Зошто се поздравуваме со „Христос се роди“

Example Super-Admin User · 3 months ago

    1 minutes, 31 seconds


 Зошто се поздравуваме со „Христос се роди“




Кога велиме: Христос се роди, исто е како да кажеме: Месијата се роди, или Царот се роди, или Спасителот се роди! Поздравувајќи се така ние тврдиме и еден на друг сведочиме, дека дојде во светот Оној Кој требаше да дојде заради спасение на родот човечки, и дека друг освен Него не треба да чекаме. Оној, кого Бог им го вети на нашите прародители изгонети од Рајот; кого што незнабожните народи и племиња темно го насетувале; кого што еврејските пророци јасно го прорекоа; по Кого беспомошното човештво илјадници години болно воздивнуваше - тој заблеска на земјата како сонце после долга ноќ. И така кога ќе кажеме: Христос се роди, ние сведочиме, и дека Севишниот си го одржал своето ветување, и дека навестувањата човечки се исполнија, и дека пророштвата на пророците се исполнија, и дека воздишките човечки се згаснати со радост. Месијата се роди, Најчудесниот, истовремено Човек и Бог - та уморните очи човечки да се одморат на Него и да не погледнат кон друг Месија.

Царот се роди, Најсилниот, истовремено со жезолот на моќта и кандилото на милоста - и најмалите да се исправат и воскликнат: ние сме царски деца!


Јунак се роди, Непобедлив, да ги одбрани праведните, да ги освои грешните, да ги сруши духовите на поднебесната злоба.

Патеводител се роди, Највидовитиот, да ги изведе залутаните и да ги поведе. Просветител се роди, Најпросветен, да го растера мракот и да ги просвети помрачените. Пастир се роди, Најгрижлив, за да го спаси стадото од волците и да го прибере во Своето трло. Хранител се роди, Најбогат, за да ги нахрани гладните, не со земја, туку со небо, со Своето небесно тело и пламена Своја крв.

Човекољубител се роди, најредок, да ги прегрне на Своите гради и да ги оживи со Својата љубов Своите безбројни сираци, кои долго чекореа од гробот на животот во гробот на смртта.

Откровител се роди, најголем, за да ја повлече завесата и да им го открие на смртните своето бесмртно Царство Небесно.


Сето тоа го означуваат овие прекрасни зборови, со кои христијаните се поздравуваат на Божиќ и со кои и јас - вас, браќа, ве поздравувам:


ХРИСТОС СЕ РОДИ!


Свети Николај Велимировиќ


Source: https://poukinasvetitestarci.blogspot.com/2025/01/blog-post_28.html

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
10 months ago

Светиот Свештеномаченик Лукијан, прв просветител на Белгија

Протојереј Златко Ангелески Црквата го слави неговиот спомен на 3 Јуни (?-96; латински: Lucian) Светиот свештеномаченик Лукијан најпрво живеел во Рим, а додека бил јазичник се викал Лукиј. Од апостол Петар бил просветлен со светлината на Христовата вера и примил крштение. По смртта на апостоло...

Image Description
7 months ago

Најголемата молитва...

 Најголемата молитва Мирот доаѓа од утробата Божја и ни се нуди. Тој секогаш го надминува умот и ги чува нашите срца.Тоа е, како што вели Свети Николај Кавасила: плод на сите човечки доблести и сета филозофија.Кога ќе добиеме мир, ги добиваме сите добра и немаме потреба.Затоа мирот е единствениот и...

Image Description
10 months ago

Синаксар на светата и Велика сабота

Стихови:Попусто го чуваш гробот, стражо, Зашто тој не може да го задржи самиот Живот. Во светата и Велика Сабота го празнуваме боготелесното погребение и слегувањето во адот на Господ Бог и Спасителот наш Исус Христос, Кој нашиот род од распадливост го повика кон вечен живот. Светата Чети...