Беседа за празникот на преподобниот Прохор Пчински - Митрополит г. Тимотеј

Example Super-Admin User · 3 months ago

    2 minutes, 43 seconds


  Беседа за празникот на преподобниот Прохор Пчински - Митрополит г. Тимотеј 



Пустинскиот жител и телесен ангел

Во името на Отецот, и Синот и Светиот Дух!

Драги браќа и сестри,

Светиот апостол Павле во своето послание до Галатјаните вели: „Оние, пак, кои се Христови, го распнаа телото свое со страстите свои и похотите” (Гал. 5: 24). Нема сомневање дека и преподобниот Прохор Пчински, го распнал телото со страстите, а како резултат на тоа, спечалил или живеел живот подобен на ангелите. Затоа и светата Православна Црква во неговиот тропар пее и го нарекува: „Пустински жител и телесен ангел…”.

Но, да се навратиме на зборовите на светиот апостол Павле, и да видиме што значат зборовите страст и телесна похот? Ние честопати ги употребуваме овие зборови, но не секогаш доволно се задлабочуваме во нивното суштинско или вистинско значење. По учењето на светите отци, похот значи господарење на телото над човечкиот разум, волјата и чувствата. Кога законите на телото тржествуваат, а законот на духот отстапува, тогаш се манифестира похота на телото. Зошто свети апостол Павле ги соединува, похота на телото со страстите? Страста е видливото манифестирање на господарењето на телото над човечкиот дух, а тоа се пројавува преку гневот, чревоугодието, среброљубието властољубието и на крај, се манифестира со потполно невоздржување од телесни задоволства и наслади.

Какво е значењето на зборот страст во нашиот јазик? Вистинско значење на зборот страст е всушност страдање, но, овој збор не се употребува случајно, затоа што телесната похот секогаш го доведува човекот до страст односно до страдање. Страста никогаш не може, да го однесе човекот кон вистинска благосостојба. Трагедијата се огледува во фактот што неколку минутна пројава на похота, кај луѓето понекогаш се идентификува со благосостојба и среќа, но во реалноста тоа не е така.

Тие кои се Христови, телото го распнаа со страстите и похотите. Учењето на нашиот спасител Господ Исус Христос се јавува како вечно слово, кое ги победува сите страданија и похоти и ни отвора оригинална перспектива на човековата среќа. Ако сакаш да бидеш среќен, постани од самиот почеток човек, научи се да управуваш со своето тело, употребувајќи ги правилно волјата и разумот и поттикнувајќи го физичкото начело кон духовна возвишеност, и тогаш, и во овој земен живот ќе ти се откриваат духовните перспективи на вистинското блаженство и среќа.

Да си поставиме уште едно прашање, дали свети Прохор Пчински бил среќен човек? Нема никаков сомнеж дека бил среќен, и него никакви овоземни сили, не можеле да го симнат од Козјачката планина, каде што се подвизувал во скромната пештера. Немало никакви сили, што можеле да го убедат и доведат до поблиски населени места, каде можел да живее со народ кој поседувал повеќе овоземни благодети. Тој бил среќен, бидејќи постојано, и ден и ноќ се молел, и така можел да претрпи и глад и жед, и студ и жештина, и сите непријатности со кои се соочувал во подвижништвото. Но сето тоа можел да го поднесе, бидејќи имал силен и бодар Дух, за него телесната похот била распната, и живеел духовен живот исполнет со благодатта Божја. Таа благодат, го хранела, го топлела, и му давала сила, за да може сите искушенија и маки, достоинствено да ги пребродува, и така Богоугодно да се подвизува. Свети Прохор, како праведна душа, им помагал и им помага и денес на луѓето, на оние кои доаѓале кај него за духовни поуки, но и на оние кои денес го просат неговото застапништво пред Бога.

И ние денеска, кои се наоѓаме собрани во овој свет манастир, а го прославуваме споменот на преподобниот отец Прохор, да се обратиме со искрена молитва кон него, да биде наш молитвеник пред Бога и поткрепител во нашиот духовен живот, та и ние да ги отстраниме сите страсти и похоти од нашиот живот, та да добиеме благодат Божја, која ќе нè очисти, облагороди и просвети. Амин!

Source: https://poukinasvetitestarci.blogspot.com/2025/01/blog-post_163.html

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
2 months ago

АКАТИСТ НА АНГЕЛОТ ЧУВАР

 АКАТИСТ НА АНГЕЛОТ ЧУВАРКондак 1Избран од Господ Бог, да ја чуваш мојата душа и тело, свет Ангеле, јас, недостојниот твој слуга, се осмелувам да ти пеам похвални песни. А ти, бидејќи имаш смелост пред Небесниот Цар, заштити ме од секакви таги и невољи, од видливи и невидливи непријатели мене, кој т...

Image Description
5 months ago

Причестување само од владиката

Во изминативе години често гледам една аномалија кај верниот народ. Имено, кога доаѓа да служи архиепископот, или кога доаѓаат повеќе архиереи, одеднаш телефонот ѕвони уште рано наутро, се јавуваат верничките од постарите генерации, кои бараат благослов за причест. Веднаш ги одбивам, бидејќи кога не...

Image Description
2 months ago

Гревот на осудата: патот кон покајанието и смирението...

 Гревот на осудата: патот кон покајанието и смирението Свети Димитриј Ростовски ни остава длабока поука во зборовите кои говорат за еден од најраспространетите гревови - осудата.  Иако често го сметаме за мал, речиси занемарлив грев, осудата е таа што внесува немир во нашите души и нè оддалечува од...