Има ли пострашен суд?

Example Super-Admin User · 11 months ago

    2 minutes, 22 seconds


 TVIT404

Има ли пострашен суд?

           Најстрашниот суд, велат светите, е судот на сопствената совест. Спознанието дека сме згрешиле против љубовта Божја со тоа што сме се одрекле од самиот Господ. Ништо не ни укажува за ова толку јасно како евангелското сведоштво од одрекувањето на Господа од страна на апостол Петар.

Краток е, навистина, евангелскиот опис за одрекувањето на Петар. „И погледувајќи наназад, Господ погледна во Петар, и Петар се сети на словото Господово како му рече: Пред да запее петел, трипати ќе се одречеш од мене“. Петар, со сета своја збунетост, го забележа ова. Погледот на Учителот и Господ навлезе во неговото срце. Изгледа дека повторно го слуша судбоносното предвидување: „пред да запее петелот, трипати ќе се одречеш од Мене...“ Зарем ова не е слика на Страшниот суд?

Зарем Христос нема да нè погледне така, со болка, со прекор, со кроткост и воедно со жалење? И тоа е целиот Суд! Како топлиот, најсветол поглед, полн со љубов и тага ќе биде страшен, болен за срцето, кое ја предало оваа љубов! Тогаш душата веднаш ќе се сети на сè - колку пати, каде и кога била предавник. Ете, тоа се „книгите на судбината“,и „свитоците“ со списокот на гревовите, тоа е огнот што гори, и црвот што не спие, и студот тартарски... Велам дека оние што се измачуваат во пеколот се ранети од камшикот на љубовта! И колку е горчливо и сурово ова мачење на љубовта! Зашто оние што осетиле дека згрешиле против љубовта трпат мачење поголемо од кое било мачење што предизвикува страв; тагата што го погодува срцето поради гревот против љубовта е пострашна од секоја можна казна... По мое мислење,каењето е пеколно мачење.

Трикратно пеење на петелот! Трикратно откажување! Уште не осамнало, се ближи крсниот ден на испитанието на верата - Велики петок,сеуште се само потсетувања во мугрите на идниот ден на Страшниот суд, на страшните настани, засега е сеуште ноќ... Сè уште има тешки искушенија пред човештвото, соблазната на антихристот, колку уште треба да се испита православната вера...?

А ние, греејќи се покрај огнот, се опуштаме од топлината на непостојаниот моментален мир, не се откажавме од Христос трипати - но многупати, и продолжуваме да се одрекуваме...

                  Затоа, по повикот на ангелската труба во зората на осмиот ден, најсветите очи ќе кажат немо - ќе кажат кротко, тивко, тажно: „Ти се одрече од Мене“, и ќе се одврати од нас Божествениот лик . . Тоа е тоа! Но, која пресуда е пострашна од оваа? Што може да биде поболно? Душо, душо! Тогаш ќе се присетиш на сè! Како, кога ќе изгубиме близок човек, и сите лоши и горчливи работи што некогаш сме му ги кажале или направиле, ќе поминат пред очите на нашето срце! Како секој таков спомен ја гори, ја сече душата, се протега низ срцето, како конец со крути јазли, ја сече, ја мачи душата: „Зошто, зошто реков? Зошто го зборував тоа?» Овие прашања, како пијавица, го цицаат целиот живот од срцето, го разјадуваат мирот, сето добро, ја растргнуваат сета духовна градба, самото тело се суши, страда. И тоа се случува во овој миг... Треба да се запамети, да се сетиме на погледот упатен кон Петар. Не треба да се плашиме од смртта, не треба да се плашиме од пеколот, туку од тој кроток поглед што му беше упатен на Петар!

TVIT406

Старец Лазар Абашидзе

Извор Пријатељ божји

За Преминпортал Симеон Стефковски

 13ти април 2023 лето Господово

 

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/duhoven-azbuchnik/25905-ima-li-postrashen-sud

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
5 months ago

Празник на иконата на Пресвета Богородица „Брзопослушничка“

Празник на иконата на Пресвета Богородица „Брзопослушничка“             Историјата на иконата е поврзана сo светогорскиот манастир – Дохијар, во кој првпат била пројавена благодатната сила на оваа чудотворна икона. Се претпоставува дека иконата била насликана во 10 век, за време на игуменот н...

Image Description
11 months ago

Независност и потреба

Архимандрит Павлос Пападопулос Можеби убаво е да си „независен“, но сите имаме потреба од луѓето околу нас. Имаме потреба, иако често пати одбиваме да го прифатиме тоа, од луѓе кои нѐ сакаат и се грижат за нас. Но, не само тоа. Мислам дека имаме потреба од луѓе на кои можеме да се потпреме. Луѓе кои...

Image Description
11 months ago

За да го здобиеме обожението, треба секогаш да бидеме свети – Старец Јосиф Ватопедски

Не постои друг пат освен спасението, освен искрената исповед, за да се воспостави она што преку овие два бунта е изгубено. Враќањето кон Бога зависи од ова толку, колку што и во природните дисциплини е потребно строго вежбање. Нашето ослободување од насилството на беззаконието, кое поради нашата лош...