Празник на иконата на Пресвета Богородица „Брзопослушничка“

Example Super-Admin User · 5 months ago

    2 minutes, 33 seconds


Празник на иконата на Пресвета Богородица „Брзопослушничка“




            Историјата на иконата е поврзана сo светогорскиот манастир – Дохијар, во кој првпат била пројавена благодатната сила на оваа чудотворна икона. Се претпоставува дека иконата била насликана во 10 век, за време на игуменот на Дохијарската обител, преподобен Неофит. Околу средината на 17 век, таа се наоѓала во нишата на надворешниот ѕид, пред влезот во манастирската трпезарија. Таму често поминувале монасите, а по послушание, блиску до иконата најчесто поминувал трпезникот Нил, навечер, држејќи во рацете запален факел, од кој излегувал густ чад. Еднаш, одејќи покрај иконата, тој слушнал глас: „Оче Ниле, во иднина не приближувај се овде со запален факел и не чади го Мојот лик“. На почетокот монахот се уплашил, но потоа, мислејќи дека тие зборови ги рекол некој од браќата, брзо заборавил на случката и продолжил ноќе да поминува покрај иконата со запален факел.

По некое време, тој повторно го слушнал истиот глас: „Монаху, недостоен за тоа име! Уште долго време ли така безгрижно и бесрамно ќе го оштетуваш Мојот лик!?“ Слушнувајќи ги тие зборови, монахот веднаш ослепел. Покајаниот монах за миг паднал на колена пред иконата и цела ноќ, до доаѓањето на браќата, Ја молел Пресветата Дева за прошка. Монасите, кога разбрале за чудото, во страв припаднале пред чудотворната икона. Пред неа запалиле незгасливо кандило, а на новиот трпезник му наредиле секоја вечер да пали темјан и да кади пред иконата.

Монахот Нил, надевајќи се на големата милост на Божјата Мајка, останал покрај иконата и решил да не си оди се додека не добие исцеление. Усрдната молитва набргу му била услишана. По некое време, коленичејќи пред иконата, тој повторно го слушнал познатиот глас: „Ниле, услишана ти е молитвата, простено ти е, и повторно се враќа видот на твоите очи. Извести ги сите браќа дека Јас сум покров, грижа и закрила на нивната обител, посветена на архангелите. Тие, и сите христијани, нека Ми се обраќаат во неволјите, а јас никого нема да го оставам. На сите што со побожност ќе прибегнат при Мене ќе им бидам Застапничка, а сите нивни молитви ќе бидат исполнети од Синот и Мојот Бог, поради Моето застапништво пред Него. Отсега па натаму, оваа Моја икона ќе се нарекува Брзопослушничка, зашто на сите што ќе прибегнуваат кон неа, брзо ќе им се смилувам и брзо ќе ги услишувам нивните молитви“.

По овој случај било востановено постојано празнување на иконата. Преминот кон трпезаријата на страната каде што се наоѓала иконата бил затворен, местото околу чудотворната икона било заградено, а од десната страна на иконата, при самата трпезарија, бил изграден параклис во чест на иконата „Брзопослушничка“. Копии од оваа чудотворна икона се наоѓаат во многу православни земји, од кои им се излева благодатна сила на сите што прибегнуваат со вера и скрушено срце кон нив.

Прва икона на оригиналот од чудотворната икона се наоѓа во метохот на Дохијарската обител, во с. Сохос, во Р. Грција. Втората се наоѓа во светиот град Ерусалим, во Спасо-вознесенската обител на Елеонската Гора. Третата се наоѓа во црквата „Свети вмч. Пантелејмон“ во Николајскиот двор, во Китај-город, Русија. Четвртата се наоѓа во манастирот „Свети Архангел Михаил“ на Зверинце во Киев. Петтата икона се наоѓа во градот Струмица, Македонија.

 

Тропар
Да прибегнеме кон Богородица ние кои сме во мака и да припаднеме пред Нејзината света икона, повикувајќи со вера од длабочината на душата: „Побргу услиши го нашето моление, Дево, оти Брзопослушничка си наречена. Ние, Твоите слуги, за брза помошничка Те имаме во неволјите“.

 

 

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost-2/zhitija/27413-praznik-na-ikonata-na-presveta-bogorodica-brzoposlushnichka

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
8 months ago

Житие на новопрославениот светител Порфириј Капсокаливиски

(1906-2.12.1991)                  Старецот Порфириј е роден во 1906 година во Свети Јован Каристијски, на Евија. Неговото световно име е Евангелос. Во училиште одеше само две години. Болеста на учителот и сиромаштијата на семејството го принудија да работи како овчар, пасејќи ги нивните неко...

Image Description
7 months ago

КАКВА СМРТ ИМАЛА САЛОМИЈА - ОНАА КОЈА ЈА ПОБАРАЛА ГЛАВАТА НА СВ.ЈОВАН КРСТИТЕЛ

,,Заштo ситe кoи сe фаќаат за нoж, oд нoж ќe загинат" (Мт. 26:52).             Сeкoј грeв e нoж и oбичнo луѓeтo бидуваат пoгубeни сo oнoј грeв кoјштo гo правeлe сo жeлба. Taка се случило и со Салoмија, сквeрната ќeрка на Ирoдијада, кoја ја пoбарала и ја дoбила главата на Св. Јoван Крститeл н...

Image Description
10 months ago

За една чинија леќа

Исав и Јаков Во Стариот Завет имаме многу настани и личности, од кои, ако сме мудри, можеме многу да научиме. Еден од тие е и настанот, со браќата близнаци Исав и Јаков. Исав бил првороден и со тоа благословот Божји и наследството му припаѓале нему. Тој бил силен, воинствен, а Јаков бил кроток и мир...