заради својот тежок труд и заради својата топла вера, но она што е ретко, тоа не е закон.

Затоа е потребно да биде најден незаблудлив учител и да се научиме да ги распознаваме десните и леви распознавања на недостатоците и излишните врски co вниманието, co што ќе се среќаваме под дејство на лукавиот.

Добриот учител, бидејќи самиот пострадал, откако бил искушуван, ќе ни го објасни она од што имаме потреба и точно ќе ни го посочи овој духовен пат, па затоа ќе можеме и ние по него да одиме лесно.

Ако немаме во близина таков учител, треба да го побараме и да не жалиме никакви трудови.

Но, ако и при сето барање, не најдеш ваков учител, тогаш co скрушен дух и co солзи, откако ќе Го повикаш Бога и My ce помолиш co смирение, направи го ова што ќе ти го кажам.

Нашето дишење е вдишување и издишување на воздухот. Телесниот орган за дишење се нашите бели дробови, кои му помагаат на срцето и спроведувајќи го воздухот преку себеси – му го даваат и на срцето.

Ha овој начин дишењето е природен пат кон срцето. Па така, откако ќе го собереш целиот ум во себе, воведи го во патот на дишењето пo кој воздухот доаѓа до срцето, и заедно co вдишувањето на воздухот принуди го да слезе во срцето и да остане таму.

Брате, научи го набрзо да не излегува отгаму, зашто во почетокот тој чувствува голема здодевност во тој внатрешен затвор и во таа тесност, a кога ќе се привикне, не ќе сака да се врати назад и да талка горедолу, зашто таму, во срцето, не му е невесело и нерадосно.

Како што некој човек, кој бил долго време оддалечен од дома, кога ќе се врати пак, тој e преполн co радост затоа што се видел пак co своите деца и co својата жена, ги гушка, ги бакнува и не може да се наприкажува co нив, така и нашиот ум, кога ќе се соедини co срцето, се исполнува co неискажлива сладост и веселба.

Тогаш му се чини дека царството Божјо е навистина во нас, па гледајќи го во себе, тој co својата чиста молитва бара од Бога – умот негов да остане и да закрепне во него; сѐ што е надворешно, тој го смета за безвредно и недостојно за неговото внимание и воопшто не привлечно.

Кога на овој начин, како што ти покажав, ќе влезеш во твоето срце, благодари My на Бога и прослави ја Неговата добрина, секогаш прави го ова што ти го реков, и тоа ке те научи на она што на друг начин не можеш да го дознаеш никаде.

Притоа, треба да знаеш дека, кога умот твој ќе се утврди во твоето срце, не треба да го оставаш молчелив и празен, туку дека непрестајно треба да ја повторува молитвата:

„Господи, Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме!” и никогаш да не замолчува.

Зашто ова, не давајќи му на умот да мечтае, го прави неуловлив и недопирлив за ѓаволските напади и co секој ден сѐ повеќе го воведува во љубовта и желбата кон Бога.

„А, брате, ако и по многу труд, не можеш да навлезеш во областа на твоето срце, така како што ти кажав, тогаш направи вака како што ќе ти кажам, и co Божја помош ќе го најдеш ова што го бараш.

Ти знаеш дека способноста за говор на секој човек се наоѓа во неговите гради.

Зашто внатре, во градите, кога молчи нашата уста, ние говориме, и се советуваме co себеси, и се молиме, и псалми пееме и друго нешто правиме.

Па затоа, кога ќе ја прогониме оттаму секoja промисла, а ова можеме да го направиме само, ако посакаме, тогаш дај му ја да ја изговара оваа молитва:

„Господи, Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме!”

– И принуди го, место некоја друга помисла, само ова единствено таму внатре да го извикува.

И, ако ова го правиш неотстапно co сето свое внимание, тогаш преку ова ќе ти се отвори, по извесно време, влезот во срцето, за кој веќе ти напишав, без било какво и да е сомневање во тоа, зашто сето тоа сме го дознале преку нашето лично искуство.

А тогаш ќе дојдат при тебе, заедно co многу саканото и слатко внимание, и сите други добродетели:

љубовта, радоста, мирот и сите други добродетели, заради кои потоа и секоја твоја прозба ќе биде исполнета, во Исуса Христа, нашиот Господ, на Кого, заедно co Отецот и Светиот Дух – нека им биде слава, сила, чест и поколение, сега, секогаш, во сите векови и во сета вечност.

Амин.

Никифор Отшелник

Source: https://pokajanie.mk/2022/02/19/34023/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
2 years ago

„Зашто, мнозина се повикани, а малцина избрани.” (Омилии)

„Тогаш царот им рече на слугите: Врзете му ги рацете и нозете, земете го и фрлете го во крајната темнина; таму ќе биде плач и крцкање co заби.” Тој самиот веќе беше си ги врзал рацете правејќи зли дела, и своите нозе самиот беше ги врзал, одејќи по патиштата на беззаконијата. Уште во овој живот сам...

Image Description
2 years ago

Поуки од Преподобен Нил Синајски

78. Кога за време на твојата молитва ќе помислиш, дека немаш потреба да плачеш за твоите гревови, тогаш види колку си оддалечен од Бога и дека треба секогаш да живееш во Hero,- и тогаш ќе пролееш топли солзи. 79. И навистина е така, сознавајќи колку си беден и ништожен, слатко ќе поплачеш, прекорува...

Image Description
3 years ago

Слава Ти, Боже

Старец Никон, од Неа Скити Беседа кон младите (извадок) Видов едно филмско остварување, ми се допадна, не го гледав во кино, не затоа што ќе видев нешто во него што ќе ми наштети, знаев дека ќе видам нешто добро, туку за да не соблазнам некого, нели, треба да мислиме и на...