СРЕТЕНИЕТО ГОСПОДОВО ВО ХРАМОТ…

Example Admin User · 8 months ago

    8 minutes, 16 seconds


СРЕТЕНИЕТО ГОСПОДОВО ВО ХРАМОТ…

Како што кажуваа пророштвата, мора да дојде ангелот на заветот во црквата и да го исполни со нова слава (Малах. 3,1; Aгej 2, 8.10). И еве, кога дојде четириесеттиот ден, пресвета дева заедно со Joc, појде со својот божествен Син од Витлеем во Ерусалим, за таму, во црквата да го изврши сето она што го пропишува законот.

Според Мојсеевиот закон, мајката кога ќе роди машко дете се смета за нечиста седум дена, а освен тоа, уште 33 дена не може да влегува во црквата, не смее да биде на јавно општо богомолење, ниту смее да се допре до нешто што е свето.

Во четириесеттиот ден, таа се исчистува, доаѓа во црква и донесува исчистителна жртва – жена од богата куќа донесува јагне годиначе да се запали на жртва и донесува младо гулапче или грлица на жртва за грев, а сиромашна жена донесува две грлици или два гулаба.

Ако детето е првенче, тогаш освен ваквото чистење на мајката, уште се вршел и обредот на претставување на детето на Бога.

Оваа заповед му е издадена на израилскиот народ за спомен на божјите добротворства што му се направени за време на излегувањето од Египет, кога ангелот една ноќ ги убил сите египетски првенци, а јудејски пренец не загинал ниту еден.

Вака, на првенците посветени на Бога им е наредувано да Му служат на Бога, па така потполно Му припаѓаат на Бог.

Но, бидејќи левитите се одредени да служат во скинијата и во храмот на местото на првенците, тогаш е заповедано сите други племиња или колена, за своите првенци, првородените деца, да поднесат откуп по пет свештени сребрени сикли за секого.

И Мајката Божја дојде во Ерусалим да ги изврши обредите, иако не знаеше за брак и беше пречиста дева, па според зборовите на свети Василие Велики, немаше потреба од законот на исчистување.

Самиот Господ велеше дека не е дојден да го расипува законот, туку да го изврши и возвиши за подобро да се разбере.

Па така и неговата пречиста мајка, доброволно се потчини на прописите од почитување кон законот.

Таа не се гордееше, ниту разгласуваше за својата чистота, туку од чувство на високо смирение се вбројуваше во редот на обични жени и кога дојде до вратата на храмот, застана таму, каде што вообичаено стојат жените кои родиле.

Таа донесе и жртва, но таа жртва не е таква како што носат богатите жени.

Нејзината жртва беше сиромашна, и она што го немаше оваа сиромашна жена во надворешна оцена, тоа многу е дополнето со чувства на најчистата душа на Богомајката.

Свети Димитрие Ростовски ја претставува, дека во оваа прилика му се обраќа на Бог Отец со овие зборови:

„Еве ти го Синот предвечен Оче, еве ти го Синот, Кого си го испратил од мене да земе тело за спасение на човештвото.

Ти го роди пред сите векови без мака, а jac по Твојата света волја го родив без маж. Ете, тоа е единствениот мој род што се зачна во мене со Твојот Свет Дух, и Ти единствено знаеш, како Он се појави од мене. Он е мојот првенец, но најпрво е Твој, на Тебе е едносуштен и како и Ти нема почеток, Он слезе од Тебе, но не замина од Твоето божество.

Значи, прими го својот пренец со Кого го создаде светот и заповеда да светне светлина. Прими го својот Син Koj се воплоти од мене, прими го Синот – Слово, со Кого си ја утврдил небесата, си ја поставил земјјата и си а собрал водата во морињата.

Прими го својот
Син од мене, неговата земна мајка. Направи со Него и со мене она што го сака Твојата света волја и со Неговото тело и крв да се откупи човештвото“.

Во тоа време кога влезе во храмот Пресвета Дева, за да го направи она што го пропишува законот за исчистуванье и прочистување на прородениот, дојде и старецот Симеон, кој како со себе да го претставуваше Стариот завет и кој така желно очекуваше да дојде Месијата.

Евангелието не јавува што бил овој Симеон, но кога тој го прими во своите раце детето Исус, го фалеше Бога и ги благословуваше Марија и Јосиф, може да сметаме дека тој бил свештеник во Ерусалимската црква.

Црковните песни му даваат име свештеник, па и светител кој принесува законски жртви и го исчистува израилскиот народ со крвави жртви.

Но, Евангелието не зборува ништо каква е професијата на Симеон, тоа само кажува дека имал морални доблести, дека бил праведен и побожен човек, ги извршувал сите свои должности и кон Бог и кон ближните, имал силна вера во Спасителот Кој ќе дојде и нестрпливо го очекувал денот во кој Он ќе дојде.

Заради тоа и беше полн со Свет Дух: Светиот Дух беше во него. И тој слично на другите старозаветни праведници, се подготвуваше да умре со вера дека навистина ќе се извршат божјите ветувања.

Но, Светиот Дух му објави дека тој има подобра среќа и дека нема да умре, додека самиот не го види Христа Господа.

По тоа објавување, Симеон живееше во надеж дека ќе Го види Спасителот и радосно ги гледаше своите стари години, кои се нижат една по друга. Во тој ден кога Го донесоа Исус во храмот, Светиот Дух му заповеда на Симеон и тој да дојде овде и му дозволи да го сфати значењето на сѐ што се случува овде.

Симеон дојде до благословената Марија, го зеде од нејзините раце детето, го прослави Бога, па во свето восхитување воскликна: Сега го отпушташ со мир, слугата твој, Господи, според своите зборови!

Долго јас те очекував и сакав да го видам Твоето доагање. И еве, дојде тој среќен час, за кој ми претскажа, Ти господарот
на животот и на смртта!

Сега веќе нема никаква потреба да ме задржуваш на земјата. А и јас немам зошто повеќе да останувам во живот, зашто веќе е постигната намерата за која живеев. Еве, јас те видов овде, и сега можам да се смирам.

Сега вака израдуван, одам да однесам радосен глас на праотците и на отците мои, зашто го видоа моите очи Твоето спасение.

Јас го видов Оној, Кого толку многу сакаа да го видат нашите патријарси и цареви. Зарем јас не сум посреќен од сите нив?

Зарем јас не сум посреќен и од самиот отец на верните, Авраам, кој овде на гората Морија виде само слика од Твојот Христос?

Зарем не сум посреќен јас и од големиот законодавец Mojcej, кој од гората Навав, можеше само да го види ова место, каде што требаше да се појавиш ти?

А јас, на своите раце не гледам слика или сенка, туку самото Твое спасение, кое си го приготвил пред лицето на сите народи.

О, кога сите луѓе би дознале дека ова е Оној, за Кого Ти, Боже, говореше преку устите на твоите свети пророци! Jас ќе те направам светило за народите, за да се рашири спасението од Господа до краиштата на земјата (Иса. 49, 6). Спасение не само за Евреите, туку за целото човештво.

О, преблаг Оче на целата светлина, пред темнината на смртта која ми доаѓа. Светна Твојата светлина овде, но ќе го осветли целиот свет и сите народи во светот – тоа е светило да ги осветли незнабошците, ќе ја растера штетната магла што е околу нив и ќе им те објави тебе, вистинскиот Бог и Спас, а бидејќи се јавува од средината на народот кој Ти го чуваш, ќе послужи во слава на Твојот народ Израилот.

Од Исток до Запад, народите на сите земји и колена, отсега па довека ќе ги слават нашите патријарси, кои веруваа во Искупителот што требаше да дојде. Ќе ги прославуваат пророците, кои го претскажуваа Неговото доаѓање. Ќе ја прославуваат и ќе ја величат пресветата Богомајка.

Боголепно ќе ја почитуваат и прославуваат и Твојата, О Јехова, божествена вечна слава! Така, владико Господе, jас го гледам сега и го држам на раце животот и светилото на
целиот свет, славата израилска и утехата на сите што веруваат.

Чувствувам, дека со ставањето на ова богатство на моето срце, jac со Него се соединив со Духот. И затоа, за мене нема повеќе живот на земјата, а ми се дава нов живот, кој е безграничен. О, отпушти го Господе, својот слуга според зборовите свои, со мир.

Прекрасни беа зборовите на светиот старец, што Му ги говореше на Исуса, не како на дете, туку како на возрасен и зрел, и не како на човек, туку како на небесен Бог, Кој има власт над животот и над смртта, Кој може одовде да испрати на другиот свет, и Кој може да задржува на земјата во овој
живот. Но, Пресвета Дева, сите овие зборови добро ги разбираше и ги редеше во своето срце.

Потоа, Симеон го враќа детето во рацете на мајката и ja благословува неа и Јосиф, ги предвиде, со помош на сеосветлувачкиот Свет Дух, крсните страдања на Богочовекот и солзите и жалоста на неговата Богомајка.

Па, и го рече на Марија она што на неа се однесува: Види, овој лежи за многумина да собори и подигне во Израилот и за да биде знак на спорови и озборувања

. А и на тебе ќе ти ја прободе нож душата, за да се откријат мислите на многу срца. Зошто ти, старче, го бркаш жалното со веселото?

Досега зборуваше за светило и за слава, а сега боруваш за паѓање и за нож што ке jа прободе душата на Богомајката? Да, сѐ ќе биде во свое време, вели свети Теодот. Нема сите да се користат со спасението што го донесе на земјата Твојот божествен Син.

Оние што Му веруваат и што ќе појдат по Него, Он ќе ги подигне од падот, а за оние кои упорно го отфрлаат, Он ќе биде поводот сосема да паднат и да пропаднат. На Него ќе се исполнат овие зборови од Светото писмо:

Ете, jас полагам во основата на Сион камен, – камен испитан, аголен, скапоцен, темелен: кој верува во него нема да се посрами (Иса. 28, 16). На оние кои веруваат ќе им биде скапоцен, а на оние кои не веруваат ќе им биде камен за сопнување и за соблазни, на кој тие ќе се сопнуваат

и нема да се покоруваат на Синот божји. За целото време на својот живот, Он ќе биде предмет на расправии во кои ќе се откријат човечките мислења – љубовта кон вистината на едните и лажливата побожност, лажната слава и пакосот на другите.

Неверувањето на овие другите, ќе ги доведе дотаму, што ќе го убијат својот Спасител. Ти ќе бидеш тажна, гледач на сето тоа, и тебе нож ќе ти ја прободе душата. Ќе го прободуваат венец од бодликави трња, клинци, копје.

Неговите зборови, Неговите тешки воздишки и изгледот на мртовец, длабоко ќе го избодат твоето мајчинско срце. Исто така, ќе го ранат твоето срце и многу страшни мисли што идат една по друга и jа мачат душата на која падна толку голема тешкотија.

Кога праведниот Симеон разговараше со Пречиста Дева, пријде и света Ана, па и таа под влијание на Светиот Дух започна да го фали новородениот Спасител и да Му благодари на Бога, во името на сите што го очекуваа Неговото доаѓање. Евангелистот за неа го вели следново:

Пророчицата Ана дојде во тој час, го фалеше Господа и им зборуваше за Него на сите што го очекуваат спасението во Ерусалим. Ана е Фануилова ќерка, од Асировото колено, кое беше богато, силно, а во исто време кротко и мирно.

Таа живееше во брак со својот маж седум години, а откако мажот ѝ умира, тогаш таа сосема се посветува на Бога и служи во Ерусалимскиот храм, секогаш постеше, се молеше на Бога и помагаше што треба за храмот. Живеејќи вака во побожни работи, ја доживеа 84 година и Бог ја усреќи, па и таа го виде и го прослави Синот Божји.

Светите отци зборуваат дека Захарија, таткото на Joван Претеча, во тоа време како најстар, ја воведе Пресвета Дева со детето во црквата и не ја стави да стои таму, каде што вообичаено стојат жените што доаѓаат да примат исчистување, туку ја доведе и ја стави да стои онде каде што стојат девојките, а каде што не се дозволувало да стојат мажени жени.

Свети Григорие Ниски вели:

„Осветлен со Духот Божји и знаејќи за тајната на девството, која со раѓањето не се нарушила, Захарија не ја оддалечи мајката дева во црквата од она место што според законот е одредено за девојки.

Тој ги подучуваше Јудеите дека, човечката природа и сѐ што е создадено е потчинето на својот Создател, Кој управува со сѐ, а со Него ништо не управува. Според тоа, во Негова волја и власт беше да покаже нов начин на рагање што не ѝ пречеше на Марија да остане дева“.

Пренесено од книгата „Животопис на Пресвета Богородица“

Source: https://pokajanie.mk/2024/02/02/37428/

Share:

Example Admin User

Error facere repudiandae qui aut quia. Nihil incidunt at maiores earum voluptates saepe modi. Aut recusandae qui fuga quaerat iure. Doloremque praesentium inventore natus. Aspernatur doloremque iste voluptas placeat. Incidunt qui quia enim ducimus asperiores aliquam doloribus. Aut voluptatem voluptas earum ducimus neque laboriosam sint.

All author posts

Related Posts

Image Description
8 months ago

Свети Ерхард, епископот на Регенсбург

СПОМЕН НА СВЕТИОТ ЕРХАРД, ЕПИСКОПОТ НА РЕГЕНСБУРГ, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 8 ЈАНУАРИ (?-700; германски: Erhard von Regensburg) Свети Ерхард[1] е роден во Ирска. За неговото ракополагање нема зачувано историски податоци, исто како што не е познато ни кога ја напуштил родната земја и...

Image Description
8 months ago

Лазарова сабота

Толкувачите гледаат во него предобраз и своевидна духовна подготовка на тогашните сведоци за претстојното Христово воскресение. Во секој случај, своевремено Лазаровото воскресение беше доживеано како најсилен доказ за Божественоста на Господ Христос пред тогашните Јудејци и постана камен на сопнувањ...