ЗА СУДЕЊЕТО – се осмелив да осудувам човек во свештен чин! (Св. Гавриил Ургебадзе )

Example Admin User · 3 years ago

    1 minute, 45 seconds


ЗА СУДЕЊЕТО – Св. Гавриил Ургебадзе

Врз Св. Гавриил неправедно била наложена епитимија 35 години да не смее да служи Литургија.

За себе го раскажувал ова:

„Кога бев млад, слушнав за свештеник кој се опивал. Не го познавав, но реков:

Тој е недостоен да претстои пред Господовиот олтар!

 Самиот живеев како незнабожец, а се осмелив да осудувам човек во свештен чин! И Господ ми покажа кој е недостоен.

Отстранет сум од Него веќе триесет и пет години. Често во сон се гледам себеси како принесувам Свети Дарови, но можеби и ќе умрам, а никогаш повеќе да не отслужам ни една Литургија.”

Ова го зборувал со насолзени очи. А потоа ги повторил зборовите на Јов:

„Господ даде, Господ зеде. Нека е благословено Името Господово!”

Отец Гаврил претпел многу маки од своите мачители, но никогаш никого не осудил.

Тој строго им забранувал на своите духовни чеда да судат било кој и вака ги поучувал:

’’Ако видеш убиец, или блудница, коишто се валкаат во калта, никогаш не ги осудувај, зашто Самиот Бог им ја отпуштил уздата, а твојата ја држи во рака.

Ако реши да ја отпушти и твојата, ти ќе се најдеш дури и во полоша состојба и ќе паднеш во уште поголем грев од на оној што го судиш, и ќе загинеш…

Треба да ги сакаме сите, но ако не можеме, тогаш барем да им посакуваме добро.

Сè она што е лошо во човекот е небитно. И вие, младите, не презирајте никогаш никого, дури и кога ќе видите луѓе какви што денес има сè повеќе – луѓе за очи страшни, нечисти, пијани и навредувачи.

Божјиот лик е зачуван дури и во нив, на едно подлабоко ниво, за кое можеби ниту самите тие не се свесни. Едноставно, непријателот го извлакал овој лик и го покрил со нечистотија, како што и иконата може да биде извалкана.

Но, ако дојде во добри раце, ќе биде исчистена и ќе почне да сјае и зрачи.

Ако мразиш макар само еден човек, во неговото лице го мразиш и самиот Христос и далеку си од Божјото Царство…

Во последните времиња љубовта, смирението и добрината ќе ги спасуваат луѓето.

Добрината ги отвора вратите на Рајот, смирението воведува во Рајот, а љубовта ќе ни го покаже Бога.

Тешко е да се види Божјиот лик во луѓе што ве понижуваат, кои се појавуваат во ѕверски лик.

Но, нив мора уште повеќе да ги жалиме, зашто душите им се осакатени, можеби непоправливо – за вечно мачење. Колку е тешко тоа – да се љубат своите непријатели; о, колку е тешко!

За да се научи тоа – треба целиот живот да се освети. Но, во таквата љубов, човек се уподобува на Распнатиот Бог.”

Извадок од житието. Извор:

Source: https://pokajanie.mk/2020/12/14/30168/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Отечки изреки (5)

Подобро е да јадеш месо и да пиеш вино, а да не го јадеш братот со клевета. ава Иперхиј Имаше еден човек што јадеше многу и сè уште беше гладен, и друг што јадеше малку и беше наситен. Оној што јадеше многу и пак беше гладен прими поголема награда од оној што јадеше малку и се наситуваше. отечка изр...

Image Description
3 years ago

Ретроспектива (2005-2020):СВ. ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

    Древноста ни заветувала блед, скромен и различен животопис за „светилникот на Сирија и учителот на вселената“ – било поради посебното време, било поради оддалечената епоха, било поради исклучителното смирение. Разликата помеѓу грчките и сириските животописци за свети Ефрем се однесува...

Image Description
3 years ago

Депресијата и нејзиниот корен

Се вели дека депресијата е болест на модерниот човек, притеснет помеѓу големите желби и вештачки направените потреби и неможноста за нивно задоволување. Депресијата е состојба на безутешност. Всушност, таа има проблем со утехата на душата. Решение за тоа е луѓето да се вра...