НОВО ИЗДАНИЕ НА НАШАТА ЕПАРХИЈА
Со Благослов на надлежниот епархиски архиереј, Митрополитот Петар, излезе од печат книгата „Историја на Плетварско-беловодичката парохија при Прилепското архиерејско намесништво – Преспанско-пелагониска епархија“.
Книгата претставува историски осврт на животот и фунционирањето на оваа парохија при Прилепското намесништво. Во неа е поместен историски осврт за постоењето на парохијата, хронолошки редослед на парохиските свештеници од нејзиното основање, па до денес, список на имоти на црквите и манастирите, список на икони на секоја црква и манастир, куси биографски податоци за секој свештеник, кој бил на оваа парохија, како и историјат на секое село, кое денес е во состав на парохијата.
Да се потсетиме, оваа парохија денес ја сочинуваат селата: Беловодица, Дрен, Крстец, Лениште, Мало Радобил (Мало Село), Мрамор, Никодин, Ореовец, Плетвар, Големо Радобил (Радобил), Ракле, Смолани, Топлица, Тројаци и Царевиќ.
Во оваа парохија денес се наоѓаат 16 цркви (1 гробјанска), 6 манастири (2 во изградба) и 2 параклиси.
Source: https://blagovesti.wordpress.com/2017/05/29/%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BE-%D0%B8%D0%B7%D0%B4%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%B0%D1%88%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B5%D0%BF%D0%B0%D1%80%D1%85%D0%B8%D1%98%D0%B0/