Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Example User · 1 month ago

    3 minutes, 32 seconds


Тример (06.03.2022 17:18)

TViTer100.A

          Влегуваме во периодот на Големиот пост. Почнуваме со ’тримерот‘. Во Црквата Божја ова не е само период со некој посебен ред и правила, ова е, пред сè, период на посебна благодат.

Знаеме дека овој период на посебна радост е Божји дар во кој целиот наш подвиг полесно го доживуваме. Полесно постиме, полесно се молиме, полесно простуваме, полесно ја живееме тајната на севкупното покајание. Гледате ли каква антиномија е тоа – тешко, а лесно?

Кога некој би побарал од мене со еден збор да го опишам овој период, а посебно првите три дена, јас би го употребил за таа цел зборот ’слобода‘. Тоа е чувството што ме прозема и што го доживувам секој пат на почетокот од светата Четириесетница. А, без слобода нема ни личност ни личносни односи. Без слобода нема ни љубов.

            Сепак, најнапред треба да се ослободиме од робувањето на нашите страсти, односно да се ослободиме од робувањето на гревот, смртта и ѓаволот. Ова сите го знаеме. Но, видете го овој предвкус на слободата којшто ни го дарува Бог во првите три дена. Видете ја оваа радост. Повеќето од нас ниту нешто јадеме ниту нешто пиеме. Кога светот ќе слушне за ова, просто не верува дека е ова возможно.

Но, дали е сè во нејадењето и во непиењето? Нормално не е. Постот е, пред сè, во смирението – како нашиот ум од горд, расеан и затемнет да го преобразиме во смирен, собран и просветлен.

Сите што имаме опит од ’тримерот‘, знаеме дека колку повеќе од времето поминуваме во исполнување на послушанието дадено од нашиот духовен отец и колку повеќе од времето поминуваме во молитва и читање на Светите отци, толку полесно и порадосно ги поднесуваме гладот и жедта. И обратно, колку повеќе сме расеани и зафатени со обврските од овој свет, толку потешко ни паѓа телесниот пост.

            Оние, пак, што се вратиле во домот на својот Небесен Отец, односно оние кои молитвено влегле во своето срце, можат да ви посведочат дека ниту жед ниту глад чувствуваат, и не само во тие три дена туку многу повеќе. Богочовекот Христос вели: „Не само од леб ќе живее човекот, туку и од секој збор што излегува од устата на Бог“ (Матеј 4, 4). Тоа значи дека вистинскиот живот на човекот произлегува од благодатта Божја.

Божјата благодат била главното јадење и пиење, и облека на Отците од пустината, на чии неверојатни подвизи се восхитуваме. Ги имаме примерите во житијата на Светите отци. Во нашите денови го имаме примерот на преподобниот Отец Гаврил, епископот Велички. Но, пред сè, го имаме примерот на нашиот Господ Богочовекот Исус Христос, Кој четириесет дена ништо не јадеше во пустината (види: Лука 4, 2; Матеј 4, 2).

            Значи, деца, послушанието и молитвата, посебно за нас монасите, се единствената основа на која се крепи нашиот подвиг на постот како севкупно ослободување од страстите (и од славољубието и од среброљубието), а не само како ослободување од телесните страсти (од сластољубието). Тоа е одликата на вистинскиот пост. Инаку, сè друго мириса на суета и демонска гордост.

Затоа кога учениците Го молеа да јаде, Христос им одговори: „Јас имам храна за јадење што вие не ја знаете“. А кога учениците зборуваа меѓу себе: „Да не Му донел некој јадење?“, Исус им ја открива тајната: „Мојата храна е да ја исполнувам волјата на Оној Кој Ме прати и да го извршам Неговото дело“ (Јован 4, 32–34). Тоа е и Христовата и нашата вистинска храна.

А Божјото, односно Христовото дело е спасението на човекот и светот, кое Тој го извршува и го извршил во и преку Своето Тело – Црквата, преку нас, христијаните. Затоа најголемиот израз на синергија (содејство) со Бог како и на креативноста на секој христијанин се состои во посовршено исполнување на Божјата волја и во посовршена молитва за сите луѓе. Во тоа се состои и соборната димензија на христијанскиот живот и, посебно, на подвигот на постот.

            Гледате, од сето ова погоре кажано, колку подвигот на ’тримерот‘ личи и одговара на моментот кога пред Светото Крштение се одрекуваме од сатаната и од сите негови мисли, зборови и дела, од сета негова гордост и од сите негови помошни сили.

Гледате ли колку подвигот на ’тримерот‘ го објаснува монашкото одрекување од светот како смрт за овој свет, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва?

Гледате ли колку периодот на ’тримерот‘ е и икона на Царството Небесно, каде што Богочовекот Христос на сите им е сè, па дури и вистинско јадење и пиење?

Затоа, подвигот на ’тримерот‘ значи и возобновување на заветите што сме ги дале при Светото Крштение, значи и возобновување на монашките завети и подвиг, и значи возобновување на надежта за Царството Небесно внатре во нас.

Истото важи и за ’вториот тример‘, за периодот од Великиот Четврток до крајот на Великата Сабота.

И да не заборавиме, се воздржуваме за да одделиме од нашите усти за оние што немаат. Пост без милост е ништо; а може да биде и демонска работа. Бог бара милост, а не жртва. Поточно, жртва заради правење милост.

            Христос воскресе!

Митрополит Струмички Наум

 

 
    
    

 
     

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/besedi/24841-06-03-2022

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
10 hours ago

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

       Во деновиве во кои, согласно светите Канони, се причестуваме секој ден, сакам да ве потсетам на една димензија од оваа Света Тајна која како да е малку подзаборавена. Сите знаеме дека се причестуваме со Христос; притоа, нашата намера треба да биде – да Му се дадеме Нему, а не да бараме...

Image Description
10 months ago

Епископ г.Јаков: Секој автентичен Христијанин е продолжување на Христос низ вековите и низ историјата

Вести МПЦ – ОА Православен Свет Беседи Богословие Поуки Култура Уметност Поетско Катче Останато Детско Катче Наука Здравје Прашање до свештеник Медија Контакт...

Image Description
4 years ago

Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Молитва за цел свет (05.09.2020 15:38) Еднаш порано ви реков: доколку веруваме и знаеме дека ние сме никој и немаме ништо, а дека Господ Исус Христос ни е сѐ – и што сме и што имаме, тогаш свесноста за оваа наша состојба ја покажуваме единствено со подвигот на постојано собирање и држење на умот во...