ЗА ПРИЧЕСТУВАЊЕТО (1)

Example User · 11 months ago

    1 minutes, 42 seconds


Кога се говори за Литургијата, неминовно треба да се опфати и прашањето за причестувањето: имено, колку пати треба да се причестуваме и како да се подготвуваме за тоа? Поаѓајќи од содржините на литургиските молитви, очигледно е дека смислата и целта на Литургијата е самото причестување. Причестувањето на секоја Литургија било норма во раната Црква. Св. Василиј зборува дека во нивната област во негово време (4 век) се причестувале 4 пати во неделата…

Околу расправиите за ова прашање, Цариградскиот собор од 1819 г. донел одредба: „А за Божествената и Света Причест, бидете сигурни и знајте, дека должни се сите благочестиви христијани на секоја свештена Мистагогија (света Литургија) да пристапуваат и да се причестуваат со живототворното Тело, заради што и се повикуваат од свештеникот со возгласот: Со страв Божји, вера и љубов пристапете. За оној човек што е колеблив и неспособен да се причестува секој ден, на таквиот Црквата му порачува и му налага, да пристапува кон Светата Причест тогаш, кога откако ќе се исповеда кај својот духовен отец, се најде себеси достоен за Света Причест и добие од духовниот отец благослов. Ако, пак, се покаже престапник и се подложи на епитимија, во покајание и солзи да ја извршува претходно наложената епитимија, а потоа повторно доаѓајќи кај својот духовник, да добие разрешување и така да се удостои за Божествената и Света Причест, за која не постои определување во денови. Ниту 40 дена треба да поминат од пристапувањето кон Божествените Тајни, зашто тоа е слободно и непречено, и кој сака да добие дозвола од духовникот, како оној кој е без престап, дозволено му е да се причестува и секоја недела, и за ова ниту постои ограничување, ниту апостолско правило“. Оваа одлука ги потврдува веќе постоечките канони на Православната црква.

Значи, во идеалот, сите верни треба да се причестуваат на секоја Литургија, затоа што преку неа го остваруваат своето членство во неа. Еве еден, можеби недостоен, пример: ако сме членови на некој клуб или здружение, па некое време не ги исполнуваме своите обврски кон него или не плаќаме членарина, нашето членство автоматски ќе биде прекинато. Така и со Причеста, ако не се причестуваме одреден период, со самото тоа се изопштуваме од заедницата на Црквата, која е Телото Христово. Друга работа е тоа, што не секогаш сме подготвени за причестување.

(продолжува)

Претходно: За Литургијата

Г.Г.

 

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/katihizis/21627-za-prichestuvanjeto-1

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
11 months ago

КРСТОТ И ЉУБОВТА СЕ СИНОНИМИ

Многупати со олеснување гледаме на Крстот, мислејќи дека Христос се распна и се радуваме, затоа што нема да доживееме нешто слично, бидејќи ќе се насладуваме во еден живот каде што „се ќе врви добро“. Друг пат сме рамнодушни и Го повикуваме само кога доживуваме болка и тогаш велиме дека носиме крст.

Image Description
2 years ago

Ватопедска чудотворна икона на Богородица Парамитија (Утешителка)

Ватопедска чудотворна икона на Богородица  Парамитија (Утешителка) ИКОНАТА КОЈА ГО ПРОМЕНИЛА СВОЈОТ ЛИК        Преданието раскажува дека во 807 година на Света Гора дошле банда од морски разбојници. Тие имале намера в`зори, после отворањето на капијата да влезат во Ватопед,  да ги заколат м...

Image Description
11 months ago

Старец Арсениј Папачок: „Не ги осудувајте свештениците!“

(Обновено) 27 јули 2015 "Критиката е дозволена, но осудувањето на свештеници не е. Според поговорката [романска, м.з.], да се критикува некого или нечија работа е исто како да се стави венец околу неа, и тоа е добра работа. Но, да се осуди еден клирик, да се суди во контекст кога сите сакаат...