Осветени возобновените конаци на манастирскиот комплекс „Св. Преображение“ - Зрзе (07.03.2016)

Example User · 1 month ago

    2 minutes, 11 seconds


015_zrze_640x400

Реконструкцијата на овој духовен центар, несомнено, ги демонстрира нашата посветеност и нашите заложби да го зачуваме богатото културно наследство што го поседуваме како држава, да обезбедиме негова соодветна заштита, промоција и достапност за нашите граѓани ...

- Имаме можност да ја промовираме целосната реконструкција на манастирскиот комплекс „Св. Преображение“ – Зрзе. Реконструкцијата на овој духовен центар, несомнено, ги демонстрира нашата посветеност и нашите заложби да го зачуваме богатото културно наследство што го поседуваме како држава, да обезбедиме негова соодветна заштита, промоција и достапност за нашите граѓани - порача министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска при денешната свеченост на осветување и промовирање на реконструираните монашки и владички конак и на партерното уредување на манастирскиот комплекс Зрзе.


09_zrze


На денешната свеченост присуствуваа многубројни гости, како и поглаварот на МПЦ ОА г.г. Стефан и владиците Петар и Климент.

- Зафатот за возобновување на комплексот ги опфаќа археолошките истражувања под манастирот, обновата на монашкиот и на владичкиот конак и партерното уредување 1300 квадратни метри - нагласи Канческа-Милевска при обраќањето пред присутните.

- Зрзе за Македонија е Тавор и Топос на духот кој како во минатото така и денес на човекот на нашата епоха му упатува универзална порака за постојано преобразување, прифаќање и соочување со сопствените креативни потенцијали. Зрзе е креативен амбиент кој токму тука ги изнедрил ремек-делата на македонската средновековна уметност, двете антологиски икони, Зрзескиот Христос и Богородица Пелагонитиса од 14 век кои се нераскинлив дел од светската иконописна ризница.

014_zrze

Зрзе е органски дел од ранохристијанската духовна структура осведочена во новооткриениот старохристијански комплекс со базилика и гробница на локален мартир од петтиот век. Зрзе е уникатна монашка населба врежана во бигорната карпа со автохтоно монаштво од крајот на деветтиот век - рече Канческа-Милевска.

Поглаварот на МПЦ ОА, г.г. Стефан, нагласи дека овој манастир е еден од најрепрезентативните и најзначајни средновековни македонски светилишта.

023_zrzeОвде, чиниш на секоја педа од земјата напластени се векови национална, културна и духовна историја. Собрани денес на овој свештен собир, крунисуваме едно дело на новата македонска духовна преродба - ги осветуваме возобновените и новите манастирски конаци - рече, меѓу другото, г.г. Стефан.

Осветувајќи ги новите конаци, поглаварот на МПЦ ОА г.г. Стефан нагласи дека ниедно духовно дело за историјата и за вечноста не е успешно доколку зад него не стојат добри и осветени личности.

Градоначалникот на Општина Долнени Боше Милошески смета дека за манастирот е направено многу, особено по асфалтирањето на патот до него.

- Со пари од државниот буџет е асфалтиран патот до манастирот во должина од близу 8 километри и ова духовно светилиште е гордост за Општината и за Македонија - рече Милошески.

Патот до манастирот се градеше со средства од државата во висина од 80 милиони денари.

 

 

 

 

 

025_zrze

027_zrze

029_zrze

Извор: Министерство за култура на Р.Македонија

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/manastiri-i-crkvi/17392-osveteni-vozobnovenite-konaci-na-manastirskiot-kompleks-sv-preobrazhenie-zrze-07-03-2016

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
11 months ago

За една чинија леќа

Исав и Јаков Во Стариот Завет имаме многу настани и личности, од кои, ако сме мудри, можеме многу да научиме. Еден од тие е и настанот, со браќата близнаци Исав и Јаков. Исав бил првороден и со тоа благословот Божји и наследството му припаѓале нему. Тој бил силен, воинствен, а Јаков бил кроток и мир...

Image Description
11 months ago

Протојереј Андреј Ткачјов - Ти дојде!

Искрено да Ти кажам, без Тебе ми е многу лошо. На масата има сè, другар ми дојде на гости. Има и пиво. Сувите дрва крцкаат во каминот, најмалата ќерка си игра наземи, синовите цртаат бродови. Надвор паѓа снег. Што уште му треба на човека за да биде среќен? Но јас искрено Ти велам, без Тебе ми е мног...

Image Description
2 years ago

Пештерната црква на Свети Павле во Неа Фокеа, Халкидики (29.06.2022)

(Обновено)   Неа Фокеа е мало рибарско село со околу 1500 жители, сместено по должината на едно од трите краци кои го сочинуваат полуостровот Халкидики. Покрај крајбрежјето се протега Византиска тврдина, за која се смета дека е изградена во 1407 година и се издига до висина од 17 метри. Покра...