Недела единаесетта по Педесетница (Бог не позволува да биде поруган – Омилии

Example Admin User · 2 years ago

    5 minutes, 35 seconds


„Царството небесно прилега на човек цар, кој побарал да ја расчисти сметката co своите слуги”.

Царството небесно не може co зборови да се искаже ниту co бои да се опише.

Тоа може само донекаде да се спореди co она што се случува во овој свет.

Господ зборува во параболи бидејќи е тешко на друг начин да се опише она што не е од овој свет.

Овој свет е потемнет и заразен co гревот, но тој сепак сосема не ја загубил сличноста co оној вистински свет.

Овој свет не е копија на оној свет – далеку од тоа – туку само бледа слика и сенка негова.

Затоа и можат да се прават споредби помеѓу тие два света, како помеѓу некој предмет и неговата сенка.

Зошто Господ вели: човек цар, a не просто цар?

Прво, за да го истакне звањето на човекот над царското звање: поголема е честа да бидеш човек отколку цар.

Всушност, човек значи вистинско достоинство, а цар значи служба. Второ, за да ја покаже добрината на царот.

Така Господ зборува и за човекот домаќин, човекот трговец, како и за човекот цар, сѐ co еднаква намера: да го истакне добриот домаќин, добриот трговец, како и добриот цар.

Зборувајќи за судијата кој
не се боеше од Бога и не се срамеше од луѓето (Лука 18, 2),

Господ не вели: човекот судија, туку просто судијa . Од ова се гледа дека Господ, кога вели човек цар, co тоа сака да каже добар цар.

Значи, еден добар цар помисли да се пресмета co своите слуги.

Неговите слуги се негови должници, оти вистинскиот цар не се задолжува кај своите слуги, туку слугите нај него.

Расчистувајќи ги сметките, „доведоа при него еден што му должеше десет илјади таланти.”

Еден талант изнесувал околу 240 златни лири.

Десет илјади таланти изнесувале речиси два и пол милиона златни лири.

Дури и за една држава овој долг е многу голем, а камоли е за еден човек. Но што е тоа?

Бројот на нашите гревови пред Бога е уште поголем.

Всушност, нашите долгови пред Бога се уште поголеми. Зборувајќи за долговите на слугата спрема царот, Господ мисли на нашите долгови спрема Бога.

Затоа употребува вакви огромни, на прв поглед неверојатни бројки, кои, меѓутоа, ни најмалку не се неверојатни кога ќе се пресметаат гревовите на секој од смртните луѓе.

„Па бидејќи немаше co што да плати, господарот негов нареди да го продадат него, и жена му, и децата негови, и се што имаше за да наплати.

Според тогашните закони, како римските така и еврејските (2. Цар. 4,1; 2. Мој. 21, 2; 3. Мој. 25, 39), сиромавиот должник можел да се продаде во ропство заедно co своето семејство.

Една вдовица вака му се обрати на пророкот Јелисеј:

„Твојот слуга, мажот мој, умре; а ти знаеш, дека твојот слуга се плашеше од Господа; сега дојде заемодавачот да ми ги земе двете мои деца за робје.” (4. Цар.4,1).

Значи, тоа што го наредува царот да се направи co неговиот слуга должник, го наредува според правото и законот.

Внатрешната смисла на овие царски зборови е дека, кога нашите гревови ќе ги надминат сите мери, Бог нѐ лишува од сите дарови на Светиот Дух, кои го прават човекот човек.

Да го продадеш должникот значи грешникот да се лиши од својата од Бога дадена личност.

И жена му – значи дека се лишува од дарот на љубовта и милоста. И децата негови – значи дека се лишува од моќта да создава какво и да е благо.

И сѐ што имаше – значи дека се лишува од сладостите на сите духовни добрини. За да наплати – значи дека враќаат на Бога
како сопственик и извор на сите добра.

„Вашиот мир нека се врати при вас” од куќата која е недостојна за мир, им рекол Господ на своите ученици (Мат. 10, 13).

„Тогаш тој слуга падна пред него на колена и му се клањаше говорејќи: Господаре, стрпи се спрема мене, и сѐ ќе ти платам. А господарот на тој слуга, кога се смилува, го пушти, и му го прости долгот.”

Каква моментална промена, и колку евтин откуп, и колкава неизмерна милост!

Лошиот слуга, кој толку голем долг натоварил врз себе, немал на кого да се потпре и во кого да погледне.

Никој на светот не можел да му помогне, освен неговиот господар, доверителот.

Тој стоел помеѓу господарот и слугите.

Слугите не смееја да му помогнат без волјата на господарот. Единствено оној што го суди може и да го помилува.

И тој го прави единственото што е и можно и разумно – клекнува пред нозете ка господарот и го моли за милост. Тој не молел долгот да му се прости – тој на такво нешто не смеел ни да помисли – туку за почекување:. „стрпи се спрема мене, и сѐ ќе ти платам”

А човекот цар – вистински човек и вистински цар – „го пушти и му го прости долгот”.

Значи, му даде двојна слобода: слобода од ропството и слобода од долгот.

Нели е ова вистинсни царски дар?

Вака земните цареви не постапуваат. Онолку неочекувана милост може да даде само Царот небесен.

И Тој тоа го прави, и честопати го прави. Кога грешникот ќе се освести и ќе се покае, небесниот Цар е подготвен да прости и десет илјади товари гревови и на грешникот да му ги врати сите одземени дарови.

He само што никој не може да го достигне Божјото милосрдие, туку никој не може и да го опише.

„Ќе ги избришам како магла твоите беззаконија, и твоите гревови – како облак; сврти се кон Мене!” вели Господ (Иса. 44, 22).

Кој ќе се сврти кон Господа co искрено покајание, на него Господ сѐ му простува и повторно му дава уште еден рок, уште еден мегдан, да види дали ќе остане co Господа или пак ќе го предаде Господа.

Смртно се разболе царот Езекиј и плачејќи се сврти co лицето кон ѕидот и му се помоли на Бога да му го продолжи животот.

И Бог му го продолжи животот уште за петнаесет години.

Затоа Езекиј го славеше Бога, велејќи:

„Ти ја спаси душата моја од погибелниот ров, ги фрли зад грбот Свој сите
мои гревови (Иса. 38, 17).

Слично било и co презадолжениотг слуга.

Тој го молел својот Господар само малку да почека co долгот, и Господарот му го простил целиот долг, му дал слобода, и сега почнал да чека, да види, не дали и како слугата ќе му го врати стариот долг, туку како ќе му се оддолжи за оваа нова добрина.

А еве како слугата веднаш потоа му се оддолжил:

„Слугата, пак, штом излезе, најде еден од другарите свои, кој му должеше сто динарии, и кога го фати, го давеше и му велеше: Исплати ми што ми должиш!“

Простен и ослободен од својот господар, слугата сретнува друг слуга, свој должник, спрема кој тој сега се поставува во улога на господар.

Но, кога човекот од слуга станува господар, погледнете колку е лош таквиот господар!

Додека човекот цар спрема својот должник се однесуваше и човечки и царски, а тој истиот должник, кој беше спасен поради царската милост, спрема својот должник се однесува како ѕвер, и тоа уште за колкав долг!

За сто гроша!

На него човекот цар му простил пет милиони златници, a тој за сто гроша го фаќа и го дави својот должник и го фрла во зандана додека не го исплати долгот!

Тука веќе не се пресметува човек цар co својот слуга, туку слуга co слуга.

И слугата доверител го фаќа за гуша својот должник, и го дави, и бара веднаш да му врати сѐ што му е должен.

„Тогаш неговиот другар падна ничкум пред нозете негови, го молеше и велеше: Стрпи се спрема мене, и сѐ ќе ти исплатам!”

Иста сцена како пред малку, кога овој лош слуга беше на колена пред господарот.

И тој падна пред нозете на господарот, и тој молеше велејќи:

„Стрпи се сорема мене, и се ќе ти исплатам!”

И се сожали човекот цар и му ги прости десетте илјади таланти.

А тој не се сожали над својот должник кој му беше должен само сто динарии.

Тој не сакаше да се смилува, да се сожали, да прости, туку го одведе, го фрли во зандана сѐ додека не го исплати долгот.

Така слугата доверител постапува co слугата должник.

Така човек co човека постапува.

А таквата постапка на човекот спрема човека ја свртува Божјата милост на правда.

Секогаш кога човекот ја проигрува Божјата милост, врз него стигнува правдата Божја.

А правдата по проиграната милост е страшна. „Не лажете се: Бог не позволува да биде поруган.

Што ќе си посее човекот, тоа и ќе си жнее^ (Гал.6,7)

Пренесено од книгата “Омилии”
Недела единаесетта по Духовден

Source: https://pokajanie.mk/2022/08/11/34953/

Share:

Example Admin User

Error facere repudiandae qui aut quia. Nihil incidunt at maiores earum voluptates saepe modi. Aut recusandae qui fuga quaerat iure. Doloremque praesentium inventore natus. Aspernatur doloremque iste voluptas placeat. Incidunt qui quia enim ducimus asperiores aliquam doloribus. Aut voluptatem voluptas earum ducimus neque laboriosam sint.

All author posts

Related Posts

Image Description
8 months ago

26 Недела по Педесетница (Д. Наум) Како навистина да станеме бог(ати)?

Како навистина да станеме бог(ати)? http://www.mpc.org.mk/pouka.asp… Коментар на денешното евангелско четиво: “Ова што го прочитавме во евангелското четиво за денот, начинот на кој богатиот размислува, е верен опис на менталното заболување – растројство на личноста, односно на начинот на ко...

Image Description
4 months ago

Собор на сите македонски Светители (02.10.2022)

Првата недела од месец октомври си спомнуваме за сите македонски светители, меѓу кои се и светите солунски и сесловенски браќа Кирил и Методиј, богомудри и рамноапостолни, свети Климент Охридски, свети Наум Охридски, свети Гаврил Лесновски, свети Григориј, епископ Охридски, свети Прохор Пчински, све...

Image Description
4 years ago

Рождеството Христово на Света Гора

Митрополит Николај Месогијски – Високопреосветен владико, која е највисоката точка на светот? – Се разбира, вашето прашање е во врска со книгата која ја напишав за Света Гора, „Највисоката точка на земјата“, и за моите доживувања таму. Тоа е само игра на зборови, не постои највисока точка н...