Амин! (Александар Шмеман)

Example Admin User · 3 years ago

    1 minute, 42 seconds


Така се вративме таму од каде што почнавме, од каде што почнува самата Евхаристија, на благословувањето на царството Божјо.

Што значи тоа да се благослови Царството?

Тоа значи дека го признаваме и го исповедаме како наша највисока и крајна вредност, предмет на нашата желба, на нашата љубов и надеж, како „живот на животот”.

Значи дека го прогласуваме за цел на светата тајна, на патувањето, издигнувањето и на влегувањето што почнува.

Тоа значи дека мора да ги насочиме своето внимание, ум, срце и душа, т.е. сиот наш живот кон тоа што навистинa e ‘единствено потребно’.

Конечно, тоа значи дека сега, веќе во „овој свет”, ja исповедаме можноста за заедница во Царството, за влегување во неговата светлина, вистина и радост.

Секогаш: кога христијаните „се собираат како Црква” сведочат пред целиот свет дека Христос e Цар и Господ, дека Неговото царство му e веќе откриено и дарувано на човекот и дека почнал еден нов и бесмртен живот.

Затоа литургијата почнува co тоа свечено исповедање и славословие на својот Цар што доаѓа сега, но престојува секогаш и царува во сите векови.

„Време е да My се служи на Господа”, му објавува ѓаконот на претстојателот.

Тоа не e само потсетник дека сега e „добро” или „погодно време” за извршување на светата тајна.

Тоа e потврда и исповедање дека новото време, времето на царството Божјо и неговото исполнување во Црквата, сега влегува во паднатото време на „овој свет”, за ние, Црквата, да можеме да бидеме издигнати на небото и таа да се преобрази во „тоа што е”, Тело Христово и храм на Светиот Дух.

„Благословено е царството на Отецот и Синот и Светиот Дух…”

Амин, одговара народот.

Овој збор обично се преведува co „нека биде така”, но неговото значење е посилно од ова. Означува не само согласување, туку и активно прифаќање.

„Да, така e и нека биде така”.

Co овој збор соборот ја завршува и како да ја запечатува секоја молитва што ја изговара претстојателот, co тоа изразувајќи го своето органско,

одговорно и свесно учество во сите и во секое, во единственото свештенодејствие на Црквата.

„Ha тоа што сте, кажете Амин”, пишува блажениот Августин, „и така запечатете го co својот одговор. Затоа што слушате „Телото Христово” и одговарате co Амин.

Бидете членови на Телото Христово коешто се остварува co вашето Амин… Свештенодејствувајте го тоа што сте”.

Пренесено од книгата “Евхаристија” на Александар Шмеман

Подготви М. Даниловска

Source: https://pokajanie.mk/2020/09/04/29179/

Share:

Example Admin User

Error facere repudiandae qui aut quia. Nihil incidunt at maiores earum voluptates saepe modi. Aut recusandae qui fuga quaerat iure. Doloremque praesentium inventore natus. Aspernatur doloremque iste voluptas placeat. Incidunt qui quia enim ducimus asperiores aliquam doloribus. Aut voluptatem voluptas earum ducimus neque laboriosam sint.

All author posts

Related Posts

Image Description
1 month ago

Децата и виртуелниот свет

Затоа воспитанието започнува од рана возраст, детето треба да се научи да има високи критериуми – естетски и духовни. Ако го предадеш детето уште од мало на телевизијата, таа ќе го смачка. Телевизијата, којашто работи со најгрубите инстинкти на човекот, го ужасува и го смачкува преку агресија, или п...

Image Description
3 years ago

УБИВАЊЕТО НА БЕСПОМОШНИТЕ -геноцид без преседан и аналогија!

УБИВАЊЕТО НА БЕСПОМОШНИТЕ! Секаде го слушаме зборот мир, но тоа е лага, тоа е гнасно лицемерие. Тоа е еден од зверските ликови на современиот цивилизиран свет. Околу нас се случува војна, непрестаjна и окрутна, во која нема примирје или свршеток, каде нема победник и победени, туку постојат само џел...

Image Description
3 weeks ago

Имајте среќен ден и живејте го животот како шесте приказни

1) Еднаш, сите селани решија да се молат за дожд. На денот на молитвата се собра целиот народ, но дојде само едно момче со чадор. Ова е ВЕРА.2) Кога ги фрламе бебињата во воздух, тие се смеат бидејќи знаат дека ќе ги фатиме. Ова е ДОВЕРБА.