Литургија (5): Принесување

Example User · 11 months ago

    1 minutes, 51 seconds


 

Споменувањето преминува во Принесување: „Твое од Твоите, Тебе Ти принесуваме, за сите и за сè“. Тука завршува нашето издигање, нашето движење кон Бога, а сега имаме обратен процес: Бог ги прифаќа нашите дарови, по дејството на Светиот Дух се претвораат во Самиот Христос и стануваат наши Дарови (затоа се викаат така, бидејќи тоа се Дарови што Бог нам ни ги дарува). Се случува епиклезата (призивот на Духот): Го молиме Бог Отец да Го испрати Духот „врз нас и врз принесените дарови“, преку што самата Црква станува Тело Христово и Храм на Светиот Дух. Според православниот опит, по овој чин принесените елементи ги восприемаме, не како обичен леб и вино, туку како вистинско Тело и Крв на Христа.

По осветувањето на Даровите следува застапништвото на Црквата „за сите и за сè“. Литургијата претставува дело на целата Црква (и на живите и на упокоените), и приносот во неа, Евхаристијата, е Христовата Евхаристија кон која ние се присоединуваме и која е принесена за сите и за сè. Во таа смисла, во Литургијата се руши поделбата меѓу живи и упокоени, таа се извршува од сите нејзини членови. Затоа целата Црква се застапува тука за сите, почнувајќи од Мајката Божја, која исто така е член на Црквата, светителите, за секој праведен дух што со вера починал, за сите… На православното Предание е туѓа идејата на индивидуални Литургии (па и одредени заупокоени): како што гледаме, секоја Литургија е за сите, за секој член, секоја, на тој начин, е заупокоена…

Потоа, спомнувајќи го епископот, ние се молиме за целата наша конкретна помесна црква, олицетворена во владиката, да биде запазена во Божествената Вистина и единство. Со овој дел веќе започнува подготовката за Причестување: имаме ектенија, молитви, Господовата молитва, која тука го наоѓа своето најсуштинско место (Лебот наш Насушен [Натсуштествен] дај ни го = Телото Христово).


Причестувањето започнува со свештенослужителите во олтарот, а потоа продолжува со верните. Преку причестувањето се исполнува целта на Литургијата: таа станува Тело Христово; бидејќи причестувајќи се со Христа, ние се соединуваме со Него, а со тоа и меѓусебно.

Следуваат благодарствени молитви по причестување. Свештеникот вели: „Со мир да излеземе“, т.е. од Вечноста се враќаме во времето, затоа што за нас сè уште не поминало. Но, веќе се причестивме со оној живот што го очекуваме, го предвкусивме, го имаме опитот на Царството Небесно (Видовме Вистинска Светлина, Го примивме Духот Небесен) и се враќаме во светот како сведоци на сето тоа. И тука започнува нашата мисија.

Продолжение:   За Причестувањето

Прв дел    Втор дел    Трети дел    Четврти дел



Г.Г.

 

 

 

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/katihizis/21624-liturgija-5-prinesuvanje

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
11 months ago

„На јавe разгoварал сo ангeлитe и сe расправал сo дeмoнитe“

Живeeјќи уштe вo тeлoтo, свeтитeлитe ималe гoлeми oткрoвeнија oд Бoга и визии за нeбeснитe и пeкoлнитe сили. Ситe тиe нивни oткрoвeнија и визии ја пoтврдуваат  правoславната вeра вo ситe нeјзини учeња. Свeтитeлитe сe радoст, гoлeма радoст на вeрницитe.

Image Description
4 years ago

Ретроспектива (2005-2020):Aрхангел Гавриил

Св. Архангел Гавриил е служител на Божјата сила и семоќност и известител на најдлабоките спасителни Божји тајни. Неговто име значи „сила Божја“. Имено, на архангел Гавриил му се припишува учеството во настаните од видението на Јоаким до возвестувањето на добрата вест на Ана. Подоцна, откако света...

Image Description
11 months ago

Во нашите помисли е ‘проблемот’! Старец Пајсиј

Старец Пајсиј Светогорец: – А зошто, старче, понекогаш еден ист настан еден човек го смета за благослов, а друг за несреќа? -Секој од нив го толкува во склад со својата помисла. Секое нешто можеш да го видиш од добра или од лоша страна. Сум чул за следнава случка: Во еден манастир кој се наоѓал во н...