Митрополит Наум -Вам ви е дадено да ги знаете тајните на Царството Божјо!

Example Admin User · 3 years ago

    3 minutes, 7 seconds


Вам ви е дадено да ги знаете тајните на Царството Божјо

            Почвата на којашто Богочовекот Исус Христос го сее семето, односно Своето слово, е човековото духовно срце; таму е суштината на нашиот ум.

Го сее преку оние луѓе на Црквата кои вистински Го сведочат.

А тие, пак, го сеат преку своето изговорено или пишано слово – во сила, т.е. преку словото поткрепено со дела.

            Од денешното евангелско четиво со приказната за сејачот (види: Лука 8, 5–15) посебно е актуелен за нас делот за семето што паднало во трње, па си помислив:

како што трњето е пречка за нивата да донесе добар плод, така и гревовите се пречка за нашето срце да донесе добар плод на добродетелта.

Притоа, си велам, боцките од трњето личат на грев сторен со дело, листот – на грев со зборови, гранките – на грев со помислите.

            Трњето на нивата од нашето срце, односно нашите гревови што ги правиме со дело, со збор и со мисла, сигурно има и корен.

Што би бил друго коренот на гревот, ако не страстите вгнездени во нашето срце (самољубието, т.е. трите негови подгрупи:

славољубие, среброљубие и сластољубие), потпомогнати од демоните поврзани со нив.

Заробеноста на срцето од страстите, и со нив поврзаните демони, не ѝ дава на благодатта на Крштението да се пројави и слободно да дејствува надвор од нашето срце, низ целото наше битие и надвор од нас; не му дава простор на евангелското слово посеано во нашето срце да порасне и да донесе и личен и соборен плод на покајание, или преумување.

            Ако сакаме семето да донесе плод треба земјата да ја очистиме од трњето, а трњето да го извадиме со корен.

Но, за да стигнеме до коренот, трњето треба да почнеме да го уништуваме од врвот.

Значи, треба да престанеме да грешиме со дело, потоа со збор и на крај со мисла.

            Отвореното срце е плодната земја за оној што се наоѓа на вториот степен од духовниот раст, а плодот е умно-срдечната молитва.

За оној што се наоѓа на степен од чистење на своето срце од страстите, плодна земја е послушанието.

За сите, пак, што живеат во светот, плодна земја е конкретно помагање на оние што страдаат.

            Не значи сето ова дека во нашето срце, во процесот на очистување од страстите, нема еден дел кој е добра земја, друг дел кој претставува место покрај пат, трет дел кој претставува каменито земјиште, и дел кој претставува трње; зависи од нашиот подвиг.

Местото покрај патот, за нас значи дека или немаме доволно вера или немаме опит во подвигот.

Духовниот отец нѐ поучува, но демонот доаѓа и ни го брише кажаното затоа што тоа активно се памти само ако се спроведува со вера на дело.

Каменито место е наемничкиот однос и подвигот без континуитет – ако имаме благодат се подвизуваме, а ако благодатта се скрие од нас, подвигот престанува.

Трњето се појавува кога ќе нѐ опфатат грижите од овој свет, а ќе го напуштиме аскетско-исихастичкиот подвиг.

Или сме во подвиг, или не; трето нема.

Добра земја е верата во Богочовекот Исус Христос, на почетокот, преточена во послушание на дело.

            Лошо е што заеднички крај на првите три опишани ситуации со семето е немањето плод.

За монасите тој плод е умно-срдечната молитва.

Оваа молитва не може да биде некаков посебен и единствен подвиг, туку таа е круна на севкупниот, правилно воден, духовен православен живот и подвиг.

И воопшто, не може да стане збор за духовен живот, во права смисла на зборот, без дарот на молитвата во срцето.

Можеме да зборуваме за етика, за бонтон, но не и за православен духовен живот во вистинска смисла.

За тоа, во потенцијал, можеме да зборуваме и на првиот степен, но само откако ќе влеземе во послушание и ќе го восогласиме начинот на нашиот живот со степенот на очистување на срцето од страстите, т.е. со духовниот степен на кој се наоѓаме.

            „Кој има уши да слуша, нека чуе!“ Што значи: кој верува, нека спроведе во дело!

            Пресвета Богородице, спаси нас!

д

Source: https://pokajanie.mk/2021/11/13/33357/

Share:

Example Admin User

Error facere repudiandae qui aut quia. Nihil incidunt at maiores earum voluptates saepe modi. Aut recusandae qui fuga quaerat iure. Doloremque praesentium inventore natus. Aspernatur doloremque iste voluptas placeat. Incidunt qui quia enim ducimus asperiores aliquam doloribus. Aut voluptatem voluptas earum ducimus neque laboriosam sint.

All author posts

Related Posts

Image Description
4 years ago

Митрополит Струмички Наум: За самооправдувањето (11.10.2020)

 За самооправдувањето (11.10.2020 13:00)Самооправдувањето е болест која е пораширена, понезабележлива и потешка од судењето и осудувањето. Самооправдувањето и осудувањето се две страни на една гревовна состојба – гордоста.Пораширена – затоа што, најчесто, дури и тие што внимаваат да не осудуваа...

Image Description
4 years ago

Со страв Божји…

Четврта недела по Педесетница - Исцеление на слугата на стотникот Матеј 8,5-13 „Господи, не сум достоен да влезеш под мојот покрив, но кажи само збор и слугата мој ќе оздрави“. Во денешното Евангелие слушаме еден потресен настан, кога стотникот на војската, доаѓа да Го моли Господ за исцеление на не...

Image Description
4 years ago

Епископот Антаниски г.Партениј: Повик на покајание за злоупотребата на интернетот

     Слово на Неговото Преосвештенство, Епископот Антаниски и Игумен на Свештената Бигорска Обител г. Партениј, изговорено на Вечерната богослужба за празникот Усекновение на Чесниот Претеча, петок, 29 август/11 септември 2020 лето ГосподовоБлагоговејни и чесни отци,Преподобни бр...