- манастир на Архангел Михаил Последниот мозаик во моментов , кој со многу љубов и талент го изработува сестра Синклитикија, посветен е на Покровот на Пресвета Богородица. се излева молитвата Господи помилуј, Господи помилуј, Господи помилуј... Заштитени под крилјата на Архангелите и сплотени под Покровот на Пресветата Наша Богородица, камче по камче, и молитва по молитва никогаш да не престанеме да го градиме Царството Небесно во нашите срца. Пресвета Богородице, чувај не! Друго: Монахиња Синклитикија, замонашена е во 1997 година. На 23 јуни 2010 година, во Скопје, магистрираше на Институтот за социлошки и политичко-правни истражувања . Целта на магистерската работа е прикажување на организацијата и структурата на монашкиот живот во манастирите во Македонија, со што би се добиле јасни, конкретни и доследни информации за тоа што всушност претставува монаштвото во својата целина и што претставува манастирот воопшто. Со изработка на мозаици се бави веќе десетина години Преминпортал (с.с/к.т) Берово, 13-ти октомври 2016 год.
Сочинувајќи го мозаикот на нашата Пресвета Богородица, од длабочината на камчињата
Камче по камче...и молитва по молитва... така се стигнува до она Вечното и Вистинитото.
Да се направи една шара или да се претстави ликот на Пресвета Богородица е вистинска радост. Но не е се така едноставно. Има многубројни пречки кои треба да ги истрпиме...да истраеме низ битките за да стигнеме до целта, однапред поставена. А таа е толку едноставна и јасна... Потребни се само љубов, верба и надеж за да останеме доследни Христови војници, кои храбро чекорат по патот на послушанието на духовниот Отец.
Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/manastiri-i-crkvi/18146-kamche-po-kamche