Митрополит Струмички Наум: За некои неодговорени прашања (29.08.2020)

Example User · 4 years ago

    5 minutes, 5 seconds


HRISTOS.Prichest.Apostoli2

За некои неодговорени прашања (29.08.2020 15:44)

Секое прашање си има и свое место, и свое време, и свој субјект за одговор. Или, не секое прашање се одговара кога било, каде било и кому било.

Некои прашања прво се одговараат во пракса, на дело, а потоа и теоретски или со збор. Некои, пак, никогаш не се одговараат. За сѐ треба расудување.

Има едно прашање за кое, кај нас, не баш докрај се изведоа сите заклучоци. Сега ќе изведеме уште некои, доволни за понатаму...

На пример, прашањето за болестите и учеството во Светите Тајни на Црквата отсекогаш им било кристално јасно на христијаните. Тоа го посведочи и Неговата Сесветост Вселенскиот Патријарх Вартоломеј: „Ние непоколебливо веруваме дека, причестувајќи се со Телото и Крвта Христови, не постои никаква опасност да се заразиме... Затоа ние, како Вселенска Патријаршија, не го променивме начинот на давањето на Божествената Причест“.

Ова е вера на сите православни од сите векови, од почетокот на Црквата до денес; и до крајот на времето. Но, од оваа вера, Епископи од повеќе Помесни Цркви (види на веб-сајтот на МПЦ – ОА) извлекоа и други логичко-теолошки заклучоци. Имено, веруваме дека и Црквата – литургискиот собор на верните, како Тело Христово, исто така, не е место, време и состојба во кој може да се заразиме од некаква болест. Ова важи и за самиот храм, кој поради самиот Евхаристиски Собор го нарекуваме и црква. Истото важи и за целивањето на светите икони или на светите Мошти, или за земањето благослов од свештеното лице.

Следствено, не треба да се плашиме од зараза и ако ја извршуваме мисијата Христова и надвор од Соборот или храмот. Сѐ е мисија, сѐ е Литургија и секое место е храм и олтар, осветени од Христовата крсна жртва и Крв. Но, треба и да сме внимателни и да не Го искушуваме Господ Бог непотребно и да не ги соблазнуваме другите со нашата слобода. И за ова е потребно духовно знаење и расудување.

Исто така, поради нашите гревови или поради некаква Божја Промисла, Бог може, кога било, да допушти и да се разболиме или да умреме. Фала Богу! Но, тоа не значи дека ние треба нешто да промениме, а кое би значело и растурање на нашата вера. Болест си е болест – дар, свето Предание си е свето Предание – и должни сме по секоја цена да го сочуваме; а сѐ е Евхаристија, сѐ е Благодарење.

Ако државните власти нешто привремено (на краток или подолг период) ни забранат или наредат, а тоа не е во директен судир со суштината на нашата вера, ние формално ќе послушаме – некако ќе се прилагодиме. Но, внимавајте, едно е самите ние, како Црква, да направиме нешто што е во некаков судир со нашата вера, а друго е тоа привремено да го трпиме, или снисходиме, извршувајќи разбирлива наредба на државата. Едното нѐ прави предавници, а другото маченици. Мислам дека цел на демонот, засега, е првото, а не отворен прогон.

Не е одговорно и непотребно е да ги провоцираме државните органи, посебно кога во време на криза покажуваат толерантност кон нас, а нашата јавна постапка, сепак, би можела да им наштети на некои други, кога би ја следеле.

Секогаш може да се случи (не во блиска иднина – уште е време само на општ тренинг), како што се случувало низ вековите, државните власти нешто трајно да ни забранат или наредат, а коешто ќе биде во директен судир со нашата вера во Богочовекот Исус Христос. Нормално, во таков случај нема да послушаме! Жртвата што ќе треба да ја поднесеме, не е важна. Рековме, од сѐ можеме да се откажеме, но никогаш од нашиот Господ и Создател, Исус Христос! Тоа е барем јасно.

Разбирливо е, исто така, некои наши ближни, поради послаба вера, да се исплашат од некоја болест (или од заканата со казна). Не треба никако да ги отфрламе и осудуваме, тоа не е одлика на христијаните, туку треба со многу љубов да ги покриеме нивните слабости. Сѐ додека истите се причестуваат (или сакаат да се причестат) од едниот путир, за нив има надеж. Но, истовремено, тоа не значи дека кому било ќе дозволиме своите слабости да ги претвора во теолошки доктрини (или да префрла вина на други – „понадлежни“).

Без големи искушенија нема духовен живот; не можеме да видиме што се крие и што има во нашето срце, ниту во срцето на ближниот; колку што ни е тоа дозволено. Ниту може да го очистиме нашето срце од тоа што го валка. Ниту можеме да преземеме превентивни мерки за во иднина, ниту да испланираме стратегија. Народната мудрост убаво го изразила тоа со зборовите: јунаците на мака се познаваат. Очигледно нѐ очекуваат интересни времиња, но запаметете: сѐ од нас зависи, од нашата љубов (или покајание); и од никој друг!

Инаку, нема поплодна атмосфера за развој на Црквата од физичкиот прогон; ако се случи и кога ќе се случи. Тоа ви е и добропознато и многупати докажано. Затоа, секој оној што, свесно или несвесно, шири страв на тема антихрист и физички прогон – не е од Бог пратен. Отфрлајте го стравот од себе. Навлезениот страв е подготовка за предавство. Ние, како слаби, смирено се молиме за живот во мир и покајание, но ако бидеме удостоени на прогон, со радост и храбро ќе прифатиме.  

Многу полош од физичкиот е суптилниот прогон на модерниот начин на живот, кој преку потсвеста, постепено ги раслабува христијаните во верата. И демонот знае дека ваквиот прогон е многу поделотворен од физичкиот. Многу светители би се радувале да живеат во нашето време, арно ама, Бог нас нѐ удостои.

Да се вратиме на темата. Јасно е дека и самиот начин на причестување со Телото и Крвта Христови се суштинско прашање на верата и е непроменлив.

Но, да не заборавиме дека токму тоа што нѐ исцелува, може и да нѐ разболи или убие, ако пристапуваме без вера (без дела): „Оној што недостојно јаде од овој леб и пие од чашата Господова, виновен ќе биде спрема Телото и Крвта на Господ. Но, човекот да се испита самиот себе и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша. Зашто, кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, бидејќи не го разликува Телото Господово. Па затоа меѓу вас има многу немоќни и болни, а мнозина и умираат“ (1 Кор. 11, 27–30). Очигледно, недостојното причестување, па и непричестувањето, е многу поголема опасност отколку заразата со која било болест, а ретки се тие кои се грижат за тоа; не е во „мода“.

Јасно е, исто така, дека нашето однесување, како и резултатот од истото, потполно зависат од тоа колку и каква вера имаме: „Нека ви биде според верата ваша!“ (Матеј 9, 29); „Како што си поверувал, нека ти биде!“ (Матеј 8, 13). А сето она, пак, што со вера го правиме треба да биде во слава на нашиот Бог – Света Троица, на Отецот и Синот и Светиот Дух, на Кого единствено Му се поклонуваме; Амин! Не – во своја сопствена!

Пресвета Богородице, спаси нас!

P.S. „Па им рече: ’Одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание. Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен; а кој не поверува, ќе биде осуден. А знаците на оние што ќе поверуваат, ќе им бидат овие: со Моето име ќе истеруваат бесови; ќе говорат нови јазици; ќе фаќаат змии и ако нешто смртоносно испијат, нема да им навреди; на болни ќе полагаат раце и тие ќе оздравуваат‘“ (Марко 16, 15–18). „Кој има уши да слуша, нека чуе“ (Матеј 11, 15).

Митрополит Струмички Наум

Извор:

http://www.mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=7316

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/besedi/23429-mitropolit-strumichki-naum-za-nekoi-neodgovoreni-prashanja

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
8 months ago

Беседа на г. Дамаскин, Митрополит на Додимотихо, Орестиада и Суфли

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух…Амин По покана на нашиот свет владика Наум, се наоѓам денеска овде, на празникот на Раѓањето на Пресвета Богородица, за да сослужуваме заедно и да се радуваме на Божјите дарови, благодарение на Неговата Светост Вселенскиот патријарх Вартоломеј, што ни помогна...

Image Description
4 years ago

Митрополит Струмички Наум: СЕКОЈ САКА ДА Е НЕКОЈ, НИКОЈ НЕ САКА ДА РАСТЕ (02.01.2021)

 Секој сака да е некој, никој не сака да расте (02.01.2021 10:54)Многу луѓе се незадоволни од одредени состојби. Тие состојби може лично да ги засегаат, а може да ја засегаат пошироката јавност, како и целото општество.Сите тие сакаат таквите состојби да се променат и мнозина од нив својата жел...

Image Description
4 years ago

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј ВеликиДенес, Дева Мајка се раѓа од една неплодна мајка и украсен е дворецот за доаѓањето на Господ Христос. Денес врските на неплодноста се скршени и дверите на Дева се оградени. Оти, како што неплодната утроба била мртва за намерите за зачнување, а сепак, спроти сите очекувања, изродила...