За смирението (1)

Example User · 1 month ago

    0 minutes, 52 seconds


smirenie1

Старците кажуваа: некогаш во Скитот биле дадени малку смокви и од нив, како безвредни, не му испратиле на ава Арсениј, за да не го прими тоа како навреда. Кога старецот слушнал, не отишол во општото собрание на молитва, велејќи: вие ме одделивте, за да не ми дадете од благословот што Бог го испратил на браќата и којшто не бев достоен да го добијам. Сите го слушнале тоа и добиле полза од смирението на старецот. По ова, презвитерот отишол и му однел од смоквите и со радост го довел во општото собрание на молитва.

Раскажуваа за оксиринхскиот епископ, по име Апфиј: кога тој бил монах, водел строг живот, кога станал епископ, сакал да има иста таква строгост и во светот, но не можел. И се пожалил на Бога, велејќи: зар поради епископството од мене отстапи благодатта? И му било откриено: не! Но тогаш ти беше во пустина, и бидејќи таму немаше ниту еден човек, затоа Бог ти помагаше, а сега си во светот, и луѓето ти помагаат.

Ава Исаија рекол: кога служиш Литургии, ако ги твориш како недостоен – во смиреномудреност, тогаш тие се угодни на Бога. Но, ако во твоето срце навлезе некоја горда помисла и остане таму или, пак, си спомнеш за некој друг, којшто е дремлив и безгрижен, па го осудиш, тогаш знај дека твојот труд е залуден.

Source: http://mistagogia.mk/za-smirenieto-1/

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Зошто се јавуваат психичките болести?- Какви духовни проблеми можат да бидат причина за тоа?

Секако кога ќе ја отвориме оваа материја ќе најдеме мноштво гранки кои ќе го дефинираат дадениот одговор. Овој свет наместо да тргне од тоа да го анализира одговорот кој го дадовме и да се праша што е тоа духовен живот, духовно раководење по Евангелие, Светите Отци, или домостројот на спасение во

Image Description
1 month ago

Светителите не се вонземски битија – Од библиографија до агиографија

Светителите не се езотерични, вонземски битија, туку конкретни луѓе од крв и месо – прави, целовити и вистински личности – кои преку макотрпни деноноќни богочовечки подвизи човечката егзистенција ја издигнале на повисоко ниво на постоење. Тоа се неверојатно едноставни и обични личности, но истовреме...

Image Description
3 years ago

Митрополит Николај Месогејски: Трансхуманизам и обожение – I дел

Најпрвин да видиме што е тоа трансхуманизам. Од Википедија прочитав дека трансхуманизмот е меѓународно интелектуално движење, чија што цел е да ја преобрази човечката состојба, преку развивање и создавање на широко достапни софистицирани технологии за значително да ги зголеми човечките интелектуални...