Гласот на Педесетницата е глас на создавање кое се трансформира во славна слобода на Божјите деца.

Example Super-Admin User · 7 months ago

    2 minutes, 45 seconds


 Гласот на Педесетницата е глас на создавање кое се трансформира во славна слобода на Божјите деца.


Земјата е чудесно место - без оглед на тоа каде одиме - колку длабоко , колку  далеку , колку високо , колку е жешко ,како е гостопримливо - на ова место наоѓаме живот.


Каде и да погледнеме на најблискиот сосед - Марс - не наоѓаме - нема живот.Сакаме да пронајдеме живот.Се надеваме дека ќе пронајдеме живот.Теоретизираме живот Но , сеуште мораме да го пронајдеме.

Постои нешто во животот ,барем во нашето земјено искуство,што е неумоливо Секој поединечен случај на живот може да биде нежен ,но самиот живот трае.На сметка на Генезата ни зборува дека Бог ја благословил оваа планета и рекол:

И Бог рече: нека земјата роди трева,тревата која дава семе и овошката која дава плод спрема својата врста,чие семе е само по себе на земјата; и така стана.
Земјата роди трева,тревата која дава семе по својата врста и дрво кое дава плод,чие семе е само по себе од својата врста.А Бог виде дека тоа е добро.( Битие1: 11-12)

Имајте на ум дека не пишува дека Бог рекол,,Нека живее" ! и животот штотуку се појави….( Боом ! Дрвја),но дека тој го благословил ова место и му заповедал да донесе трева …. растенија….дрвја…..према нивната врста…и беше така!

Празникот Духовден
во источната традиција го слави симнувањето на Светиот Дух во Црквата како што прават сите христијани ширум светот.
Меѓутоа,во источната верзија постои чуден аспект( или така изгледа).
Празникот толку се фокусира на делото на Светиот Дух во создавањето колку и на Духовната работа во Црквата.
Црквата е украсена со зелена боја.Во руската традиција,гранки од бреза се внесуваат во Црквата,на подот е поставена зелена трева ,цвеќе насекаде.
Во советските времиња останала секуларна верзија на фестивал кој се викал,,Ден на дрвото.

Слегување на Светиот Дух на Црквата не е нешто одвоено од Создавањето - ниту дрвјата се одвлекување на вниманието од црквата.
Тие се ,заедно ,вистински потсетник на улогата на Божјиот  Дух која ја има насекаде.Тој е ,, Господ и  Живот".

Баш како што Светиот Дух се движел со лицето над водите во почетокот на создавањето,така и Тој се движел над лицата на сите работи во секој момент,носејќи живот и сите добра.Иако често сум нападнат со песимизам, очајувајки заради различните аспекти на нашата искривена цивилизација, вистина е дека како и самата планета и цивилизацијата тежнее за убавина и ред .Историјата на човештвото не е приказна за пад на голема цивилизација со се поголеми варварства и престојувалишта во пештера.
Големите цивилизации раснеле и пропаѓале,но тие продолжуваат да се случуваат.
Некои можеби веќе почнале во рушевините кои не опкружуваат.

Приказната  раскажана во Светото писмо не е приказна за пропаѓање и пропаѓање.Секако постојат грозни предупредувања за страшни искушенија и големи катастрофи.Но овие работи не ја откриваат тајната на Божјата волја.Овие работи се пукнатини на патот додека животот и понатаму се развива:
Соопштувајќи ни ја тајната на Својата волја, според Своето Благоволение, што го одреди во Него,
за да ја спроведе кога ќе се исполнат времињата: за да соедини повторно во Христа: сè што е на небесата и што е на земјата - во Него.(Ефес.1-9,10)

Она што се појавило како пламени јазици над главата на учениците на Педесетница,била манифестација на оваа Боженствена цел на дело. Со звукот на мокен налет на ветер,Светиот Дух ја исполнил собата.Полнотата на Црквата се излеа на улиците објавувајќи го Евангелието на многу јазици.
Се роди во Ерусалим, Новиот Ерусалим,каде нема ни робови ни слободни,Евреи или Грци,мажи и жени.
Наместо тоа ,постои полнота која ги исполнува сите работи кои ги раѓаат сите работи во едно - во самиот Единствен Христос

Гласот на Педесетницата е глас на сoздавање кое се трансформира во славна слобода на Божјите деца.Каменот плаче,дрвјата ракоплескаат и песната на создавањето се радува само на Единствениот Христос.

Отец Стивен Фриман

Source: https://poukinasvetitestarci.blogspot.com/2024/06/blog-post_25.html

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
1 month ago

Твоето срце Бог Го создаде единствено за Него да Го љуби, Нему да му служи , како храм.

  Твоето срце Бог Го создаде единствено за Него да Го љуби, Нему да му служи , како храм.  Твоето срце Бог Го создаде единствено за Него да Го љуби, Нему да му служи , како храм.Затоа и бара да му го предадеш срцето: "Сине мој, вели, дај ми го срцето свое"А бидејќи Бог е мир кој што го надминува сек...

Image Description
6 months ago

Сонцето постои дури и во облаците...

 Сонцето постои дури и во облацитеСамо затоа што сме направиле грешка, не успеавме и згрешивме, не значи дека Бог престанал да нè сака или не оставил.Ако небото е облачно неколку часа или денови, тоа не значи дека сонцето не постои. Таму е зад облаците. Ќе се појави повторно.Бог е љубов, светлина, р...

Image Description
7 months ago

Свети Јован Шангајски - Наставник во Битолската семинарија(богословија)

 Свети Јован Шангајски - Наставник во Битолската семинарија(богословија)(сеќавања на еден семинар)„Помнете ги и вашите наставници, што ви го проповедаа словото Божјо, и, имајќи го пред очи крајот на нивниот живот, подражавајте ја верата нивна.“ (Евр. 13:7) .Поминаа речиси пет децении откако еден мно...