Богојавление и Богослужение

Example User · 9 months ago

    4 minutes, 2 seconds


БОГОЈАВЛЕНИЕ И БОГОСЛУЖЕНИЕ

Најлесно и најприродно човекот се согласува да му служи на оној, кого ќе го возљуби. Детето му служи на својот татко или од љубов, или заради некаква очекувана награда, или, пак, од страв. Истото се случува и во животот кај возрасниот човек. Но, прапричината на секое човечко служење кон некому или нешто, наоѓаме во служењето на човекот кон Бога, поточно, во служењето на Бог на човекот.

На вечната мистерија и прашањето на философите: Зошто Едното постанало Мноштво, зошто Бог „морал“ да „еманира“ (Плотин), па од ништо да создава нешто, само еден одговор нас може да нè задоволи: Ова Бог го направил од љубов!

За секоја љубов, па и Божјата, потребни се двајца. Тоа се Бог и човекот. Бог, од преголема љубов и добрина, создавајќи ги Светот и човекот, како и целата вселена, направил еден вид на жртва („Жртвопринесување“ – Андреј Тарковски); во секој случај, Он послужил на Себе и на човекот. Оттука и современиот француски философ Симон Вајл пишува: „Имајќи го предвид Бог, Создавањето не е чин на ширење, туку на повлекување, одрекување. Бог и сите созданија се помалку, отколку што е Самиот Бог. Бог го прифатил тоа намалување. Он испразнил дел од своето битисување (постоење, суштествување). Затоа и свети Јован говори дека Јагнето (Агнецот) било заклано веќе од

постанокот на светот“.

Така и првото Богојавление постанало и прво Богослужение. Кога Бог му послужил на човекот од љубов, тогаш, што е поприродно, ако и човекот, во текот на својот живот, па колку и да е животот болен и мачен, Mу послужи на Бога, исто така од љубов? До појавата на Господ Исус Христос на земјава, човекот, додуша, сфатил дека неговиот живот е едно постојано служење, но тоа служење најчесто било од морање, од страв пред природните сили. Ваквиот нарушен однос на човекот кон Бога бил последица од човечкото отпаѓање од Бога, од неговото оддалечување од Изворот на животот, од неговиот пад во гревовност. Но, човекот никогаш не бил оставен од Бога. Богојавлението продолжувало низ целата историја на избраниот Божји еврејски народ, и тоа преку Мојсеј и мноштвото „големи“ и „мали“ старозаветни пророци.

Со појавата на Господ Исус Христос на земјата, не само што се исполниле пророштвата и Божјите ветувања, кои биле упатени до човекот – вечниот Јов, веќе и Самиот Бог, во второто лице на Света Троица, во Исуса Христа, слегол меѓу луѓето, пострадал за луѓето и воскреснал, сведочејќи уште еднаш на еден величенствен начин, дека Богојавлението е исто што и Богослужението. Навистина, зарем некој некогаш подобро, подлабоко, поспасоносно, во текот на непишаната и пишаната историја, му послужил на човекот, од служењето на Исус Христос, кое е служење сè до една апсолутна послушност и апсолутно предавање Себе Си во делото на спасението и избавувањето на човекот? На реката Jордан, при Крштението, во присуство на оној, кој бил поголем од сите пророци, свети Јован Крстител, Бог се јавил да посведочи за Себе и темелно да се всели во срцата на луѓето, кои веруваат.

Така, од појавата на Господ Исус Христос на земјава, човекот добил можност, преку актот на чиста вера, како и преку верата во надежта и љубовта, да извршува трајно Богослужение на земјата, која е искупена преку Христовата крв. Човечкото служење повеќе нема потреба да се извршува ниту од страв пред осветничкиот и љубоморен Јахве, ниту од сметководствено очекување на награда од оваа или онаа страна; туку тоа служење постанало служење од љубов, всушност, тоа е возвраќање со љубов на вечната Божја љубов. Нормално дека, човечкото служење на Бога од љубов, не е ништо друго, туку постојано служење на човекот, зашто во човекот го препознаваме оној ист Божји лик, Христовиот лик, кој сме го препознале и во себе, во оној момент кога вистински сме поверувале. Човекот, кој не сака да верува, исто така мора да служи, но со страв или вечен бунт во срцето. Неговото служење ќе биде ропско, наместо синовско, па оттука таквиот човек лесно ќе постане соучесник во секое насилство и во секој општествен преврат, чијa цел отсекогаш билa укинување на Божјата „неправда“, за да се воспостави човечката „правда“.

Христијанскиот род, крстениот Божји народ, уште од древност знаел што е Богојавление и што е Богослужение. Првото начело на христијанската философија на светот е: Светот е Богојавление. А второто: Човекот е Богослужение. Богојавлението е природата на светот, а Богослужението е целта на светот. Двоумењата на христијанскиот род низ неговата историја, меѓу Бог и природата, меѓу Богојавлението и човекојавувањето, како и меѓу неговото служење на Бога и служењето на Мамона, меѓу Богослужението и идолопоклонството во неговите разни видови, претставуваат драматичен пример на распнатото човечко битие меѓу Христа и непокајаниот разбојник.

Секоја година, во месец јануари, на денот на Богојавление, кој не е случајно поставен меѓу Водокрст и свети Јован Крстител, Бог повторно се јавува, опоменувајќи го секој христијанин, па и нехристијанин, дека треба да одговори пред себе, но и пред својот народ на две битни прашања: Во што се состои природата на светот и која е целта на светот? Сакаме ли да поверуваме дека природата на светот е – Богојавлението, а целта на светот – Богослужението (што значи и служење на човекот преку делата на милосрдието)? На секој, кој го доживеал празникот Богојавление, ништо не му е поприродно, отколку во границите на своите способности и моќи, да послужи на Бога и човекот, и тоа преку актот на Богослужењето. Оној, кој не го доживеал овој прекрасен празник, Богослужението, сепак, му останува како можност и добар изглед еден ден да го доживее и Богојавлението.

Владета Јеротиќ

Превод: Протоереј Златко Ангелески

Source: https://blagovesti.wordpress.com/2022/01/21/%D0%B1%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D1%98%D0%B0%D0%B2%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%B5-%D0%B8-%D0%B1%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D1%81%D0%BB%D1%83%D0%B6%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%B5/

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
5 months ago

Психолошка етида монаха Валеријана

Психолошка етида монаха Валеријана Валеријанова дијалектика вере Упознали смо се са животом и радом монаха Валеријана и кроз тај живот и рад уколико смо се више упознавали са природом његове сумње у вредности које је усвајао, утолико смо више стицали поверење у његов коначан став, чији је...

Image Description
4 years ago

Свети Василиј Велики: Постот

СВЕТИ ВАСИЛИЈ ВЕЛИКИ: ПОСТОТ Постот е древен дар, кој не старее, но постојано се обновува и цвета во целосна убавина. Мислиш ли дека за неговата древност се смета времето на потеклото на Законот? Постот е постар од Законот. Не мисли, дека денот на Очистувањето, востановен во Израилот во седмиот месе...

Image Description
4 years ago

Свети Јован Златоуст: Воскресение и суд

СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ: ВОСКРЕСЕНИЕ И СУД Да не мислиме, дека делата ни се ограничуваат само во пределите на земниот живот – да почнеме да веруваме, дека задолжително ќе има суд и награда за сите дела што тука го вршиме! Тоа е толку јасно и очигледно за сите, и за Јудеи, и за јазичници, и за еретици,...