Во кањонот на Матка - храм на св. Андреј Првоповиканиот (13.12.2016)

Example User · 1 month ago

    1 minutes, 43 seconds


(Обновено)

 

Старец Софрониј

Секое нешто што постои, постои зашто Бог мисли на него! Бог мисли на светот и светот постои! Ако ја барате волјата Божја, едноставно и со смирение, Бог може да ја промени која било состојба, дури и онаа најнегативната. Следствено, ако му бидете послушни на вашиот духовен Отец, ако имате доверба во него, не плашете се дека ќе бидете водени погрешно. Бог секогаш ќе наоѓа начин да ви ја открива вистината. Чекорејќи со послушание, го правите вашето срце почувствително на секое духовно движење во вашиот живот.

 

Преминпортал (к.т.)

 

Друго:

Земете здив:Свети Андреја на Матка

 

Според календарот на МПЦ , кој се води по стар стил , 13-ти декември  е 30-ти ноември,ден посветен на Светиот апостол Андреј – Првоповиканиот.Затоа , одиме во истоимениот манастир на Матка-Скопје.„Св. Андреја“ e манастир   лоциран  на 17 км од Скопје во клисурата на реката Треска .Андреја ,вториот  син на кралот Воклашин , ја подигнал оваа црква во 1389 година , во чест на апостолот Андреја.

 matka-andrea

Црквата Св. Андреја е комбинација на издолжен триконхос однатре и однадвор слободен крст. Северната и јужната конха  се апсиди што ја имаат намената на певници, а третата конха на источната страна е олтарна апсида, однадвор петострана. Полукружните ниши, подредеми во два реда, една над друга, ја оживуваат надворешноста на оваа мала по димензии црква.

%d1%86%d1%80%d0%ba%d0%b2%d0%b0%d1%82%d0%b0_%d1%81%d0%b2-_%d0%b0%d0%bd%d0%b4%d1%80%d0%b5%d1%98%d0%b0

 

„Св. Андреја“ е скриен  меѓу стрмните и високи карпи и претставува еден од ретките манастири во кој се зачувани повеќето натписи од времето на подигнувањето и живописувањето на црквата, значајни за нејзината историја.Во внатрешноста живописот е распоредеен во три хоризонтални зони. Притоа, изборот на композициите е намален со оглед на ограничениот простор за живописување. Фреско-декорацијата се издвојува, со своите стилски и уметнички квалитет, како и иконографските особености, од останатите споменици подигнати во Македонија во тоа време. Во натписот, северно од олтарната конха, испишани се имињата на зографите: митрополит Јован-зограф и монахот Григорие. Зографот не се држи до традиционалната иконографска шема, бидејќи во живописот не се застапени ликовите на пустиниците, Христовите чуда, сцени од животот на Богородица. Тој ги прикажува темите со поголема јасност, природност и блискост до обичниот верник. Најистакнати се композициите: „Миење на нозете“, „Тајната вечера “ и „Симнување од крстот“.

 sv-andea-matka-zivotopis

 

 

 

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/manastiri-i-crkvi/18342-vo-kanjonot-na-matka-hram-na-sv-andrej-prvopovikaniot

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
10 months ago

Вознесение Христово

     Глас четврти: Си се вознел во слава, Христе Боже наш, и си ги зарадувал учениците со ветувањето на Светиот Дух, а со благословот си ги уверил дека Ти си Син Божји, Избавителот на светот.     Четириесет дена по Воскресението, Спасителот го остварува она што го вети од почетокот. С...

Image Description
10 months ago

БОГ НИКОГАШ НЕ ГРЕШИ

БОГ НИКОГАШ НЕ ГРЕШИ                 При секоја тешкотија и искушение во животот бараме виновник. Секогаш постои некој кој е виновен за секоја мака која што се случува во нашите животи. Но, зошто кога сè оди добро, не прашуваме кој е причината за доброто во нашите животи? Никогаш не го поста...

Image Description
1 month ago

Историјата на манастирот Света Катарина - За блискоста и толеранцијата меѓу муслиманите и христијаните

 Во подножјето на Синајската гора, лежи една од најголемите христијански светости и најстариот манастир  на светот што е населен во континуитет – манастирот Света Катарина. Овој манастир опстојува повеќе од 1500 години во срцето на Синај, благодарение на една  древна  и контроверзна спогодба.Си...