Дијалог меѓу еден старец и еден атеист (4)

Example User · 3 years ago

    2 minutes, 28 seconds


Четврт и последен дел од разговорот

Аepifanij2теистот: Морам да признаам дека твоите аргументи се прилично цврсти. Но, би сакал да те прашам уште нешто: зар не мислиш дека Христос го оставил Своето дело незавршено? А тоа, дека, ако не друго, нè напуштил. Не можам да замислам Бог што би останал рамнодушен на човечкото страдание. Ние овде долу толку се трудиме, додека Он горе останува апатичен.

Старецот: Не, чедо мое. Не си во право. Христос не го оставил Своето дело незавршено. Напротив, Он е единствениот случај во историјата, кога една личност ја има сигурноста дека Неговата мисија е завршена и не постои нешто што би се доправило или дорекло.

Дури и најголемиот од философите, Сократ, кој расправал и поучувал целиот свој живот, а при крајот сочинил една содржајна „Апологија“, ќе имал што уште да каже, ако живеел.

Само Христос – во временски рамки од три години – поучувал што требало, правел што требало и на крајот (на Крстот) рекол: „Се заврши“. Уште еден пример на Неговата божествена совршеност и авторитет.

А што се однесува на отсуството што го спомна, можам да ја разберам твојата грижа. Без Христа, светот би бил еден театар на лудило. Без Христа, не може ништо да се објасни: зошто постојат тагите, зошто неправдите, зошто неуспесите, зошто  болестите, зошто, зошто, зошто? Илјадници монументални „зошто“.

Обиди се да разбереш! Човекот не може да им пристапи на сите овие „зошто“ со неговата ограничена логика. Само преку Христос може да се објасни сè. Сите овие испити само нè подготвуваат за Вечноста. Можеби тогаш би биле удостоени од Господа со одговор на некои од овие „зошто“.

Можеби вреди да ти прочитам една прекрасна поема од колекцијата на Константин Калиникос „Ловори и мирти“, со наслов „Прашања“:

Прашав отец пустиник од седумдесет години,

Чии сребрени нишки беа разнесени од ветрот:

Кажи ми, оче, зошто, на оваа земја,

Светлината и темнината неразделно се движат?

И зошто мораат – како близнаци – заедно да растат:

Трнот и розата, солзата и насмевката?

Зошто, во најкрасниот дел од зелената шума

Скорпии има и змии ги сокриле гнездата свои?

Зошто така мора да биде, нежната пупка

Пред да го открие својот мирисен цут,

Да биде погодена од црв во стеблото свое

И да биде оставена да умре, како партал збрчкан?

Зошто плугот, семето и рацете

Неопходни се за житото, за леб наш да постане?

Зошто сè корисно, благородно, божествено мора

Секогаш со созли и крв наша да се стекне,

Додека себичноста секогаш разуздано господари,

А развратот светот го проголтува?

И зошто, меѓу таква хармонија наоколу,

Метежот и хаосот мораат да го најдат патот?

 

Пустиникот одговори со мрачниот свој глас

И со десната рака кон небото покажува,

Таму, над оние облаци од злато,

Семоќниот плете платно божествено.

Но, бидејќи сме скитници на областа долна

Не гледаме ништо, но сал јазли и конци долу,

Не е чудно, што умот погрешно зерца,

Кога секогаш да благодари и да пофалува треба:

Зашто денот ќе дојде, кога христијаните сите,

Со души што небесата со крилја ги минат,

Ќе погледнат кон платното Божјо и ќе видат

Колку сè внимателно и поредочно било!

 

Чедо мое, Христос никогаш не нè напуштил. Он е секогаш со нас, како помошник и поткрепувач, до крајот на векот. Но ова ќе го сфатиш, само кога ќе станеш совесен член на Неговата Црква и соединет со Нејзините свети тајни.  

Извор: www.johnsanidopoulos.com

Прв дел    Втор дел    Трет дел

Подготвил: Георгиј Глигоров

Source: http://mistagogia.mk/dijalog-megju-starec-i-ateist-4/

Related Posts

Image Description
2 years ago

Познат научник тврди дека Бог постои

https://www.youtube.com/watch?v=jremlZvNDuk Мичио Каку е теоретски физичар и еден од најпочитуваните научници на денешнината. Тој тврди дека нашол доказ за активноста на силата „што владее со сé.“Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле дебатите околу...

Image Description
3 years ago

Религија и наука (13): Заклучок

Инквизицијата барала докази и јасно разликување на математичката хипотеза и физичкиот модел од тврдењата за структурата на самата реалност. Галилеј само ја докажал својата вера во она, што тој го сметал за вистина – но, вистинитоста на неговата вера сè уште не била докажана. И не е за чудење тоа, де...

Image Description
3 years ago

Библиската археологија како аналитичка дисциплина

Од средината на 19 век, кога започнале систематски археолошки истражувања во Палестина и библиските земји на Блискиот исток, пред библиската археологија стоеле две задачи: прво, теренски експедиции и ископувања за откривање на нови артефакти; второ, осмислување на најдените артефакти во врска со рас...