Надгробно слово

Example Super-Admin User · 1 week ago

    3 minutes, 8 seconds


† Стефан,
Архиепископ Охридски и Македонски

НАДГРОБНО СЛОВО

на Погребението на невинонастраданите Божји чеда во Кочани

Нажалени родители,  браќа и сестри, синови и ќерки, сопрузи и сопруги, дедовци и баби, роднини и блиски, соученици и колеги, студенти и соработници, наставници и професори, соседи, сограѓани и пријатели на покојните,

Возљубен народе во Господа,

Наоѓајќи се на овој тажен собир, се прашувам: Зарем малку солзи пролеавме како народ, зарем малку црнила износивме и зарем малку гробови ископавме од најразлични причини, па ни требаше да ја доживееме и оваа сенародна трагедија? Одамна ваква несреќа, одамна ваква и толку бројна младост не беше нѐ собрала како народ и не нѐ повикала за последно збогум, како ова што го доживуваме овие денови и денес во Кочани и во неколку други места во Македонија. Кој можеше да претпостави дека по заслужените денови за одмор, во понеделникот ќе останат празни толку училишни и студентски клупи, дека толкумина нема да се јават на своите работни места и дека тоа им беше последната забава и песна?!

Кој можеше да претпостави дека на тие млади, таа саботна вечер ќе им биде последна и дека веќе не ќе дочекаат ниедно утро и дека на некои од таа ноќ ќе им останат лузни и по телата и во душите за цел живот? Ете, само за миг згаснаа толку млади животи и направија да тагуваат толку семејства, да тагува Македонија. И по ова што ни се случи во Кочани, ако во нешто можеме да се поучиме, тоа е, да работиме ваквите трагедии да не ни се повторуваат. Тоа значи, да ги промениме нашите навики на несовесно и нестручно работење и однесување, и кон себе си и кон другите! И, секако – желбата по заработувачка и богатење, да не нѐ водат нечесни и криминални намери и цели, не имајќи грижа за безбедноста, па дури ни за животите на другите.

Возљубен натажен народе, свесен сум дека при вакви тажни прилики, при разделба со саканите: родител, син или ќерка, брат или сестра, внук или внука, соученик и колега,  сосед или пријател и особено при разделба со млади, какви што се покојните пред нас, тешко е да се говори, а уште потешко е да се најдат зборови за утеха.

Во овие мигови на неизмерна болка и жал, присутни во Кочани и во сите места, до кои пристигна веста за трагедијата од она рано неделно утро, нема збор којшто ќе биде доволен за да се ублажат чувствата кај сите коишто тагуваат по изгубените животи на овие млади македонски чеда. А како и не би тагувале? Нема човечко слово коешто може да се каже и кое ќе утеши, но за нас коишто веруваме, утехата ни е Словото Божјо и Неговото спасително дело. Утехата ни е во вистинитоста на Христовото Воскресение и во воскресението на секој кој верувал и живеел живот во Христа. За нас, како христијани, тоа е и разбирливо и сфатливо, зашто Христос воскресна и ја победи смртта!

Возљубен нажален народе, правилно е и оправдано е да тагуваме за ненадоместливата загуба којашто нѐ снајде, но тагувајќи да не бидеме како оние коишто немаат надеж. Светата Црква учи и поучува дека само верата го осветлува мракот на смртта и укажува на патот којшто води кон вечен живот. Оттаму, за нас христијаните, верата е прва и единствена утеха за тагата во ваквите тешки мигови при разделба со своите најблиски. Па, да се молиме за Бог да ни дарува сили за да ја поднесеме трагедијата којашто нѐ снајде. Утеха нека ни биде и тоа што страшната несреќа во Кочани предизвика сенародно жалење кај сиот наш народ, и овде во Татковината и ширум светот. Утеха нека ни бидат и молитвите од претстојатели и претставници на Цркви и на верски заедници, сочувствата од претседатели на држави и поединци од сите страни на светот, како и тоа што денови на жалост прогласија повеќе балкански и европски земји, коишто нашата несреќа ја доживуваат и како своја.

Исто така, тажните собири, речиси во сите градови низ Македонија, се порака дека нашиот народ, и ученици и студенти, и млади и возрасни, сочувствуваат со семејствата на починатите и повредените. Македонија и овој пат плаче за своите чеда и сиот наш народ ја споделува тагата со најблиските на настраданите, зашто загубата на овие млади животи е загуба за сите!

Да се помолиме и да се молиме Бог да ги прости и нивните души да ги насели меѓу праведниците, а вам, нивните родители и блиски, да ви дарува утеха, смирение и оправдана надеж! Амин!

Нека им е вечен споменот!

Извор: https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/nadgrobno-slovo-kocani-2025/

Source: https://liturgija.mk/aktuelno/mpc/nadgrobno-slovo/

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
2 months ago

Ако не простиш, како ќе се Причестиш?

 Имаше еднаш 2 пријатели, каде што едниот беше верник и успеа да го убеди другиот, кој беше многу грешен, за прв пат да се исповеда.Кога ја завршиле исповедта и тргнале на патот назад, верникот го прашува својот пријател, какво правило му дал исповедникот.– Никакво правило, одговори тој, дури ме пуш...

Image Description
5 months ago

Руската црква воспоставува нов протокол за случаи на самоубиства кај деца и млади

Светиот архијерејски синод на Руската православна црква објави нови насоки за спроведување на погребални служби во случаи на самоубиства кај деца и млади, особено осврнувајќи се на растечката опасност од манипулации преку интернет  (тнр. „групи на смртта“) кои ги таргетираат младите луѓе. Ком...

Image Description
7 months ago

Слово на денот на Свети Пророкот Илија за молитва

 Слово на денот на Свети Пророкот Илија за молитваСвети Пророк Илија - икона од манастирот на Света Екатерина на СинајКога читаме во Библијата , во Третата и четвртата книга на кралевите за чудесните подвизи на Светиот пророк Илија, нашиот ум е восхитен од нив, ние сме многу восхитени: ние сме вооду...