За милостината

Свештеник Јани Мулев
„Блажени се милостивите, оти тие ќе бидат помилувани“ (Мат. 5,7).
Преку заповедите во Стариот Завет, Блаженствата и двете Новозаветни заповеди, Самиот Господ ни открива каква е нашата природа, и кој е патот да се вратиме кон нормален и природен живот, а оттаму да се издигнеме до натприроден – ангелски и светителски. Во Светото Евангелие често пати Господ се поистоветува со секој страдалник и нѐ поттикнува да Го гледаме Него во лицето на секој страдалник и да им служиме и помагаме како на Самиот Христос Господ, како што се гледа во Евангелието според Матеј (25,31-46). Кога луѓето се правдаат пред Господ и Му велат: „Господи, кога Те видовме гладен, или жеден, или странец, или необлечен, или болен, или во затвор, и не Ти послуживме?“ Тогаш ќе им одговори и рече: „Доколку не сте го направиле тоа на еден од овие најмали браќа и Мене не сте Ми го направиле“. Понатаму Самиот Христос нѐ уверува дека милостината нѐ прави подобни на Бога: „И така, бидете милостиви како што е милостив вашиот Отец“ (Лука 6, 36). „Но, давајте милостина според своите сили, тогаш сè во вас ќе биде чисто“ (Лука 11, 41). „Одете и научете се што значи: ,Милост сакам, а не жртва‘“ (Мат. 9,13). „Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, оти давате десеток од нане, копра и кимин, а сте го оставиле најважното во Законот: праведноста, милоста и верата; ова требаше да го правите, а и она да не го оставате“ (Мат. 23,23). Апостолот Павле вели дека милосрдноста е плод на Духот (Гал. 5,22).

Свети Јован Златоуст вели дека, оној кој дава милостина, на Бога му дава заем, и кога-тогаш Бог ќе му возврати. Свети Филарет Милостив го добил својот епитет затоа што давал многу милостина, дури и кога неговото семејство осиромашило, а тој ги давал и последните залихи на храна за другите, не жалејќи се себеси, ни своите. На крајот Бог го наградил за сето тоа што го дарувал, уште овде на земјата, а и на небото – со светителски ореол. Свети Мартин од Турс (Франција), уште пред да биде крстен во христијанската вера, видел еден страдалник на улица, гол среде зима, и тој без многу размислување ја расекол својата наметка на пола, и со едната половина го покрил страдалникот. Вечерта му се јавил Христос во сон, облечен во наметката на Мартин и пред ангелите рекол: „Еве, Мартин уште е огласен, а веќе Ме облече со својата наметка“, покажувајќи му дека милостината кон страдалникот е всушност насочена кон Самиот Христос. Во Старечникот читаме сличен пример за еден офицер, кој одејќи по некоја работа, на патот сретнал мртов и гол човек, па со дел од својата облека го покрил телото. По неколку дена од тој настан, пак бил испратен од царот по некоја работа надвор од градот, при што паднал од коњот и си ја скршил ногата. Со ужасни болки бил однесен во својот дом, каде што дошле лекарите и утврдиле дека ногата му е инфицирана и потемнета, па за да не се затруе целото тело, решиле да му ја отсечат. Кога му ја соопштиле таа одлука, офицерот останал сам и цела ноќ плачел поради таа вест, и одеднаш низ покривот дошол кај него еден непознат човек, кој почнал да му ја масира ногата. Одеднаш ногата му оздравела и тој станал и застанал на нозе. Кога го прашал кој е тој, непознатиот му ги покажал облеките, и тогаш офицерот се сетил дека со тие облеки го облекол мртовецот. Тогаш човекот му кажал дека поради милосрдното дело Бог го испратил кај него за да го исцели и тогаш исчезнал. Во житието на свети Арсениј Пароски читаме за едно сведоштво од Елени Деварија, која во времето на голема сиромаштија многу често одела во женскиот манастир, кај што свети Арсениј бил духовник, и им помагала на сестрите. За возврат сестрите ѝ давале некои продукти за благослов. Еден ден светиот Арсениј ја запрашал, дали дава милостина некому од тие продукти кои ѝ ги даваат сестрите, а таа одговорила дека немала таква прилика. Тогаш тој ја советувал дека, ако види старец изнемоштен, гладен човек или гладно дете, задолжително да им даде храна. Таа земала благослов од старецот и со осумте лебови што ѝ ги дале сестрите си заминала. Веднаш штом излегла од манастирот видела гладен старец, па му дала еден леб. Понатаму видела едно бедно рибарско семејство, па им дала 2 леба. Понатаму видела гладно дете и му дала еден леб – токму така како што ѝ кажал старецот. Кога стигнала дома, ја отворила торбата и видела дека пак има осум лебови. Бог ѝ ги умножил! Старец Никон Светогорец во една своја беседа раскажува за еден свештеник, кој многу страдал поради смртта на својата ќерка. Свештеникот имал роден брат – капетан на брод, кој бил атеист и со кого долги години не комуницирале. Кога разбрал капетанот дека умрела неговата внука од брат, тој купил една риба од некој рибар, и му ја дал на некој просјак, и само си помислил во умот, дека милостината е за покој на внуката. По неколку дена, после долго време, му се јавил неговиот брат – свештеник, и му рекол дека ја сонувал ќерка си и таа му рекла да му се јави на чичко ѝ и да му се заблагодари за рибата. Тогаш капетанот се скаменил, бидејќи не верувал во Бог и во вечен живот, а и никому не кажал за милостината за покој на внуката…

Но, во секојдневието се соочуваме со многу измамници, кои по патиштата, пред црквите седат и просат, а потоа се коцкаат, се опиваат и ја злоупотребуваат добрината на верниците. Во една прилика светиот Никола Планас – Атински, додека одел на водосвет низ улиците во Атина, придружуван од познатиот писател Александар Пападијамандис, познат како грчкиот Достоевски, му дошол некој просјак кој се преправал дека е инвалид и му барал пари. Светиот Никола без размислување ги извадил сите пари од џебот, кои му ги давале луѓето, и сите му ги дал на просјакот. Пападијамандис го предупредил, бидејќи тој човек го знаеле дека е измамник. Светителот му одговорил дека знае за тоа. По некое време, во друга улица, пак излегол пред нив истиот и пак им барал пари. Пападијамандис му кажал дека е истиот, но светителот од другиот џеб ги извадил сите пари и му ги дал на просјакот. По третпат дошол истиот просјак и пак куцајќи со ногата барал пари. И светителот пак му ги дал сите пари. Тогаш Пападијамандис веќе збеснат од гнев му се развикал: „Па добро, отче, нели гледаш дека е истиот, дека е со иста облека и иста гримаса? Нели гледаш дека цело време те лаже?“ Тогаш светиот Никола Планас му одговорил: „Молчи, благословен, тоа е Христос и нѐ испитува!“ Сепак, подобро е да сме повеќе претпазливи, оти ако сме невнимателни и наивни, може да ни се случи и некое зло во такви ситуации.
И во моето скромно искуство како свештеник често се изненадувам од исповедите на луѓето, не од гревовите, туку од добродетелите на многумина „незнајни и незначајни“ луѓе. Во време на застрашувачка себичност и нечовечност, околу нас живеат луѓе кои тајно помагаат на сиромашни семејства, бабички кои секој месец издвојуваат средства од скромните пензии за да помогнат некому анонимно, луѓе кои секој ден читаат акатист кон Пресвета Богородица или кон некој друг светител, луѓе кои анонимно финансираат црковни хуманитарни акции и организации, луѓе кои даваат огромни средства за операција на деца или млади луѓе, без да бараат благодарност од некого, луѓе кои тајно помагаат во изградба и реновирање на цркви и манастири. Тоа се големи луѓе пред Господ, чии што добри и големи дела никогаш нема да бидат регистрирани од фотоапарати и камери, чии што имиња никогаш нема да бидат запишани и пофалени јавно, но ќе бидат запишани во Книгата на животот. Тоа е милостина Богоугодна, затоа што е направена без желба за себепромовирање, не од суета, туку само заради Христос.
„Во последните времиња луѓето ќе се спасуваат со љубовта, смирението и добрината. Добрината ја отвора вратата на Рајот, смирението воведува внатре, а љубовта Го покажува Бога. Во последните времиња приврзаниците на антихристот ќе одат во црква, ќе се крстат и ќе ги проповедаат евангелските заповеди. Но не им верувајте на оние, кои немаат добри дела. Само по делата може да се препознае вистинскиот христијанин“ – нѐ подучува современиот грузиски светител, преподобен Гавриил Ургебадзе. На крај, да не ги оставаме и занемаруваме основните добродетели – постот, молитвата, исповедта и Причестувањето со Телото и Крвта Христови, но ниту да стануваме задоволни од својот минимум, туку сите подвизи и сите добродетели да нѐ водат кон заедница со Христа, кон очистување и омекнување на срцето, за да можеме полесно да простуваме и да добиеме прошка, да даваме милостина, особено на болните и немоќните, а сето тоа да го правиме без да очекуваме благодарност или награда, туку исклучиво заради Христос, и тогаш ќе ги исполниме зборовите Христови: „Ако сте го направиле тоа на некој од Моите најмали браќа, Мене сте Ми го направиле“.
Православна светлина бр. 73

Напишете коментар

Source: https://crkvaveles.wordpress.com/2025/04/30/%D0%B7%D0%B0-%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0/
Напишете коментар