Ава Арсениј за смирението

Example User · 2 years ago

    0 minutes, 33 seconds


smirenie2

Некогаш кај ава Арсениј во ќелијата дошле демоните и го вознемирувале. Прислужниците се приближиле до него и, застанувајќи надвор од ќелијата, го слушале како повикува кон Бога и вели: Боже! Не оставај ме, не направив ништо добро пред Тебе, но по благодатта Твоја, дај ми да поставам (нов) почеток.

За него го говореле и ова: како што никој во царскиот двор не носи поубава облека од царот, така и во црквата никој не облекувал полоша облека од него.

Кога еднаш ава Арсениј прашувал некој египетски старец за своите помисли, тогаш еден друг, кога го видел, рекол: ава Арсениј! Како ти, кој ја познаваш сета римска и грчка наука, прашуваш за своите помисли кај овој неписмен? Арсениј му рекол: римската и грчката наука ја знам, но азбуката на овој (неписмен) сè уште не сум ја научил.

Source: http://mistagogia.mk/ava-arsenij-za-smirenieto/

Share:

Example User

Sit illo et occaecati blanditiis minus. Explicabo quia eius porro earum quis. Et nesciunt et nobis autem aut quod dolorem. Cumque est quas provident nemo nihil. Perferendis sequi in ipsa consequatur voluptatibus voluptatem. Sed assumenda ut cupiditate. Saepe et fuga maiores optio. Doloribus ea iusto dolore. Sed deserunt suscipit reprehenderit magni voluptatibus dicta. Unde aliquam sunt deserunt itaque. Nesciunt tempore molestiae qui et distinctio. Dolor quae aliquam nobis minus.

All author posts

Related Posts

Image Description
2 weeks ago

Христос е Оној кој го има последниот збор

Христос е Оној кој го има последниот зборОна што е најбитно за нас христијаните и најважно да знаеме е дека ниту едно влакно не може да падне од нашите глави на земјата без дозвола на нашиот Господ Христос, дека Тој е Алфа и Омега и Оној со кого ние живееме, кој е крвотокот на нашето битие, на сечи...

Image Description
1 month ago

МИРОТВОРЕЦОТ КОЈ Е ПРИМЕР ЗА НАС

МИРОТВОРЕЦОТ КОЈ Е ПРИМЕР ЗА НАССвети Никола е човек на мирот. Не на политички или географски мир, туку на духовен мир. Со други зборови, тој не е жител на светот, туку на Небесата.           Читајќи го неговото житие, не е тешко да се забележи дека...

Image Description
1 month ago

Не стреми се прерано кон повисокото

          Не вознемирувај се! Не стреми се прерано кон повисокото. Во духовниот живот секое прескокнување е неумесно, потребна е трпеливост и постепеност.Веќе почнува да ти пречи она што е некорисно за тебе: световни книги, политика и бесполезно талкање...