Внимавај! Како молитвата да биде услишана од Бог…(Св. Игнатиј Брјанчанинов)

Example Admin User · 2 years ago

    4 minutes, 56 seconds


Подготовка

• Молитвата е свет, голем и спасоносен подвиг за душата.

Таа е главна и прва меѓу монашките подвизи.

Сите други подвизи му служат на овој подвиг; тие се преземаат за подвигот на молитва да се извршува поуспешно, плодовите на молитвата да бидат пообилни.

„Глава на секој благочестив живот – рекол преподобен Макарие Велики – и врв на сите добри дела е постојано престојување во молитва”.

Која човечка положба може да биде повозвишена, што може да се спореди co положбата на човек, кому му е дозволено co молитва да беседи co Царот над царевите, co Бог над боговите, co Создателот и апсолутниот господар на сите видливи и невидливи, материјални и духовни созданија?

Заради важноста на занимавањето co молитва, за неа е потребна значајна претходна подготовка.

Од оние кои сакаат да пристапат кон Царот над царевите, Он бара одреден, угоден за Heго, начин на размислување и исто такво расположение на срцето, co помош на кои My ce приближиле на Господа сите праведници на Стариот и Новиот Завет (Лука 1, 17).

Без таков начин на размислување и расположение на срцето, пристапот е невозможен, а обидите и трудот да се пристапи се залудни.

Ти, што сакаш да My пристапиш на Бог и да My ce приближиш co постојано престојување во молитва, внимавај!

Внимателно испрашај го својот начин на размислување: заразен ли е co некое заразно учење?

Дали точно и без исклучок го следиш учењето на Источната Црква, единствена вистинита, света и апостолска?

Ако некој и и не ја послуша црквата – My рекол Господ на ученикот – тогаш нека ти биде тој како незнабожец и митник (Мат. 18, 17), туѓ на Бога, непријател на Бога.

Какво значење може да има молитвата на оној, кој се наоѓа во непријателство кон Бог, во состојба на отуѓеност од Бог?

Свеста за својата грешност, за својата слабост, за својата безначајност е неопходен услов, молитвата да биде милостивно примена и услишана од Бог.

Сите светители во темелот на молитвата ја ставале свеста за своите гревови и нивното исповедање, како и свеста за огревовеноста на целиот човечки род.

Светоста на човекот зависи од свеста и исповедањето на таа огревовеност.

Оној, Кој им Дарува на луѓето светост за нивното покајание, рекол:

„He сум дошол да ги повикам праведниците, туку грешниците на покајание” (Мат. 9,13).

Ти, што сакаш да се занимаваш co подвигот на молитва! Пред да пристапиш на таков подвиг, потруди се да му простиш

секому кој те налутил, оклеветил, понизил, секому кој ти нанел било какво зло.

Оној, пред Кого имаш намера да застанеш на молитва, ти заповеда:

„Ако принесуваш дар на молитва на возвишениот жртвеник – Царот над царевите, и таму се сетиш дека брат ти има нешто против тебе, тогаш остави го дарот таму, пред жртвеникот, па отиди и најнапред помири се co брата си, a потоа дојди и принеси го дарот” (Мат. 5, 23-24).

Подготви се за молитва co непристрасност и безгрижност. Од пристрасноста доаѓаат грижите.

Сопирана од пристрасноста и расејувана од грижите, твојата мисла не може co молитва непоколебливо да се стреми кон Бог.

„He можете да им служите на Бога и на Мамона: зашто, каде што е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше. па затоа не грижете се и не говорете: што да јадеме, или што да пиеме, или во што да се облечеме, и сѐ ова ќе ви се придаде” (Мат. 6, 24, 21, 31, 33).

Оттргни го умот од земјата и од сѐ што е земно, и нема да ти е тешко да почнеш co невидливото патување co молитвата кон небото.

Ако поднесуваш сиромаштија, или те притискаат неволји, или пак те гони непријателот:

не обрнувај внимание на сеќавањата и помислите за твојата сиромаштија, или за неволјите, или за твојот непријател, за твоето внимание на молитвата од ништо да не се расејува и вознемирува.

Оној, во Чија власт сте и ти, и твоите неволји, и твојот непријател, вака им вели на оние кои ги љуби:

„Да не се плаши срцето ваше; верувајте во Бога и во Мене верувајте” (Јован 14, 1).

„Кога се молиш, влези во својата скришна соба и, откако ќе ја затвориш вртата, помоли My се на твојот Отец, Кој е во тајност” (Мат. 6,6).

Било да си во друштво на луѓе или сам, труди се постојано да се задлабочуваш во твојата душевна внатрешност, да ги затвориш дверите на сетилата и на јазикот, и да се молиш тајно co умот и co срцето.

Засакувајќи го подвигот на молитва, засакај ја осаменоста во материјалната ќелија.

Затворај ја нејзината врата и за себе и за другите. Трпеливо поднесувај ја самотијата на затвореништвото:

нема да помине многу и таа ќе биде заменета co најпријатно чувство.

„Престојувај во својата ќелија – рекле Светите Отци – таа ќе те

научи на сѐ”, т.е. ќе те научи на монашки живот, сконцентриран на молитва.

Засакувајќи го подвигот на молитва, засакај го молчењето: тоа ги чува силите на душата неразделни, способни за постојана молитва во внатрешноста.

Навикнатоста на молчење овозможува безмолвна молитва на срцето и среде бучни луѓе.

Ha жртва на љубов кон молитвата принеси ги сетилните и умни наслади, љубопитноста; чувај ја душата од сите надворешни впечатоци, за во неа, co помош на молитвата, да се зачува Бог.

Неговиот сесвет, невидлив Образ не поднесува да престојува во душа, кoja e извалкана co слики на суетниот, материјален и минлив свет.

Немој да ѝ се восхитуваш на видливата природа и да се занимаваш co созерцување на нејзините убавини.

He губи го скапоценото време и не расфрлај ги силите на душата за стекнување на знаења, што ги овозможуваат човечките науки.

Тие сили и тоа време употреби ги за стекнување молитва, која свештено дејствува во внатрешноста на душата.

Таму, во тебе, молитвата ќе открие глетка која ќе го привлече целото твое внимание; таа ќе ти даде знаења, кои светот не може да ги прими, за чие постоење тој дури и не знае.

Таму, во длабочината на срцето, ќе го видиш падот на човечката природа, ќе си ја видиш душата убиена од гревот, ќе видиш гроб, ќе го видиш адот, ќе ги видиш демоните, ќе видиш синџири и пранги, ќе го видиш пламениот меч на херувимите, кој го чува патот кон дрвото на животот и му го забранува влезот на човекот во рајското семејство.

Ќе видиш и многу други тајни, скриени од светот и од синовите на светот.

Кога ќе се открие таа глетка, сите твои погледи ќе се заковаат за неа; ќе оладиш за сѐ привремено и распадливо, за што дотогаш си бил врзан.

„Денес или утре ќе умреме” – му рекол свети Андреј Јуродив на еден монах, одвлекувајќи го од приврзаноста за материјалното и објаснувајќи му колку е неразумна таквата приврзаност. Сосема точни зборови!

Сосема точно е претставена неодредената должина на траењето на нашиот земен живот!

Значи, денес или утре ќе умреме.

Ништо полесно отколку да се умре. Дури и најдолгиот живот, кога ќе се приближи кон крајот, изгледа како најкраток миг.

Зошто да се занимаваме co она што нужно мораме засекогаш да го оставиме, и тоа набргу.

Подобро е co молитва да се изучиме себеси, да ги изучиме животот и светот кои нѐ очекуваат, во кои ќе останеме засекогаш.

Пренесено од книгата “Енциклопедија на православниот духовен живот” од Свети Игнатиј Брјанчанинов

Source: https://pokajanie.mk/2022/03/04/34147/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Свети Спиридон и патникот

Еднаш на вратата од домот на свети Спиридон затропал еден изморен патник, кој доаѓал од Киринеа. Надвор времето било ужасно, дождови, ветар, а патникот кој 3 дена одел гладен, едвај дошол до неговата куќа. Светиот владика Спиридон (270-348), кој бил вдовец и живеел со нег...

Image Description
3 years ago

Што е тоа светост?

(За светоста може да зборуваат само светителите, оние кои се блиски на Бога, Боговидците, а во редовите кои следат, бидејќи немам личен опит, само ќе го изложам опитот на светителите на Црквата, оние кои единствено имаат кредибилитет да говорат на овие теми.) Бог е единств...

Image Description
3 years ago

Потрес во Црквата

Во еден манастир, за време на Литургијата, се случил силен земјотрес. Голем дел од присутните се исплашиле и панично избегале од црквата. Еден мал дел се исплашиле, почнале да гледаат лево-десно, но сепак останале на Литургијата. А само неколкумина воопшто не се ни по...