Недела посветена на свети Јован Лествичник

Example Super-Admin User · 2 hours ago

    6 minutes, 28 seconds


Пишува: Игумен Фотиј, манастир Св. Јоаким Осоговски

Возљубени во Господа.

Господ е врховниот уметник на нашиот свет. Тој од ништо, не од нешто, го создава космосот. Господ е вечно Битие Кое постои отсекогаш и засекогаш. Тој е Алфа и Омега, почеток без почеток, и крај во бескрај. Господ е Еден, но во Три Лица, Тој е Триличносен; Господ е Пресвета Троица. Трите Лица Божји, постојат во единствената нивна суштина, Која е за нас неоткриена. Таа суштина е тајна за нас луѓето, затоа што ние сепак како луѓе, кои сме ограничени во создадениот свет, не можеме да ја сфатиме совршеноста, не можеме да ја поимиме.

Вечното Божјо својство, на Света Троица, е љубовта. Љубовта е вечна категорија. Љубовта е вечен квалитет, во совршената полнота на таа енергија Божја, која никогаш не престанува. Таа вечна Божја љубов, нам ни се открива преку икономијата на делувањето Божјо во светот, та ние луѓето Го препознаваме Господ, во Неговата вечна енергија, преку Божјата Благодат. Љубовта Божја е единствената Негова сила со која што Тој се распространува со Своето делување во светот.

Човекот создаден од Бог е квалитетна креација, затоа што својот квалитет го добива од вечниот квалитет на совршеноста, а тоа е Самиот Творец, Самиот Бог. Но сепак, ништо што е живо, а во оваа наша смисла, ниту еден човек, сам по себе не е совршен само поради тоа што е создаден од совршениот и вечен Бог, иако во себе секое создание, како код во духот го има Божјиот печат. Сепак создаденото разумско битие, треба самостојно, самосвесно, да се оствари, затоа што човекот, не постои како некакво автоматско битие кое е програмирано. Ние луѓето треба да се докажеме во нашиот живот, кон која цел ќе го насочиме нашиот живот. Човекот во своето онтолошко самоспознание, се остварува преку својата личност, која го има во себе квалитетот на слободата. Човекот е слободно, разумско-свесно битие, кое пак се самоопределува во личното битисување во слободниот избор, дали ќе го прифати Божјиот повик за создавање и остварување на меѓусебниот вечен сојуз на спасението.

Човекот за да постане вистинска, квалитетна и вечна личност, треба самосвесно да пристапи кон Божјата подадена рака, за да ја оствари нитката на вечноста, преку која ќе го примиме вечниот живот и ќе го здобиеме вечното спасение. Човекот е создаден за да постане Божја Икона, а таа вечна идеа на создавањето, ќе биде остварена, доколку човекот оствари, една духовна папочна врвка со Творецот. Доколку самиот плод во утробата на мајката е поврзан со својата мајка преку телесната нитка на папочната врвца и на тој начин се остварува биолошкиот процес на телесното постоење на плодот, на таков начин, но сепак во еден духовен контекст, човекот како создание и плод на Божјата креативност, треба да се поврзе во Духот, во духовната нитка со Творецот.

Најреално, вистински, во светот, човекот за да започне онтолошки да се остварува во своето постоење, на квалитетен начин, треба недвосмислено, да пристапи кон телесното  причестување со Господ. Нашата суштина е нашиот Богочовек Исус Христос, Кој се подарува на светата Литургија. Тој е нашата насушна потреба, која постојано ја исповедаме во молитвата Оче наш. Секако дека секојдневната телесна храна, нам ни е потребна за да живее нашето тело, но без насушната, нај важната храна, а тоа е Богочовекот Исус Христос, ние не можеме да се оствариме како битија и не можеме да живееме вечно. Човекот уште во светот, треба да се оствари како есхатолошко битие, кое сега постои во времето и просторот, но исто така и преку Богочовекот Исус Христос, ќе биде поврзан со вечноста.

За да пристапиме кон насушната вечна храна, кон Богочовекот Исус Христос, ние треба да внимаваме постојано на својот живот. И во времето на воздржувањето од блажната храна и во времето кога ја употребуваме блажната храна, ние постојано ќе се воздржуваме од секакви лоши дела и постапки. За нас верниците, никогаш нема да бидат прифатливи лошите нешта како што е: злото, убиството, лицемерството, гордоста, развратот, гневот, омразата и т.н. Од овие лоши дела секогаш ќе се воздржуваме, за да се оствариме како вистински чеда Божји. Ние верниците треба да ги имаме квалитетните постапки на однесување, а тоа се добродетелите: љубовта, верата, покајанието, постот, молитвата, смиреномудрието, безмолвието, мирот, сочувството, кротоста, емпатијата и т.н., преку воздржувањето, или поточно со постот, ние самосвесно ќе го започнеме процесот на остварувањето на сопственото квалитетно битисување. Сепак, Господ е Тој Кој ја донесува конечната цел за нашето спасение, согледувајќи го нашиот позитивен начин на живот и нашата определба со која се докажуваме. 

Денешната недела е посветена на светиот Јован Лествичник. Тој е еден од стожерите на православната вера. Еден од постулатите на вистинското човечко битисување. Тој е светилото во светот, кое ни го покажува правилниот начин на битисување. Преку подвизувањето, преку аскетизмот, преку воздржувањето, тој постана светилник кој светли во темнината на светот и ни го покажува патот во бурата на метежот и хаосот кој владее во светот.

Светиот Јован во младоста своја, го посветил својот живот во монаштвото. Уште на шеснаесет години, тој решил да постане монах. Неговото срце било насочено кон Господа, и себеси се предал на силно воздржување. Постанал монах на Синајската гора. Се трудел во пост и молитва преку целиот живот. Неговиот живот бил многу строг, со исклучително самоодрекување. Тој ја напишал книгата Лествица, која, пак, до ден денеска, таа иста книга, е основна школа за трудољубивото монаштво. Во таа книга се опишуваат духовните борби на монахот, се опишуваат и телесните самоодрекувања. Се опишуваат и гревовите кои го тормозат битието на човекот. Тој го изложил целото свое учење за духовното усовршување во таа книга.

Светата Црква, ја посветува оваа Недела на овој голем светилник и столб на верата, затоа што сака да ни покаже на сите нас верниците, дека трудот и борбата треба да бидат постојани. Рајот се здобива со исклучителен труд и самоодрекување, а светиот Јован е нашата мотивација со која се поттикнуваме за продолжување кон целта. Постот треба да се издржи до крајот, та затоа ни се потребни и сеќавањата на овие свети луѓе, кои се наши примери.

Во денешното свето Евангелие, на светата Литургија, чувме дека се говори за исцелувањето на момчето во кое имало вгнезден нечист дух. Таткото на детето прво ги замолил Апостолите да го излечат неговиот син, но тие не можеле. Исус го истерал демонот од детето. Неговите пак ученици после тоа, Го прашале насамо, зошто тие не можеле да го истераат демонот?

„И им рече: Овој род со ништо не може да се истера, освен со молитва и пост“ (Марко 9, 29).

Најголемото зло ѓаволот, битието на злото, битието на богопротивноста, не може да биде победено без пост и молитва. Богомразителот – ѓаволот, ја мрази молитвата, и со тоа сфаќаме, дека молитвата е моќно оружје кое е наменето за нас луѓето. Постот е нашето средство со кое се штитиме од гревот – од злото, а додека молитвата кон Бог е нашата сила со која го победуваме злото. Гледаме дека молитвата е моќно оружје, затоа што преку молитвата се поврзуваме со Божјата сила, со Благодатта Божја. Молитвата нè поврзува со моќниот Господ, преку која ја остваруваме духовната врска и ја добиваме Божјата Благодат со која можеме да твориме чуда. Со воздржувањето како средство се претпазуваме од гревот, со покајанието се очистуваме од гревот, со молитвата се поврзуваме со Духот Божји, а во љубовта се докажуваме дека сме чеда Божји.

Богочовекот Исус Христос ни ја дава заповедта дека треба да постиме и да се молиме. Затоа браќа и сестри, не можеме да постиме и да немаме молитва, постот без молитвата е бесмислен. Нашиот благослов е да бидеме постојано во храмот Божји на молитва, во Црквата Божја, во заедницата на Телото Христово. Молитвата мора да биде постојана и надвор од храмот, и тоа не да биде говорена само за себе си, или пак само за оние кои ги почитуваме поради личен интерес. Впрочем, молитвата треба да биде општа и љубовна за секого. Општа и исполнета со искрена емоција и за оној кого не го познаваме. Впрочем, во Црквата Божја, членовите се разни луѓе, кои често не ги познаваме. Но во црковната заедница сите ние сме Едно Тело, па од таа причина сите сме делови на Тоа Тело Божјо. Секое делче е мое тело, затоа што севкупната полнота на целината на Телото е организмот на кого припаѓа моето тело. Јас сум другиот, и другиот сум јас. Христос е во мене и јас сум во Христа!

Молитвата која е исполнета со искрената љубов е пламенот кој го гори ѓаволот. Во молитвата се исполнуваме со Светиот Дух, а со причестувањето на Телото и Крвта Божји, се осветуваме и обожуваме, па така исполнети со Благодатта Божја, ќе имаме пламен огнен со кој можеме да се заштитиме од злото.

Браќа и сестри, бидете мудри и внимателни. Постанете добри и квалитетни, за да бидете дел од вечната радост. Внимавајте да не учествувате во злото. Но и доколку ви се случи некаква грешка, покајте се многу брзо, молете се на милостивиот Господ и бидете одлучни во воздржувањето од злото.

За многу години празникот.

Source: https://liturgija.mk/pouka/propovedi/nedela-posvetena-na-sveti-jovan-lestvichnik/

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
9 months ago

ШТО НАЈМНОГУ ГО ВРЗУВА МАЖОТ ЗА ЖЕНАТА (Старец Пајсиј)

Љубов меѓу сопружниците – Игуманијо, дали му напиша на Димитриј честитка за венчавката? – Да, старче. – Донеси ја честитката и јас нешто да додадам: „Христос и Пресвета Богородица нека бидат покрај вас. Ти давам благослов, Димитриј, да се скараш со цел свет, освен со Марија! Истото важи и за Марија!...

Image Description
8 months ago

Колку чини едно чудо

 Колку чини едно чудоЕдно девојче ја зеде својата касичка прасенце и ја испразни нејзината содржина. Три пати ги изброја ситните парички, за да не направи ниту една грешка. Имаше точно еден долар и 11 центи. Ги зеде монетките и тргна кон блиската аптека. Аптекарот во тој момент зборуваше со еден дот...

Image Description
7 months ago

Не треба да се жалиш туку да внимаваш

 Не треба да се жалиш туку да внимавашСвети Јосиф ИсихастСите твои паѓања сега постануваат лекции на смиреноумието. Поради тоа не треба да се жалиш туку да внимаваш.И да се се припремиш за битките кои одат една по друга. Лекцијата од една битка е спремање за следната.А оваа е припремата: во се онаа...