Како ќе биде Воскресението?

Example Super-Admin User · 11 months ago

    8 minutes, 6 seconds


Како ќе биде Воскресението?

Свети Симеон Нов Богослов

Впрочем, и да кажеш дека тогаш тело

духовно ќе примиш, но како, кога ко

во дупка душата таму ќе ти чмае?

Чуј, поучи се како ќе биде тоа!

Исто ко што семе се сее според род

(за пченица, јачмен и слично ти зборам),

па пород сетне и си поникнува,

така и телата на умрените во

земја паѓаат такви какви се нашле.

А душите, пак, од нив раздвоени, при

идното воскресение на мртвите

секоја по достојноста ќе си најде

одаја полна со светлина или мрак.

Ете, чистите, на светлоста причесни,

кои си ги запалиле светилките,

токму ќе се во светлоста невечерна,

а нечистите, на кои очите на

срцето им се слепи и полни со мрак,

како ли ќе го созрат сјајот Божествен?

Никако, ќе речеш. Па кажи ми, тогаш,

кој молбите ќе им ги чуе по гибелта

и ќе им ги отвори очите, леле,

на тие, кои доброволно нејќеа да

прогледаат, ни да пламнат душевен лач?

Затоа нив непросветлив мрак ги чека.

Телата, ко што рековме, на ист начин

тлеат и гнијат и кај светиите, но

востануваат такви какви што биле

посеани, пченица чиста, пченица

осветена, свети садој на Духот Свет.

Бидејќи биле тие преочистени,

ќе востанат исцело препрославени,

сјајни, болскотни ко светлина Божеска.

Душите на светите кои во нив ќе

се вселат, ќе блеснат појќе од сонцето

тогаш, ќе станат слични на Владиката,

Чии Божествени закони запазиле.

И телата на грешните ќе воскреснат

онакви какви што биле посеани,

извалкани, смрдливи, полни со гнилеж,

садови бесчесни, плевел на порочност,

мошне смрачени, оти дела на мракот

чинеле и биле орудија на зла

секакви во служба на сејачот лукав.

И тие, пак, ќе воскреснат бесмртни и

духовни, ама ќе пребиваат во мрак.

Со него споените клетнички души,

бивајќи и самите мрачни, нечисти,

ќе му станат подобни на ѓаволот,

зашто неговите дела ги следеа

и неговите наредби ги пазеа,

па по него ќе бидат кутнати в огнот

незгаслив, испратени во тартар и мрак.

Поточно, тие ќе бидат сринати во

соодветност со тежината, мерата

на гревовите, коишто секој си ги

носи, и онаму ќе бидат за навек.

Додека светиите, како што кажавме,

кренати врз крилјата на доблестите,

ќе се вивнат во средба со Владиката,

и тоа секој според достојноста си,

та кој како однапред се спремил, така

ќе е поблизу ил подалеч од Твореца,

со Него ќе иде во бескрајни векој,

весел и радосен со радост без престан. Амин

Изворник: Химни, Свети Симеон Нов Богослов.

Напишете коментар

Како ќе биде Воскресението?

Свети Симеон Нов Богослов

Впрочем, и да кажеш дека тогаш тело

духовно ќе примиш, но како, кога ко

во дупка душата таму ќе ти чмае?

Чуј, поучи се како ќе биде тоа!

Исто ко што семе се сее според род

(за пченица, јачмен и слично ти зборам),

па пород сетне и си поникнува,

така и телата на умрените во

земја паѓаат такви какви се нашле.

А душите, пак, од нив раздвоени, при

идното воскресение на мртвите

секоја по достојноста ќе си најде

одаја полна со светлина или мрак.

Ете, чистите, на светлоста причесни,

кои си ги запалиле светилките,

токму ќе се во светлоста невечерна,

а нечистите, на кои очите на

срцето им се слепи и полни со мрак,

како ли ќе го созрат сјајот Божествен?

Никако, ќе речеш. Па кажи ми, тогаш,

кој молбите ќе им ги чуе по гибелта

и ќе им ги отвори очите, леле,

на тие, кои доброволно нејќеа да

прогледаат, ни да пламнат душевен лач?

Затоа нив непросветлив мрак ги чека.

Телата, ко што рековме, на ист начин

тлеат и гнијат и кај светиите, но

востануваат такви какви што биле

посеани, пченица чиста, пченица

осветена, свети садој на Духот Свет.

Бидејќи биле тие преочистени,

ќе востанат исцело препрославени,

сјајни, болскотни ко светлина Божеска.

Душите на светите кои во нив ќе

се вселат, ќе блеснат појќе од сонцето

тогаш, ќе станат слични на Владиката,

Чии Божествени закони запазиле.

И телата на грешните ќе воскреснат

онакви какви што биле посеани,

извалкани, смрдливи, полни со гнилеж,

садови бесчесни, плевел на порочност,

мошне смрачени, оти дела на мракот

чинеле и биле орудија на зла

секакви во служба на сејачот лукав.

И тие, пак, ќе воскреснат бесмртни и

духовни, ама ќе пребиваат во мрак.

Со него споените клетнички души,

бивајќи и самите мрачни, нечисти,

ќе му станат подобни на ѓаволот,

зашто неговите дела ги следеа

и неговите наредби ги пазеа,

па по него ќе бидат кутнати в огнот

незгаслив, испратени во тартар и мрак.

Поточно, тие ќе бидат сринати во

соодветност со тежината, мерата

на гревовите, коишто секој си ги

носи, и онаму ќе бидат за навек.

Додека светиите, како што кажавме,

кренати врз крилјата на доблестите,

ќе се вивнат во средба со Владиката,

и тоа секој според достојноста си,

та кој како однапред се спремил, така

ќе е поблизу ил подалеч од Твореца,

со Него ќе иде во бескрајни векој,

весел и радосен со радост без престан. Амин

Изворник: Химни, Свети Симеон Нов Богослов.

Напишете коментар

Свети Симеон Нов Богослов

Впрочем, и да кажеш дека тогаш тело

духовно ќе примиш, но како, кога ко

во дупка душата таму ќе ти чмае?

Чуј, поучи се како ќе биде тоа!

Исто ко што семе се сее според род

(за пченица, јачмен и слично ти зборам),

па пород сетне и си поникнува,

така и телата на умрените во

земја паѓаат такви какви се нашле.

А душите, пак, од нив раздвоени, при

идното воскресение на мртвите

секоја по достојноста ќе си најде

одаја полна со светлина или мрак.

Ете, чистите, на светлоста причесни,

кои си ги запалиле светилките,

токму ќе се во светлоста невечерна,

а нечистите, на кои очите на

срцето им се слепи и полни со мрак,

како ли ќе го созрат сјајот Божествен?

Никако, ќе речеш. Па кажи ми, тогаш,

кој молбите ќе им ги чуе по гибелта

и ќе им ги отвори очите, леле,

на тие, кои доброволно нејќеа да

прогледаат, ни да пламнат душевен лач?

Затоа нив непросветлив мрак ги чека.

Телата, ко што рековме, на ист начин

тлеат и гнијат и кај светиите, но

востануваат такви какви што биле

посеани, пченица чиста, пченица

осветена, свети садој на Духот Свет.

Бидејќи биле тие преочистени,

ќе востанат исцело препрославени,

сјајни, болскотни ко светлина Божеска.

Душите на светите кои во нив ќе

се вселат, ќе блеснат појќе од сонцето

тогаш, ќе станат слични на Владиката,

Чии Божествени закони запазиле.

И телата на грешните ќе воскреснат

онакви какви што биле посеани,

извалкани, смрдливи, полни со гнилеж,

садови бесчесни, плевел на порочност,

мошне смрачени, оти дела на мракот

чинеле и биле орудија на зла

секакви во служба на сејачот лукав.

И тие, пак, ќе воскреснат бесмртни и

духовни, ама ќе пребиваат во мрак.

Со него споените клетнички души,

бивајќи и самите мрачни, нечисти,

ќе му станат подобни на ѓаволот,

зашто неговите дела ги следеа

и неговите наредби ги пазеа,

па по него ќе бидат кутнати в огнот

незгаслив, испратени во тартар и мрак.

Поточно, тие ќе бидат сринати во

соодветност со тежината, мерата

на гревовите, коишто секој си ги

носи, и онаму ќе бидат за навек.

Додека светиите, како што кажавме,

кренати врз крилјата на доблестите,

ќе се вивнат во средба со Владиката,

и тоа секој според достојноста си,

та кој како однапред се спремил, така

ќе е поблизу ил подалеч од Твореца,

со Него ќе иде во бескрајни векој,

весел и радосен со радост без престан. Амин

Изворник: Химни, Свети Симеон Нов Богослов.

Не кради, сподели:

Статистика на блогот

  • 566.985 Посети

Source: https://crkvaveles.wordpress.com/2023/04/16/%D0%BA%D0%B0%D0%BA%D0%BE-%D1%9C%D0%B5-%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%B5-%D0%B2%D0%BE%D1%81%D0%BA%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%B5%D1%82%D0%BE/

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
4 years ago

Празник на полагање на чесниот појас на Пресвета Богородица!

Празник на полагање на чесниот појас на Пресвета Богородица После своето успение, Пресвета Богородица му го даде својот појас на апостолот Тома. Тој појас подоцна беше пренесен во Цариград и чуван во запечатен ковчег во црквата на Пресвета Богородица во Влахерна, што ја изгради царицата Пулхерија....

Image Description
11 months ago

Свети Вилибалд, епископот на Ејхштат

СПОМЕН НА СВЕТИОТ ОТЕЦ ВИЛИБАЛД, ЕПИСКОПОТ НА ЕЈХШТАТ И АПОСТОЛОТ НА ФРАНКОНИЈА, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 7 ЈУЛИ (701-787; германски: Willibald von Eichstätt) Свети Вилибалд,[1] неговиот брат Винибалд[2] и неговата сестра Валбурга, биле деца на свети Ричард, кој на многу места е наре...

Image Description
4 years ago

Мироточение на свети Димитриј во 1987 година

 Мироточение на свети Димитриј во 1987 година Во овој текст ќе си спомнеме за чудото на мироточење на свети Димитриј во светиот храм во Солун, 1987 година, како што раскажува ѓаконот на храмот и денешен свештеник во светиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во областа Четириесет цркви во С...