Невротичарот, ja гледа само својата мака и не го чувствува Божјото милосрдие…(“Пастирска помош на душевно болни”)

Example Admin User · 2 years ago

    5 minutes, 28 seconds


…Невротичарот, како што сакаме пред сѐ да истакнеме, не може да се радува, туку постојано себеси се става во состојба на очајување.

Неговите самообвинувања стануваат фантастични и многу преувеличени.

Неговото “покајание” може да биде co солзи, и може да потсетува на покајанието на обичен човек, co исклучок на едно – во неговото “покајание” нема светлина.

Тој во целост е фокусиран на своето самокамшикување, потполно е обземен co самиот себе и ниту еден зрак на светлина не продира во мракот на неговата душа.

Преподобен Ефрем Сириски за срдечната скрушеност пишува:

“Секојдневно го гневам Твоето долготрпение, Владико.

Пред очите мои е и тагата моја и милосрдието Твое.

Но добрината на Твоето долготрпение ја победува мојата тага. Да ги скрушиме своите срца и ден и ноќ ќе плачеме пред Господа.

Невротичарот, пак, ja гледа само својата мака и не го чувствува Божјото милосрдие.

Бидејќи тука е отсутно токму престојувањето пред Господа и е заменето co затворањето во себе.

Затоа и покајанието не му донесува олеснување, ниту радоста на простувањето.

Изгледа дека тој не верува на простувањето и милосрдието, но искрено верува во тоа дека преку исповедта се простуваат гревовите, т.е. тој потполно верува во Тајните на Православната Црква.

Ho дури и пo исповедта во него се задржува немирот кој не му дава чувство на слобода и смиреност.

Зошто ова се случува?

Единствениот одговор може да биде тоа дека неговото покајание би можело да биде неискрено. Токму неискреноста, според Карен Хорнај, се наоѓа во основата на невротичното чувство на вина. Таквиот човек секогаш го прогонува стравот од разобличување или осуда од страна на други луѓе.

Во тоа гледаме дека тој критериумите за вредностите на животот од Бога ги префрла врз луѓето.

Тоа е делување на суетата во човекот.

Според тврдењето на св. Максим Исповедник, “суетата е откажување од целта по Бога и преминување на друга цел која е спротивна на божествената”.

За невротичарот е карактеристична нескладноста помеѓу неговото чувство на вина и отсуство на смирение.

“Истовремено co изјавите дека е недостоен човек, невротичарот ќе покаже огромни претензии на внимание и впечаток, и ќе покаже многу забележливо одбивање да се сложи макар и co најмалата критика”

„Неговата чувствителност кон причината може да се прикрива co мислата дека е поднослива само пријателската критика, или критиката која има конструктивен карактер.

Но оваа мисла само се јавува и се спротивставува на фактите.

Дури и пријателскиот совет може да предизвика гневна реакција бидејќи советот одбил кој вид претпоставува критика во врска co некое несовршенство”.

Невротичарот бара за себе казна, бидејќи таа во извесна мерка го избавува од чувството на вина и му става маска на човек кој смирено се кае.

Вистинското, пак, покајание е болно чувствување и невротичарот го избегнува.

Тој се воздржува од покајанието поради стравот од неодобрување, но co задоволство го изразува своето чувство на вина.

Тој се уверува себеси и другите дека не заслужува добар однос кон себе и забележително тоа го преувеличува до чиста фантазија.

Co самото тоа тој дава повод на другите да видат нескладност помеѓу реалноста и таа фантазија, покажувајќи дека реалноста во стварноста е спротивна на она што тој го зборува.

Тој ја избегнува осудата од страна на другите и тоа го изразува ври различни облици.

Се плаши да предизвика гнев кај луѓето, бидејќи co самото тоа паѓа во нивните очи.

Тој секогаш се сомнева и внимава да не дознаат нешто за него; не им дозволува на другите да влезат во неговиот свет, бидејќи тоа му изгледа како многу опасно.

Неговата невротичност може да се прикрива co правилото на монашко однесување – co никого да не се зближува и да не се врзува co никого, туку да биде само co Бога.

Ако духовникот му зборува нешто што ги надминува рамките на списокот што му е даден, тој ќе наиде на отворен отпор.

Тој се наоѓа во постојан конфликт помеѓу потребата за покајание и истовремено потребата да не падне во очите на другите.

По гревопадот секој човек е подложен на гревови и страсни желби. Невротичарот се обидува да го сокрие своетото покајание зад стандардниот список на гревови, кој поради

својата обичност не предизвикува, според неговото мислење, неодобрување ниту од страна на духовникот, ниту од страна на другите луѓе.

Но тоа болно чувствување на вина во однос на тие обилни гревови на другите треба да им ја покаже неговата посебна чувствителност кон гревовите, треба да покаже присуство на посебна благодат која другите ја немаат.

Тој се обидува да ја сокрие својата слабост и беспомошност, своето одбивање да преземе напор за постигнување на било какво совршенство.

Смртно е преплашен од перспективата на промена и се крие од неа. Поедноставно му е „да се занимава co покајание”, отколку да се промени себеси.

Невротичарот се обидува никого да не го навредува, што однадвор многу личи на христијанско неосудување.

Додека неосудувањето претпоставува борба co страсната жед, осудување co помош на самопрекорување, невротичарот едноставно ги задушува своите гневни чувства и потреси да ги обвинува другите co мотивација дека се плаши да не ја изгуби нивната „симпатија” кон себе.

Но тоа што го задушува може да избие во очај кога повеќе не е можно да се потиснува наклонетоста кон другите.

Но тој има надеж дека тие ќе ја дознаат длабочината на неговиот очај и дека ќе му простат.

Тој може да почне да осудува ако другите почнат да го разобличуваат, бидејќи опасноста да ги онерасположи другите е помало зло отколку нивната осуда.

Притоа неговите обвинувања не се реални, туку фантастични, такви што не ги одбиваат другите од себе.

Тој може исто така да обвинува и други личности, попуштајќи ги вентилите за немирот што се насобрал во него.

Невротичарот може себеси да се прикажува како страдалник кого што никој не го разбира. Неговото страдање треба да послужи како жив прекор на околината, на која не и дозволува да го отфрли.

Неговото чувство на вина, самокамшикување, страдање, покајание, се само заштита од тоа да не ја признае својата обична гревовна суштина.

Тој се плаши вистински да го согледа гревот во себе, бидејќи тоа би го водело кон промена и увидување на неопходноста да вложи огромни напори во негово искоренување.

Нему му недостасува храброст да ги види и прифати своите гревови како такви.

За храброста како неопходно својство на христијаните пишувале такви свети Отци како што се Евагриј, Дијадох, Василиј Велики.

Стремежот на невротичарот да ја избегнува одговорноста за своите гревови преку посредство на чувствувањето на вина, се темели на самољубието, кое според Дијадох е “следено co истакнување на своите сопствени заслуги”.

Свети Игнатиј Брјанчанинов пишува:

“Вистинскиот монах се радува тогаш кога почнува да го увидува својот грев, кога според своето мислење за себе, ќе се направи себеси подолу и погрешен од сите свои најблиски, кога ќе почне да го тресе страв од судот Божји и страв од вечните маки, кога во него ќе се јави чувството на злосторник и осуденик, кога при неговите молитви ќе почнат да се излеваат порои солзи и да се оттргнуваат од градите воздишки и повикувања, кога неговиот ум исчистен од солзите ќе претстои пред Бога лице в лице”.

Значи, потпирајќи се на сето што го рековме, видовме дека невротичниот однос кон гревот е лишен од вистинско чувствување и дека според својата суштина е спротивен на односот кон гревот во православната аскетика.

Среќавајќи се на патиштата на грижата за душата на човек co невротични црти на карактерот, пастирот мора да се потруди невротичниот однос кон проблемите на неговиот духовен живот да го пренасочи во правец на светоотечкиот однос.

Пренесено од книгата “Пастирска помош на душевно болни” од игумен Евмениј

Подготви Мина Даниловска

Source: https://pokajanie.mk/2021/07/02/31916/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Авва Евагриј 8, 5-8

Ако сакаш да бидеш познат од Бога, тогаш прави сѐ за да им бидеш што помалку познат на луѓето. Ако секогаш имаш на ум: дека Бог секогаш гледа сѐ што правиш, со душата или со телото, тогаш нема да погрешиш во ништо и Бог секогаш ќе живее со тебе. Човекот со ништо толку не се уподобува на Бога како...

Image Description
2 years ago

Исповед на еден прогонител на Христијаните на смртна постела

Исповед на еден прогонител на Христијаните на смртна постелаОд митрополит Нектариј од Арголида…Дозволете ми да завршам со инцидент кој ми беше раскажан во Одеса пред неколку години, кој е исто така објавен во книгата „Во вителот на светот што се менува– новите маченици од Бердјанск“:Одеса 2002. Оф...

Image Description
3 years ago

Отечки изреки (1)

Ги видов сплетките што непријателот ги распространил низ светот и во лелек реков: „Што би можело да помине низ овие сплетки?“ Тогаш слушнав глас што ми рече: „Смирението“. свети Антониј Велики Серафимот не можел да го допре разгорениот јаглен со своите прсти, туку само го приближил до устата на Исаи...