ЧОВЕК – He e човекот на земјата за игра!

Example Admin User · 2 years ago

    4 minutes, 46 seconds


ЧОВЕК

• Човеку! Сфати го своето достоинство.

Види ги шумите и нивите, широките реки, безграничните мориња, високите гори, раскошните дрвја, сите ѕверови и стоката пo земјата, рибите и другите суштества кои лутаат по морските длабочини – види ги ѕвездите, месечината, сонцето, небото: сето тоа е наменето да ти служи тебе.

Освен видливиот свет за нас, постои уште и невидлив свет за телесните очи, кој, неспоредливо го надминува видливиот.

И невидливиот свет е – за човекот.

Каква почит укажал Господ (на оној, кого го создал), според Својот образ! Колку високо назначување однапред му одредил!

Видливиот свет е само – подготвено предворје на велелепното и пространо живеалиште.

Таму, како во предворје, образот Божји треба да се украси co завршни линии и бои за да добие најпотполна сличност co својот најсвет и најсовршен Изворник, за во убавината и раскошот на таа сличност да влезе во одајата во која, на несфатлив начин е присутен Изворникот, како да ја ограничил Својата неограниченост, за да им се покаже на своите љубени, разумни созданија.

• He e човекот на земјата за игра!

Ниту заради забава…

He е неважно тоа што Бог го создал човекот според Свој образ и подобие! He e неважно тоа што Синот Божји го искупил паднатиот човек co Својата Крв!

Треба да се цени таа Божја дарежливост!

Треба да се цени сесветата Богочовечка Крв!

He ja ценат доволно оние, кои на својата вера ѝ посветуваат само површно внимание, на поминување, додека душата во потполност ja посветуваат на суетните, минливи и пропадливи забави.

He! Бидејќи, дури и оние, кои целиот живот му го посветиле на Бог – ништо не сториле и не примиле ништо соодветно во споредба co Божјите добродетели!

Еден, само еден е достоен да застане пред Бог: дух исполнет co смирение.

Единствено тоа човечко достоинство Бог го признал како такво. Во такво расположение нашиот дух може да застане тогаш, кога ќе се оттргне од секаква забава.

• Светите Отци, состојбата по создавањето ја нарекуваат природна, а состојбата по падот – неприродна (потприродна), a cocтојбата пo искупувањето – натприродна.

• Одделувањето на придодаденото зло од природното добро co сопствени сили, станало невозможно за човекот.

Злото проникнало во самата основа на човекот; човекот се зачнува во беззаконие, се раѓа во гревови.

Од своето раѓање, човекот нема ниту едно дело, ниту еден збор, ниту една помисла, ниту едно чувство, ниту најкус момент, во кој, доброто би било без поголеми или помали примеси на зло.

Ова е посведочено во Светото Писмо, кое зборува за паднатите луѓе, дека ‘меѓу нив нема ниеден праведен, нема ниеден разумен, сите се отстранија, заедно станаа негодни: нема кој да прави добро, нема ниеден’ (Рим. 3, 10-12).

Укажувајќи на својата падната состојба, свети апостол Павле вели:

„Јас знам дека во мене, односио во моето тело, не живее доброто” (Рим. 7, 18).

Овде под тело не се подразбира само човечкото тело како такво, туку телесната состојба на целиот човек: неговиот ум, срце и тело.

И во Стариот Завет co тело е наречен целиот човек. „Духот Мој нема вечно да пребива во луѓето” – рекол Господ (1. Мој. 6, 3).

Bo оваа телесна (плотска) состојба, како во свое тело, живеат гревот и вечната смрт.

Апостолот телесната состојба ја нарекува тело на смртта (Рим. 7, 24) и гревовно тело (Рим. 6, 6).

Оваа состојба се нарекува тело, плот, тело на смртта и гревовно тело, бидејќи во него се мислата и срцето – кои треба да тежнеат кон духовното и светото – насочени и прибиени само кон материјалното и гревовното, живеат во материјата и во гревот.

Човечкото тело на апостолот, како што на сите им е познато, било храм на Светиот Дух, било проникнато co Божествената благодат и од себе точело дејства на божествена благодат.

На него не можат да се однесуваат изразите, co кои толку верно се опишува телесната состојба, во која човечката природа е симната со падот:

„А оние, кои живеат по телото, не можат да My угодат на Бога” (Рим. 8,) , за да биде уништено гревовното тело (Рим. 6, 6), кој ќе ме избави од телото на оваа смрт? (Рим. 7, 24).

Апостолот одлично ја опишува помешаноста на доброто co злото во паднатиот човек, кој во правењето добро е препуштен на сопствените сили;

притоа злото нужно се појавува од природата, го искривува нејзиното добро и ги соборува замислите на умот, кој
залудно се обидува во храмот на душата да воведе вистинско служење на Бог. Бидејќи знаеме – вели апостолот – ‘дека Законот е духовен, a jac, пак, сум од тело, продадено на гревот.

А што правам, не знам, бидејќи не го вршам она што сакам, туку она, што го мразам, тоа го правам.

Ако, пак, го правам она, што не го сакам….јас веќе не го правам тоа, туку гревот, што живее во мене…

Во себеси наоѓам таков закон дека, кога сакам да го правам доброто, злото ми се наметнува.

Бидејќи co својот внатрешен човек наоѓам наслада во законот Божји, но во органите свои гледам друг закон, кој војува против законот на мојот ум и ме прави заробеник на гревовниот закон, кој е во моите органи.

Беден човек сум!

Кој ќе ме избави од телото на оваа смрт?

И така, јас само co умот свој му служам на Божјиот закон, a co телото – на гревовниот закон’ (Рим. 7, 14-25).

Под зборот тело овде пак треба да се подразбира телесната состојба, co која се рушат сите обиди на човековиот ум да ја исполни волјата Божја, сѐ додека човекот престојува во падната состојба, сѐ додека не е обновен co Духот:

Духот кога ќе се всели во човекот, го ослободува од ропството на гревот, разорувајќи го телото на гревот, т.е. телесната состојба во човекот.

Така треба да се сфатат и зборовите на апостолот:

Телото и крвта не можат да го наследат Царството Божјо (1. Кор. 15, 10).

Овде под зборовите тело и крв се подразбираат помислите и чувствата кои се раѓаат во паднатата природа и кои човекот го држат во телесна состојба по неговиот ум, срце и тело.

Оваа состојба се нарекува стар човек (Ефес. 4, 22), за кого апостолот му заповеда на христијанинот дека треба да го отфрли ‘и да се облече во новиот човек, создаден според Бога во правда и светост во вистината’ (Ефес, 4, 23-24).

Тоа е истото што го рекол и во Посланието до Римјаните: ‘Облечете се во Господа нашиот Исуса Христа’ (Рим. 13,14), и до Коринтјаните:

‘Така ќе го носиме и образот на Небесниот’ (1. Кор. 15, 49).

Познато е дека апостолот бил обновен co Духот и дека, движен од љубовта кон ближните, во име на паднатиот човек, кој се обидува да ги раскине гревовните окови, исповедал за состојбата предизвикана од падот – состојба во која човекот, мачен од злото што живее во него, не може да не прави зло, дури и кога би сакал да прави добро.

Таквото видение на човековиот пад претставува дар на Божјата благодат.

Пренесено од книгата “Енциклопедија на православниот духовен живот” од Свети Инатиј Брјанчанинов

Source: https://pokajanie.mk/2022/03/01/34113/

Share:

Example Admin User

Error facere repudiandae qui aut quia. Nihil incidunt at maiores earum voluptates saepe modi. Aut recusandae qui fuga quaerat iure. Doloremque praesentium inventore natus. Aspernatur doloremque iste voluptas placeat. Incidunt qui quia enim ducimus asperiores aliquam doloribus. Aut voluptatem voluptas earum ducimus neque laboriosam sint.

All author posts

Related Posts

Image Description
2 weeks ago

Мора да внимаваме нашите гревови, а не на гревовите на нашите ближни

 Мора да внимаваме нашите гревови, а не на гревовите на нашите ближни Голема и страшна е оваа Христова заповед. Сите ние, почнувајќи од мене, постојано меѓусебно се судиме и критикуваме и за тоа ќе му дадеме причина на Големиот суд на нашиот Господ и Бог Исус Христос. Тој ќе не суди затоа што и ние...

Image Description
1 week ago

Заедно со нашиот Христос се ќе поминете...

  Заедно со нашиот Христос се ќе поминете...Луѓето, дете мое, се поделени на овој свет на добри и лоши, богати и сиромашни, образовани и необразовани, благородни и груби, интелигентни и глупави. Но, сите тие се собираат во еден момент.Во болка. Затоа што сите луѓе, без исклучок, ќе страдаат во својо...

Image Description
1 month ago

Три работи го менуваат човек

 Три работи го менуваат човекот  Љубов, болка и молитва.Малку добри шанси некој има и љубовта може да му го промени животот. Тоа буквално може да го трансформира. И од див човек да стане светител. Од волк, да стане божјо јагне.Кога љубовта не е доволна, тогаш болката владее. И таа делува како можнос...