Боже, Моето срце е подготвено: нека Ми биде според Твоите зборови – (прв дел)

Example User · 2 years ago

    7 minutes, 3 seconds


Те величаме, Пренепорочна Мајко На Христа нашиот Бог, И сеславно го славиме Твоето успение.

Почитувана и прославувана на земјата, Божествената Марија не престанувала да се стреми кон небото и да се моли за преселување во небесните живеалишта, за да се насладува од гледањето на Синот и Бог Свој. Како садачка на Христовото учење по сета вселена, Таа видела, дека созревала светата жетва на душите човечки: основањето и устројувањето на Црквата се извршило и христијанството почнало да се шири по сиот свет, а со тоа и славата за величието на Богомајката, – затоа Таа уште по сесрдно почнала да Го умолува Синот Свој за поскоро преселување на небото.

3.angeli.so.truba


Архангел Гаврил и дава рајска гранка од фениково дрво на Пресвета Богородица

Пречистата Марија живеела во домот на свети Јован Богослов на гората Сионска и често ги посетувала местата, кои биле осветени од пречистите стапала на Спасителот на светот; но најчесто Таа одела да се моли на Голгота и на Елеонската гора во подножјето на која се наоѓа градина, која свети Јован Богослов ја наследил од својот татко Заведеј. Наеднаш, кога Таа, според обичајот, ги вознесувала Своите чисти молитви на гората Елеонска, пред Неа застанал Архангел Гаврил со благодатна вест, дека се приближил часот за Нејзиното преселување на небото, и дека тоа ќе се случи за три дена. За уверување во вистината тој и дал рајска гранка од фениково дрво и ѝ рекол, таа гранка, која свети со света небесна благодат, да биде носена пред гробот на Пресветата Дева во денот на погребението на Нејзиното пречисто тело. Богомајката со благоговејна радост ја примила рајската гранка, клекнала пред Господа, Му благодарела и со смирение Го молела, во часот на исходот на Нејзината душа, да не го види кнезот на темнината и адските ѕверови, но Самиот Господ да ја прими душата Нејзина во Своите Божествени раце. Таа уште просела, пред крајот, да и биде дозволено да ги види светите апостоли, кои биле расеани по сета вселена за проповед на Евангелието.

По примањето на благовеста за Своето успение, Пресветата Дева се вратила во домот; лицето Нејзино светело со таква небесна радост, што сите присутни биле потресени при погледот на Божествената сила и слава која ја осветлувала и опкружувала Неа.

Пречистата Марија почнала да се подготвува за Својот исход; пред сè за тоа го известила свети Јован Богослов и покажувајќи му ја рајската гранка, го заветила да ја носи пред гробот. Таа спокојно ги извршила сите распоредувања и наредила да се подготват свеќи, добро да се покади и сè што е потребно за погребение. Јован веднаш го известил за тоа апостол Јаков, синот на свршеникот Јосиф, првиот епископ Ерусалимски, кој ја раширил таа вест не само во Ерусалим, туку и во подалечните села и градови. Мноштво народ се собрале од сите страни во домот на Јован Богослов, и сите, слушајќи од Самата Богомајка за денот на Нејзиниот крај и за Нејзиното преселување на небото и гледајќи ја рајската гранка почнале горко да плачат и силно ридање го исполнил домот; сите ја молеле општата Утешителка да не ги остави сираци и беспомошни. Пресвета Богородица сите ги утешила со ветување, дека нема да ги остави луѓето во беда и дека ќе биде брза помошничка и застапничка за сите што ќе ја повикуваат Неа на помош во беда и тага; во Нејзиното ветување зачувана е утеха за сето човештво.

Сите со благоговение гледале на Нејзиното Божествено лице и внимавале на Нејзините зборови. Откако ги успокоила сите, Богомајката го поделила и Својот скуден имот: двете одежди кои останале после Неа, Таа наредила да се дадат на две бедни вдовици, кои од Неа добиле храна и ѝ служеле со љубов и сесрдност. Пресветата сите ги сакала, но особено тие, кои најмногу имале потреба од Неа и на кои Таа можела да им укаже помош. За телото Свое, Таа заветила да го положат во Гетсиманската градина, каде биле погребани Нејзините праведни родители и свршеникот Јосиф, во долината Јосататова, помеѓу Ерусалим и Елеонската гора.

3.angeli.so.truba


Светите апостоли донесени на облаци, од разни страни на светот, со Божествената сила каде Таа пребивала.

Кога Таа ги давала Своите претсмртни желби на апостолите Јован и Јаков, наеднаш се слушнал шум, како во време на бура, и сите виделе светол облак кој го опкружил домот. Господ ја исполнил желбата на Својата Пречиста Мајка: светите апостоли биле восхитени од Божествената сила, кога од разни страни на светот, на облаци, биле донесени до домот, каде Таа пребивала. На очевидците и учениците Господови им било дадено да го видат успението на Неговата Мајка и да служат при Нејзиното погребение. Апостолите наоѓајќи се во дворот дома се израдувале и се двоумеле: која е причината за ваквото чудо? Свети Јован Богослов ги пречекал и им објаснил, дека дошло времето Пресвета Богородица да се претстави пред Господа.

Длабока скрб ги обземала апостолите. Гледајќи ја Пречистата Владичица, исполнета со радост, тие не можеле веќе да ги кријат своите солзи, зашто им било скрбно и тешко да се лишат од Мајката, Која сите ги поучуваше и утешуваше, заменувајќи го Владиката и Учителот. Како да поднесат таква беда и беспомошност, како да останат на земјата без Мајка и Раководителка?

Благодатната Марија барала од нив да не ја смутуваат Нејзината радост со нивните солзи, туку да се радуваат заедно со Неа. „Заминувам кај Бога и Синот Мој, – вие ќе го однесете Моето тело во Гетсиманија; погребајте го со обично погребение и вратете се на проповедта која ви е дадена. А Мене, ако Му е угодно на Господа, ќе Ме видите и после Моето успение“.

Во тоа време дошол и апостол Павле со неговите ученици: Дионисиј Ареопагит, Еротеј, Тимотеј и други од бројот на седумдесетте апостоли.

Господ сите ги собрал, да се удостојат да ја видат Богомајката и да добијат од Неа благослов и да присуствуваат на Нејзиното погребение.

Пресвета Дева сите ги повикала кај Себе, нарекувајќи го секого по име, сите ги ублажила за верата и трудот во благовестието за Христа и сите ги утешила со ветување дека нема да го остави светот во беда и секогаш ќе ги слуша молитвите на оние кои прибегнуваат кон Неа.

3.angeli.so.truba


„Дојди, блажена Моја, дојди возљубена, и влези во дворовите на вечниот живот.“

Дошол третиот ден после архангелското благовестие. Се приближил третиот час од денот во кој од Архангелот било предвестено успението на Богомајката. Во домот гореле огромен број свеќи; Апостолите го славеле Господа опкружувајќи го одарот, на кој лежела Неговата Пречиста Мајка; Таа се молела при чекањето на Својот крај. Наеднаш се отворил покривот од домот и света Божествена слава ги осенила сите присутни. Сите се ужаснале: од зраците на небесната светлост, сè земно се покрило. Самиот Цар на славата, Христос, опкружен со многубројни Небесни сили и праведни души, се јавил на Својата Пресвета Мајка. Израдувана од гледањето на Својот Бог и Син, Таа ги изговорила зборовите на боговдахновената песна: „Душата Моја го велича Господа и се зарадува духот Мој за Бога Спасителот Мој: зашто не го презре смирението на Својата слугинка“ – и, поткренувајќи се од одарот, Му се поклонила на Својот Господ и го слушнала Божествениот призив: Дојди, блажена Моја, дојди возљубена, и влези во дворовите на вечниот живот. Пречистата Богородица ја повторила Својата молитва: Прими го Мојот дух со мир и запази Ме од темните сили. Господ ја успокоил: нозете Нејзини веќе ја згазија змијата на темните сили, и Таа со треперење повикува да премине од земјата на небото. Приснодева радосно воскликнала: Боже, Моето срце е подготвено: нека Ми биде според Твоите зборови. Таа повторно легнала на Својот одар и ја предала Својата душа во рацете на Синот Свој. Таа без болки го родила Него, и Он ја разрешил Нејзината душа од телото без никакво страдање и не допуштил Нејзиното тело да види распаѓање. Тогаш одекнало ангелско пеење и се слушнале зборовите: радувај се, Благодатна! Господ е со Тебе; благословена си Ти меѓу жените. И торжествено била носена во небесните живеалишта душата на Приснодева во рацете на Господа во придружба на Небесните сили.

Апостолите, удостоени да го видат славното искачување на небото на Пресвета Богородица, стоеле во трепет и гледале кон небото, како што некогаш го гледале Господовото вознесување на небото, заборавајќи на сè земно и на самите себе. Доаѓајќи на себе од глетката, тие со благоговение го гледале Нејзиното пречисто тело и виделе, дека Нејзиното лице светело со небесна светлина, и почувствувале, дека од Нејзиното Пречисто тело излегува прекрасно благоухание. Апостолите воскликнале кон Неа со умиление: „Се насели во небесните одаи кај Синот Твој, Ти Која секогаш си подготвена да го спасиш Богородице Твоето наследство!“ И од небесната висина се слушнал гласот на Богомајката, со треперење обраќајќи се кон Нејзиниот Бог и Син: „Ти Ми даде удел во зачувувањето на вековите“.

3.angeli.so.truba


„Радувај се, Благодатна! Господ е со Тебе“

Со страв и благоговение сите го целивале Нејзиното пречисто тело; сите кои страдале добиле исцелување само со едно допирање до светиот одар и сите ја прославиле Богородица со архангелскиот поздрав: радувај се, Благодатна! Господ е со Тебе; Светите апостоли пристапиле кон погребение на Нејзиното пречисто тело. Тие ја оплакувале својата загуба на земјата, но се утешувале со вера, дека добиле на небото Застапничка и Молитвеничка кај Бога. Петар, Павле, Јаков и другите апостоли го носеле телото на своите рамења; свети Јован Богослов со рајската блескава гранка одел напред; останатите свети и верни ученици и мноштвото народ го прателе одарот со свеќи и кандила, упатувајќи се од Сион, преку Ерусалим, кон Гетсиманската градина, а во воздухот се слушало пеење на свештени песни. За време на нивната поворка, до самото место на погребението, над телото на Богородица и над сиот народ, одел сладок облак во вид на венец, и во тоа време во воздухот се слушало прекрасно пеење од Небесните сили.

(Продолжува…)

https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/bozhe-moeto-srce-e-podgotveno-neka-mi-bide-spored-tvoite-zborovi-part-1/?fbclid=IwAR2DNTICaKyJwOE9gOzV1zVfOHsJ1cy_FLfg9M5WsWJsqE_FEkhI5_Yw13U

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost-2/zhitija/23422-bozhe-moeto-srce-e-podgotveno-neka-mi-bide-spored-tvoite-zborovi-prv-del

Share:

Example User

Sit illo et occaecati blanditiis minus. Explicabo quia eius porro earum quis. Et nesciunt et nobis autem aut quod dolorem. Cumque est quas provident nemo nihil. Perferendis sequi in ipsa consequatur voluptatibus voluptatem. Sed assumenda ut cupiditate. Saepe et fuga maiores optio. Doloribus ea iusto dolore. Sed deserunt suscipit reprehenderit magni voluptatibus dicta. Unde aliquam sunt deserunt itaque. Nesciunt tempore molestiae qui et distinctio. Dolor quae aliquam nobis minus.

All author posts

Related Posts

Image Description
1 year ago

Св. вeл. маченичка Eкатeрина – Православен календар за денес

Св. вeл. мччка Eкатeрина. Ќeрка на царoт Кoнстантин. Пo смртта на таткoтo живeeла сo свoјата мајка вo Алeксандрија. Мајка ѝ била тајна христијанка, кoја прeку свoјoт духoвeн oтeц ја привeла и Eкатeрина вo вeрата Христoва. Вo eдна визија св. Eкатeрина примила прстeн oд самиoт Гoспoд Исус вo знак на п...

Image Description
2 years ago

Шеснаесетта Недела по Педестница

Свето евангелие според светиот апостол Матеј 25:14-30 14. Зашто, Он ќе постапи како човек, кој тргнувајќи на пат, ги повика слугите свои и им го предаде својот имот; 15. и на едниот му даде пет таланти, на другиот два, на третиот еден; секому според силата негова; и веднаш замина. 16. Оној, што зеде...

Image Description
2 years ago

Спомен на преподобниот Серафим Саровски -Спасувај нe нас по Твоите молитви, Серафиме, преподобен оче наш!

Спомен на преподобниот Серафим Саровски Се родил како Прохор Мошњин, на 19 Јули 1754 г., во градот Курск, (родното место на Теодосиј Печерски). Неговиот татко Исидор бил имотен и градел храм на св. Сергиј Радоњешки, а по неговата смрт, таа работа ја продолжила мајката Агатја. Таа и го одгледала идн...