“He убивај” Што се’ преставува оваа заповед – убиство?

Example Admin User · 2 years ago

    5 minutes, 17 seconds


Шеста Божја Заповед “He убивај”

Што ќе кажеме во врска co оваа заповед ние, кои сме решиле да ги исправиме своите патишта и да го изнесеме своето покајание пред Лицето Господово?

Убиство, убиец – о, колку се тоа страшни зборови!

Колку е страшно да се убие, односно да му се одземе на некого најголемиот дар – дарот на животот!

Ако меѓу вас има такви кои некогаш извршиле непосредно убиство, значи коишто некого волно или неволно му одземале некому живот co оружје, раце, автомобил, отров или нешто друго, тие мораат да се исповедаат и покаат пред свештеник.

Повеќето од нас сега мислат:

“Фала му на Бога, никого не сум убил; значи, не сум згрешил пред Господа нарушувајќи ја оваа заповед”.

Ho, има уште едно страшно непосредно убиство – тоа се абортусите, чедоморството, појава мајките да ги предаваат на смрт своите неродени деца, додека им се уште во утробата.

Тоа убиство е двојно и страшно:

мајката-убиец го убива не само телото, туку и духот на своето чедо!

О, покајте се, горко покајте се сите вие безумни мајки, кои сте го направиле тоа злодело!

Кој ви го дал тоа право да располагате co животот и смртта, како се осмелувате да одлучите кое од вашите деца ќе живее, а кое нема?

Можеби сте го убиле следниот гениј, можеби сте му одземале живот на некого кој co своите молитви ќе го спасува светот, сте умртвиле добар човек, човек co големо срце и чудесен ум!

Сте умртвиле некого којшто можеби би бил голем духовник, човек околу којшто би се спасувале илјадници луѓе, или некој народен водач, кој можеби животот би го посветил на добрината на својот род и татковина.

Потонуваме во крвта од убиените младенци, и тоа е крв којашто повикува кон небото!

He мислете во своето безумие дека тој грев ќе помине без казна.

Тоа е премногу страшен грев!

Затоа покајте се и плачете сите вие чијашто совест е извалкана co крвта на сопствените убиени деца!

Господи, прости ни нам грешните!

И повторно, многу од нас не ги осудуваат во мислите мајките-убијци и замислуваат дека во овој случај тие се потполно невини.

Вината лежи и во сите оние, кои на овој или на оној начин учествувале во гревот на чедоморството:

грешни се пред Господа и лекарите и медицинскиот тим кои помагале да се спроведе тој чин, мајките и родителите, роднините, пријателите и сите оние кои ја поттикнувале или оправдувале намерата детето во утробата да се лиши од живот.

Но, и доколку не сме учествувале во непосредни убиства и чедоморство, бескрајно сме виновни и за перфидното секојдневно убивање на нашите ближни co својот суров однос кон нив.

Сега накратко ќе наброиме само некои од гревовите од овој вид, гревови кои исто така повикуваат кон небото.

Послушајте ги овие зборови и покајте се од сѐ срце co најголема скрушеност и солзи, оти сите тие се гревови против љубовта кон ближните, без којашто љубов целиот наш живот ќе биде осуден на страшен суд, пред лицето на Живиот Бог, независно од тоа колку подвизи сме направиле и колкаво било нашето воздржување.

1. Многу се блиску до вистинско убиство и оние кои во гнев и раздразнетост ги тепаат и удираат своите ближни.

Можеби сте му нанеле повреда некому co удирање?

Можеби премногу сте им се гневиле на своите деца и сте ги тепале, co секоја злоба и суровост на срцето?

Господи, прости ни нам грешните!

2. Испитајтеја својата совест, дали некој од вашите ближни или било кој на светот умрел, затоа што не сте му помогнале навреме?

Можеби некој умирал од глад, а вие не сте дошле на помош, можеби некој се давел во река, а вие не сте преземале потребни мерки за да го спасите, можеби некој умирал од болест, а вие доцна сте пристигнале или воопшто не сте дошле и човекот умрел.

Можеби пред ваши очи тепале или се обиделе да убијат некого, а вие не сте се обиделе да го поштедите и не сте му помогнале?

Можеби сте слушале крици и лелекање на унесреќен човек, а сте побегнале, или сте заклучиле врата, сте изгасиле светло, сте затнале уши.

Господи! Па какви Христијани сме ние, ако било што такво сме допуштиле?

Господи, прости ни нам грешните!

3. Нели сме убрзале нечија смрт, така што сме го поттикнувале човекот на опасности, сме го истоштувале co работни обврски, не сме му верувале дека е болен и дека му е тешко, исмејувајќи го и префрлувајќи му дека измислува, можеби сме го приморувале да се напрега во болеста и co тоа сме го туркале кон смртта.

Господи, прости ни нам грешните!

Господи? Сме ги убивале своите ближни и кога во гневот сме ги опсипувале co грди зборови, пцовки, навредливи и сурови зборови!

Секој од нас на своја душа искусил како душата ја убива злобниот, суров, жесток збор, па како тогаш можеме и самите co истиот меч да им нанесуваме тешки рани на другите луѓе?

Господи, прости ни нам, грешните, кои сите до еден сме ги убивале ближните co пресилни и неодмерени зборови.

Во Првото Послание светиот апостол Јован Богослов вели:

„Секој, што го мрази братот свој, е човекоубиец” (1. Јован. 3, 15).

Ha кого од вас му се случило во својот гнев и јарост да касне човек?

О, па тоа е безумие! – ќе си помислите.

Но, слушнете што вели Боговдахновениот свети Јован Златоуст:

„Оние кои прават зло co своите зборови се многу полоши од оние кои касаат.

Првите ја касаат душата co своите зборови, нанесувајќи рана на доброто име и душата на својот ближен, неизлечива и непреболена рана, додека другите co забите го гризаат само телото.

Затоа таквите се подложуваат на уште поголема казна и мачење, и затоа е поголема грижата на совеста”.

Господи! Кој од нас е виновен за ранувањето на нашите ближни?

Принесете го своето покајание пред Господа.

Господи, прости ни нам грешните!

Чувајте се да не извалкате нечија чест, па макар и да се работи за најголем непријател, за човек co кој сте си замериле или кој поради нешто не ви се допага.

Пазете се да не извршите нечие духовно убиство, затоа што за него исто така ќе дадеме одговор пред Страшниот Христов Суд, и тоа не е ништо помалку отколку телесното убиство.

5. Значи, доколку пo карактер сте мирни и воздржани, но знаете дека некој од вашите браќа лесно се гневи и се избезумува, не сте ли поттикнувале некого на гнев заради забава?

Можеби co своето инаетење или co своето молчење сте предизвикале некого на гнев, пцовки, тепачка?

Господи! Помилуј нѐ нас грешните!

6. Можеби co својата зајадливост и желба сакате вашиот збор да биде последен во секоја кавга, и co стремежот да инсистирате на своето мислење, без оглед на тоа дали сте во право или не, сте ги доведувале луѓето до бес?

Тогаш не сме без грев, затоа што сме го навеле братот свој на грев. Господи, прости ни нам грешните!

7. Блажениот Августин пишува: „He мисли дека не си убиец, ако својот ближен си го навел на грев. Ти ја изопачуваш душата на својот брат кого си го соблазнил и го одземаш од него тоа што припаѓа на вечноста”.

Да речеме, сте викале некого на пиење, сте го поттикнувале да се одмазди и да одговори на навреда, сте го соблазнувале да појде на некоја бесрамна претстава за време на пост, сте го развратувале својот ближен co своите безобразни и невкусни шеги, co книги кои не му доликуваат на еден Христијанин, празниразговори итн.

Ha тој список му нема крај.

И сето тоа е убиство. туркање на душата на својот ближен во грев!

Господи, прости ни нам грешните!

Пренесено од книгата “Господи, очисти ги моите гревови” Практичен прирачник за Светата Тајна Покајание и Исповед

Подготви М. Даниловска

Source: https://pokajanie.mk/2021/10/24/33202/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Ретроспектива (2005-2020): Раскази на еден поклоник - Втор расказ

ВТОР РАСКАЗ Долго време патував по секакви места, придружуван од молитвата Исусова, која ме закрепнуваше и ме тешеше по сите патишта, во секоја околност и при секоја средба. На крајот, ми се стори дека ќе направам добро ако се запрам негде за да најдам некоја поголема осамотеност и да го проучув...

Image Description
3 years ago

Ретроспектива (2005-2020): Свети Пахомиј Хиоски – Поуки

13ти декември   2020 лето Господово   Свети Пахомиј е роден во 1840 година на островот Хиос. Беше замонашен на возраст од 22 години во свештениот манастир на свети Сава во Светата Земја. Се врати на Хиос во 1865 и го основаше Скитот на Светите Отци. Се упокои во Господа на 14 октомври 1...

Image Description
3 years ago

Молитва на света Ана

Света Ана е надеж на неплодните и на оние кои не можат да родат. И таа заедно со нејзиниот сопруг светиот Јоаким со горешти молитви, солзи, постојани молби го умолија Бога да им даде дете. Конечно, Бог ги слушна нивните моитви и во 69 година од животот се удостои да стане...