Автентичноста на Гробот Христов и Голготската карпа II дел

Example User · 11 months ago

    1 minutes, 42 seconds


 

(Благодатниот оган – чудо на Христовиот Гроб – Дваесет и трети дел)

Автентичноста на Гробот Христов и Голготската карпа II дел
Пресек на храмот на Голгота (гледано кон север) и точен приказ на внатрешноста на храмот каков што е денес. Десната страна на карпата (источниот дел) е висока 11, 20 метри. Малата, пак, димензија на предниот дел кој е 4, 30 X 2, 80 метри, се должи на одлуката на архитектот на Константин Велики да отсече големи делови од карпата околу местото на Распетието за да може непречено да ја изгради базиликата. На сликата десно кај точката А е храмот (пештерата) на Адам. Кај точката Б е двојната пештера – гробница (првиот христијански храм)

Гробот со две пештери на сликата десно, бил откриен на источната страна на Голгота за време на ископувањето во 1977 година. Оваа двојна пештера (поранешен гроб) е една од најважните откритија на христијанската археологија, бидејќи, како што покажуваат пронајдоците, била претворена во место за богослужби од следбениците Христови, можеби дури и Неговите ученици, уште во I век. Шпанскиот археолог Фернандез Диез кој го водеше ископувањето, го изјави следново:

Оваа пештера била гипсирана и декорирана уште во првиот век кога карпата веќе била расцепена на две од сеизмички удар. Некое време се користела, а била ѕидана и цртана барем на два пати. Била уништена не подоцна од првата половина на II век… Можеби за време на подигањето на храмот на Афродита. Пукнатината од распнувањето се продолжила сѐ до пештерата. Во таа пукнатина беше пронајден разнобоен украсен материјал од I век“.

Архитектот д-р Тео Митропулос, кој учествуваше во ископувањето, го кажа следново: „Малата пештера била првично гроб, што бил претворен во место за богослужба за време на првиот христијански период. Парчињата керамика што беа пронајдени во внатрешноста од археологот Диез, како и остатоците од мозаичката декорација, ја докажуваат намената на ова место за богослужба“.

Пресек на Голготската карпа на местото на Распетието

Малата пештера е најдревниот храм во историјата – место каде Христијаните од I век ги извршувале своите богослужби кон Воскреснатиот Христос. Освен тоа, зарем ова не е најсоодветното место за богослужби, само 3 метри од местото на Распетието. Но, што всушност знаеме ние за вистинското место на Распетието?

(Продолжува)

Превод од англиски јазик, сестринството од Рајчица

Извор: Бигорски манастир

Source: https://preminportal.com.mk/nauka-kultura/bibliska-arheologija/20403-avtentichnosta-na-grobot-hristov-i-golgotskata-karpa-ii-del

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Ретроспектива (2005-2020): А. С. Бочаров, А. В. Чернишев: АКО ЗАМИНУВАШ - ЗАМИНУВАЈ

    АКО ЗАМИНУВАШ- ЗАМИНУВАЈ Да потрчиме во покајание! Преподобен Симеон Нов Богослов Суштината на прашањето Но ви велам: наследникот, додека е млад, со ништо не се разликува од робот, макар што е господар над сè; туку е под настојници и чувари до определениот рок од татка си. Галатјани...

Image Description
4 years ago

Откриена жената на Исус?

Научниците открија веродостојно сведоштво: Исус Христос бил женет! Црковниците толку години ја криеле од нас целата вистина! Вест од насловна страница… Значи, што всушност нашле научниците? И за што сведочи нивниот пронајдок? Да се обидеме накратко да објасниме. Најден е, или поточно, внимателно е...

Image Description
11 months ago

ПРАВОСЛАВИЕТО ВО РУСИЈА: Русите биле покрстени со книги кои им ги испратил Цар Самуил

  Во почетокот на 80-тите години на минатиот век, проф. Владимир Мошин, византолог, славист и светски признат специјалист по археографија, доаѓа до едно од најзначајните откритија во македонската и во светската археографија – успева аргументирано да докаже дека Новгороските (Kупријанови) листо...