Зворник во знак на духовно единство: заедничка богослужба на Митрополитите на Македонската и Српската православна црква

Example Super-Admin User · 9 months ago

    2 minutes, 53 seconds


Во знакот на единството и духовната радост, во Стариот храм во Зворник, Босна и Херцеговина, на Иванден, 7 јули 2024 година беше отслужена Света архијерејска Литургија по повод празникот Рождество на свети Јован Крстител. Литургијата ја служеа Преосвештените митрополити г. Петар Преспанско-пелагониски, администратор на Австралиско-новозеландската епархија и домаќинот г. Фотиј Зворничко-тузлански од Српската православна црква. Сослужуваа голем број свештеници, а меѓу многубројниот верен народ кој се собра на празникот беше и градоначалникот на Зворник.

Митрополитот Фотиј во својата беседа се обрати на собраниот народ, нагласувајќи го значењето на свети Јован Крстител како последниот пророк на Стариот Завет и првиот пророк на Новиот Завет: „Неговиот подвиг и евангелско дело мораме секогаш да ги имаме на ум, бидејќи тој е последниот пророк на Стариот Завет и првиот пророк на Новиот Завет, кој го најави доаѓањето на Спасителот. Кога многу луѓе дојдоа на Јордан да се крстат, меѓу нив беше и Господ Христос. Другите не го препознаваа додека Свети Јован не покажа на Него, велејќи: ’Еве го Јагнето Божјо кое ги зема гревовите на светот’. Свети Јован ни е учител на смирението, покајанието и подвигот. Живееше во пустината во скромност и испосништво, носејќи облека од камилска коса. Неговото големо смирение и дело во историјата на Црквата се непроценливи. Иако луѓето мислеа дека тој е Месијата, свети Јован смирено зборуваше дека не е тој Христос, туку дека по него доаѓа посилниот од него, кому не е достоен ременот на обувките да му го одврзе. Тој е учител на покајанието и вистинскиот духовен живот, кој нѐ упатува на самиот Христос.“

Понатаму, Митрополитот Фотиј, му се обрати на владиката Петар, говорејќи за воспоставувањето на црковното единство: „Исто така, сакам да му се заблагодарам на нашиот почитуван митрополит Петар од Битола. Тој одигра важна улога во повторното воспоставување на единството помеѓу Српската и Македонската православна црква. Како член на Синодот и учесник во преговорите, можам да кажам дека тоа е голема победа за Православието. Овој подвиг на единството е дело на Светиот Дух и Црквата Божја. Нашиот митрополит Петар е човек со цврста вера, кој заедно со другите архијереи, издржа притисоците на времето на комунизмот и безбожништвото. Сите кои учествуваа во овој процес се апостоли на нашето време, носејќи го духот на љубов и единство. Му благодарам на Бога што митрополитот Петар е денес со нас, водејќи нѐ во овој празник и служејќи ја светата Литургија. Го поздравувам како брат и ученик пред учителот, молејќи го со неколку зборови да го благослови нашиот српски православен народ во епархијата Зворничко-тузланска.“

Митрополитот Петар, во својата беседа, ја нагласи важноста на љубовта и братството помеѓу Српската и Македонската православна црква: „Денес покажавме на дело дека љубовта меѓу Српската и Македонската православна црква е бесмртна“ – рече тој, додавајќи дека во Зворник се чувствува како меѓу својот народ.

Беседата на Неговото Високопреосвештенство г. Петар во целост ја пренесуваме во следниот видео запис:

За време на литургијата, градоначалникот на Зворник, г. Бојан Ивановиќ, беше одликуван со Орденот Свети Сава кој го доделува Светиот архијерејски синод на Српската православна црква, во знак на признание за неговото активно учество во животот на Црквата на територијата на Епархијата Зворничко-тузланска.

После литургијата, се одржа свечена литија околу храмот, по што беа осветени славските дарови и беше скршен славскиот колач.

Прославата продолжи со трпеза на љубовта, во духот на празничната радост и заедништвото.

Извор: https://www.eparhijazt.com/sr/news/vijesti-iz-eparhije/bogosluzenja/7248.zvornik-u-znaku-duhovnog-jedinstva-zajednicka-sluzba-mitropolita-srpske-i-makedonske-pravoslavne-crkve.html

The post Зворник во знак на духовно единство: заедничка богослужба на Митрополитите на Македонската и Српската православна црква appeared first on Литургија.мк.

Source: https://liturgija.mk/aktuelno/mpc/zvornik-vo-znak-na-duhovno-edinstvo-zaednichka-bogosluzhba-na-mitropolitite-na-makedonskata-i-srpskata-pravoslavna-crkva/

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
6 months ago

Колку е голема моќта на крстот!

 Колку е голема моќта на крстот!Колку е голема моќта на крстот! Затоа што, се разбира, Распнатиот Христос е на него.Затоа нема ништо поскапо од вашиот крстен крст! Тој е благословен во твое име и не го давајте на никој друг. Не го симнувај тој крст ниту за момент. Ниту кога се капете, со образложени...

Image Description
6 months ago

СВЕТИ ЈОВАН МИЛОСТИВ, МОНАХОТ, БЛУДНИЦАТА И ДЕТЕТО!...

 СВЕТИ ЈОВАН МИЛОСТИВ, МОНАХОТ, БЛУДНИЦАТА И ДЕТЕТО!Еднаш двајца монаси пристигнаа во градот Тир, несомнено извршувајќи некоја служба. Еден од нив, кога одеше од место до место, го следеше една блудница по име Порфирија, плачејќи: Свети оче, спаси ме, како што некогаш Исус Христос ја спасил проститу...

Image Description
5 months ago

Но, ако размислиме во каква положба го доведуваме Бога со нашите страсти...

 Но, ако размислиме во каква положба го доведуваме Бога со нашите страсти... Многумина го земаат молкот Божји како знак дека Бог „не постои“, „умре“.Но, ако размислиме во каква положба го доведуваме Бога со нашите страсти, тогаш би виделе дека Тој нема друг избор освен да молчи.Го молиме Него да не...