За бесчувствителноста на душата и недостигот од љубов

Example Super-Admin User · 2 months ago

    5 minutes, 58 seconds

За бесчувствителноста на душата и недостигот од љубов

За бесчувствителноста на душата и недостигот од љубов

Против бесчувствителноста на душата,брате, треба постојано да читаш од божественото Писмо, заедно со умилните зборови на богоносните отци. На ова додај го размислувањето за Страшниот Божји суд, за излегувањето на душата од телото и за страшните сили со кои таа вршела зло во овој кратковремен и покајнички живот. Мисли дека веќе стоиш пред Страшниот и праведен Христов суд за да бидеш испитан не само за твоите дела, туку и за твоите зборови и помисли, и тоа пред Бога, пред сите Негови ангели и пред целото создание. Почесто сети се на одлуките кои ќе ги донесе страшниот и праведен Судија за оние кои се од левата страна: ,,Одете од Мене, проклети, во вечен оган, приготвен за ѓаволот и неговите ангели“. Добро е да размислувате и за големите човечки маки и неволји, кои им се случиле на луѓето, така што нечувствителноста и жестока душа ќе се врати во состојба на согледување.

А, недостигот на љубов кон твоите браќа настанува поради тоа што примаш помисли на сомнеж и му веруваш на своето срце, и поради тоа што не сакаш ништо да претрпиш против својата волја. Треба, со Божја помош воопшто да не им веруваш на сомневањата и со свои сили да се трудиш да се смириш пред братот, отсекувајќи ја пред него својата волја. Ако некој те навреди или, пак, те натажува, ти помоли се, како што рекле отците, како за некој што ти прави добро за излекување на твоето сластољубие. Оттука, твојот бес ќе се намали. Отците велат дека вистинската љубов ги скротува страстите, и, пред се, моли Го Бога да ти даде трезвеност и разум за да можеш да дознаеш која е добрата, угодна и совршена Божја волја, за потоа да ги даде сила да бидеш подготвен на секое добро дело.

Ава Доротеј од Газа

Source: https://www.tiveriopol.mk/za-besuvstvitelnosta-na-dusata-i-nedostigot-od-ljubov/

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
11 months ago

Научен собир на тема „Српскиот идентитет, српскиот јазик и Законот за родова рамноправност“ во Белград (17.01.2024)

  Научен собир на тема „Српскиот идентитет, српскиот јазик и Законот за родова рамноправност“ во Белград (17.01.2024 18:25)                    Неговата Светост Српскиот Патријарх Порфириј, на 16 јануари 2024 година, го отвори првиот научен собир во Националната библиотека на Србија во Белград...

Image Description
11 months ago

Значењето на хармоничниот соживот на верскиот плурализам во Кина (4)

   Н. Е. Џанг Ѕуо,Амбасадор на Народна Република Кина       Значењето на хармоничниот соживот на верскиот плурализам во Кина 4 дел   (6) Реформата и иновацијата се придонеси за хармоничниот соживот на кинеските различни религии.  Во моментов, глобализацијата се...

Image Description
11 months ago

Во „земјата Гадаринска“ пронајдени натписи на арамејски (24.12.2015)

      Во „земјата Гадаринска“ пронајдени натписи на арамејски20 декември 2015 лето ГосподовоИзраелските археолози направија восхитувачки,223983.p.jpg да не кажеме сензационален пронајдок на североисточниот дел од Тиверијадското езеро, во „Гадаринскиот крај, спроти Галилеја“ (Лука 8, 26). И...