Господи, прости ни нам неразумните!

Example Admin User · 3 years ago

    3 minutes, 10 seconds


Прашај ја својата совест, брату:

“Дали се придржуваш до секоја богослужба во храмот”, дали внимателно се внесуваш во сите оние молитвословија и песнопеења кои ги вознесува Светата Црква?

Еве ни го училиштето, еве ни го најпотребното и највистинското богословие, најпокајните молитви, највдахновеното славословие пред Господа. А го храниме ли co ова нашиот разум и нашата душа?

He, Господи, прости ни нам неразумните!

Честопати не доаѓаме во храмот на самиот почеток од богослужбата, постојано се туркаме за време на службата, сметајќи им на другите, гласно разговарајќи додека купуваме свеќи, непрестајно преоѓаме од едно место на друго.

Така и самите не слушаме што се чита за време на службата, а им пречиме и на другите, одејќи далеку од чистото и вистинско богословие.

Господи, прости ни нам грешните!

А некои од нас, самите себеси се сметаат за многу начитани и речиси сезнајни! Таквите службата ја слушаат раздразнето и co осуда, мислејќи:

„Што е тоа што зборува тој постојано едно те исто”, потполно заборавајќи дека свештенослужителот кој проповеда од амвонот, стои на каменот отчепен од Гробот Господов, и не може да биде без душевна корист зборот на благовеста Христова од светото место.

И најскромната, да речеме, проповед од амвонот, постојано нѐ учи на вистините на светата православна вера! Господи, прости ни нам кои се одвојуваме од светите зборови Твои!

б) He читаме душекорисни книги, постојано давајќи изговор дека не можеме да ги набавиме, и повторно е тоа лошо оправдување!

А, ja читаме ли Книгата над Книгите, Светото Евангелие?

Евангелието го има речиси секој од нас, но доколку уште не го набавил, тоа е знак на негова крајна немарност.

Се поучуваме ли од зборовите на оваа книга на животот? Светата Црква установила секој ден задолжително да се чита Евангелието и Посланието на Светите Апостоли.

Можеби секој од нас не може во храмот да го ислуша она што е предвидено за читање, но може ли било што да ни попречи во секојдневното домашно читање, барем по една глава?

Колку од нас овде присутни кои го изнеле своето покајание пред Лицето Господово, барем еднаш внимателно го прочитале Евангелието, Делата Апостолски и Посланијата?

Прости ни, Господи!

He само што дома не го читаме Евангелието, туку и во храмот не слушаме co доследно внимание!

Ние христијаните, должни сме постојано во Божјиот Храм да имаме страв Божји, а додека се чита Светото Евангелие, должни сме co најголемо спокојство, наведнувајќи ја главата, внимателно да го слушаме Божјото слово.

А како ние се однесуваме во овој најсветол момент?

Добро е дури ако и не се туркаме во тој момент. Добро е доколку во тој момент не палиме свеќи и не проаѓаме низ храмот, одвлекувајќи го вниманието на другите.

Добро е доколку за тоа време, кога сме божем „слободни”, не најдеме за потребно да ги местиме свеќите или палиме кандилата (а и тоа ни се случува, Господи, прости ни!)

И добро е доколку тогаш не ги замараме другите co непотребни празни разговори, во што исто се состои нашиот грев,

Господи! Покајте се пред Господа вие кои така постапувате!

Но, ако формално не го нарушуваме богослужбениот ред, и co своето недостојно однесување не го обесветуваме светото Божјо слово, кој од нас може да се пофали дека co искрено внимание и почит го слуша Светото Писмо?

Зарем зборовите не ни проаѓаат no површината на слухот, зарем не остануваат далеку, не само од срцето, туку и од нашиот ум кој за тоа време талка кој знае каде?

Господи, прости ни поради невниманието наше, поради нашата дрскост, лекомисленост и студенило кои не обземаат за време на богослужбата.

Да се покаеме денес пред Господа и штом свештеникот ќе почне да чита од Евангелието, да престанеме co сите споредни работи, сите разговори и движења по храмот, да ги приклониме своите глави и co најголемо внимание да го слушаме Евангелскиот збор.

А за такво нешто не е потребно да имаме голем ум, ниту е тоа некој посебен подвиг.

Ho, ако покрај вас застане некој брат, кој денес не ја слушал проповедта пред исповед и не знае како треба да се однесува во храмот, немојте да негувате злоба во своите срца кон него. Подобро е, ако го запаметите, да му пријдете по службата co љубов и благонаклонетост и да се обидете да му објасните како му доликува на еден христијанин да се однесува за време на читањето на Евангелието.

Така прават вистинските христијани.

Пренесено од книгата “Господи, очисти ги моите гревови” Практичен прирачник за Светата Тајна Покајание и Исповед, Лесново, 2013

Source: https://pokajanie.mk/2021/01/27/30554/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Старец Петрониј: Ако човекот не се моли, Му станува туѓ на Бог

  Ако човекот не се моли, Му станува туѓ на Бог Ова е една од најсериозните работи кои треба да ги правиме. Човекот, оптоварен со телевизорот (компјутерот), не може да се моли; бидејќи е расеан, тој не може да се моли, тој го губи најсветото. А Спасителот вели: „Молете се постојано!“ ...

Image Description
3 years ago

Дојди додека си млад

Пред извесно време на интернет страните се вртеше едно видео, во кое еден босански лекар, на хумористичен начин, ја опиша навиката на нашите луѓе да одложуваат сѐ за во последен момент. Тој вели: „Ми доаѓаат луѓе три дена пред смртта и ме прашуваат, што да правам. А јас им...