Гордиот разум е постојано гладен за нови информации… (Митрополит Наум)

Example Admin User · 4 years ago

    1 minutes, 57 seconds


Разумен проблем (24.01.2021 16:58)

Некои луѓе стварно имаат проблем со својот разум. Нивниот разум не е духовен. И, тоа е очигледно. Патем, едно е духовен, а сосем друго интелектуален разум; самите ќе разберете понатаму. Како настанува проблемот со разумот?

Во денешното евангелие читаме: „Оттогаш почна Исус да проповеда и да говори: ’Покајте се, зашто се приближи Царството Небесно!‘“ (Матеј 4, 12–17).

Покајанието, во суштина, е преумување; кога нашиот ум од горд, расеан и затемнет, во содејство со Божјата несоздадена благодат, се преобразува во смирен, собран и просветлен; како и кога се здобиваме со духовен разум.

Рековме дека умот има една енергија со која врши две функции: примарна и секундарна. При примарната функција, умот ја насочува својата енергија кон Бог, а при секундарната функција ја носочува својата енергија кон созданието.

Примарната функција на умот, човекот ја користи за комуникација – за однос и заедница со Бог. Секундарната, човекот ја користи за комуникација со тварта, со созданиjата. Секундарната функција на умот се нарекува разум.

Секундарната функција на умот – разумот, функционира правилно само доколку правилно функционира и примарната функција, т.е. доколку Божјата обожителна енергија и светлина се соедини со кон неа насочената човeчка енергија, при вршењето на примарната функција на умот, и кога при тоа енергетско соединување човечката енергија биде преобразена и просветлена.

Ова е состојба на просветлување на умот и крај на дуализмот во човекот; крај на внатрешната подвоеност и на чувството на отцепеност од овој свет; и крај на пресудното влијание на светот врз енергијата на нашиот ум (разум).

Со прости зборови, само просветлен ум (разум), преку умно-срдечната молитва, во Црквата, може правилно да расудува и во комуникацијата со Бог и со овој свет и неговите појави. За ова сум пишувал повеќепати.

Сега, разумот кој не е духовен, т.е. кој не е просветлен, ја следи состојбата на својот ум – тој е затемнет, расеан и горд; шизофреничен и параноичен.

Гордиот разум не се потпира на Бог и на верата и довербата во Бог, туку се потпира на многуте информации, на себе и на своето размислување. Гордиот разум е надвор од послушание и затоа е постојано гладен за нови информации.

Од друга страна, гордиот, расеан и затемнет разум нема просветленост преку која би ја препознавал вистинитоста или лажноста на информациите, и затоа уште повеќе се збркува и затемнува, а човекот страда во параноја.

За греота се луѓето со непросветлен разум – какви што се религиозните социопати, посебно во времиња – како нашево; ем самите страдаат, ем други побркуваат. Наместо еднаш, таквите ја преживуваат апокалипсата секој ден.

Пресвета Богородице, спаси нас!

Митрополит Наум

Source: https://pokajanie.mk/2021/01/24/30540/

Share:

Example Admin User

Error facere repudiandae qui aut quia. Nihil incidunt at maiores earum voluptates saepe modi. Aut recusandae qui fuga quaerat iure. Doloremque praesentium inventore natus. Aspernatur doloremque iste voluptas placeat. Incidunt qui quia enim ducimus asperiores aliquam doloribus. Aut voluptatem voluptas earum ducimus neque laboriosam sint.

All author posts

Related Posts

Image Description
4 years ago

Молитвен подвиг или беспомошно чекање! (Митрополит Наум)

Молитвен подвиг или беспомошно чекање (13.12.2020 11:22) Денешново празнично евангелие (Јован 1, 35–51) е уште едно историско сведоштво и конкретен пример на совршена молитвена заедница и однос помеѓу Бог и човекот; сведоштво за исполнета молитва. Кога Христос му вели на Натанаил: „кога беше под смо...

Image Description
2 weeks ago

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

  презвитер Горан СтојчевскиЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ „Овој свет се движи и живее благодарение на нејзината чудесна, исцелителна моќ. Кога не би постоела, кога би престанала да се служи, нашиот страшен и грешен свет, од нечистотија, болест и беззаконија би се срушил, би пропадна...

Image Description
3 years ago

Митрополит Струмички Наум: Неделата на раслабениот (22.05.2021)

Неделата на раслабениот (22.05.2021 15:56)              Штом Христос се воплотил и се поистоветил со нас, тогаш нема причина за очајание. Тој секако се појавува во нашиот живот; и тоа безброј пати. Наше е само да ја препознаеме посетата.Богочовекот Христос иконично нѐ посетува многупати, и глав...