Кој може да биде ученик Христов?! (Митрополит Наум)

Example Admin User · 3 years ago

    0 minutes, 59 seconds


Кој може да биде ученик Христов (01.12.2020 11:35)

„Со Него одеше многу народ; а Он се заврти и им рече: ’Ако некој дојде при Мене и не го намрази татка си и мајка си, жената и децата свои, браќата и сестрите, па дури и душата своја, тој не може да биде Мој ученик‘.“

Видете го денешново евангелско четиво (Лука 14, 25–35); што значи тоа да ги намразиме своите најмили?

Како тоа, да ги намразиме? Нели требаше да ги љубиме?

Накратко.

Да, треба да ги љубиме; но секогаш кога ќе бидеме поставени пред краен избор – Богочовекот Исус Христос или кој било (или што било) од тие што ни се најмили, ние Го бираме Него, а не кој било (или што било) од нив, па дури и да се во прашање сите и сѐ заедно.

Значи, заради Господ Исус Христос подготвени сме да се откажеме од сѐ најмило, но од Него, за никого и за ништо, не се одрекуваме.

Тоа го направиле мачениците, тоа го направиле вистинските монаси, тоа го направиле сите свети.

Во очите на светот тоа изгледа како омраза кон татка си и мајка си, жената и децата свои, браќата и сестрите, па дури и душата своја; да не спомнувам род, народ, татковина и сл.

Но, христијанинот најдобро знае дека без вистинска љубов кон Христос не постои вистинска љубов кон никого и кон ништо.

„Така и секој од вас, кој не се откаже од сè што има, не може да биде Мој ученик.“

Пресвета Богородице, спаси нас!

Митрополит Струмички Наум

Source: https://pokajanie.mk/2020/12/01/30055/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
2 years ago

Митрополит Струмички Наум: Свињарски идентитет (27.11.2021)

Свињарски идентитет (27.11.2021 16:55)Бесомачениот што Христос го исцели побара да оди по Него, а локалните жители останаа без Него затоа што не Го примија, односно, побараа да си оди од нивниот крај. Ова евангелско четиво (Лука 8, 26–39) покажува дека видливо бесомачените можат полесно да бидат ис...

Image Description
2 years ago

Јован Пачемски: Недела на митарот и фарисејот (13.02.2022)

(Архива на Преминпортал) ( Скопје, 21ви февруари 2021 г.- храм на св.Јован Крстител Недела на митарот и фарисејотЕвангелие според Лука зачало 89Лука 18, 10-14 Во името на Отецот, Синот Светиот Дух,Од денеска, драги браќа и сестри, ние започнуваме со духовните подготовки за Велигдснскиот пост. Денес...

Image Description
3 years ago

Гордиот разум е постојано гладен за нови информации… (Митрополит Наум)

Разумен проблем (24.01.2021 16:58) Некои луѓе стварно имаат проблем со својот разум. Нивниот разум не е духовен. И, тоа е очигледно. Патем, едно е духовен, а сосем друго интелектуален разум; самите ќе разберете понатаму. Како настанува проблемот со разумот? Во денешното евангелие читаме: „Отто...