Подготовка за исповед (Втор дел)

Example Admin User · 2 years ago

    6 minutes, 17 seconds


Исповед

Едно од главните дејства на покајанието е исповедта.

Откако грешникот ќе се освести, како евангелскиот блуден син, ќе ги испита зборовите и совеста, ќе ги спознае своите гревови, ќе се обрати кон Бога co скрушено и смирено срце, ќе се прекори, осуди и оплаче себеси пред Hero, тој мора искрено да ги исповеда своите гревови пред свештеникот, да ја открие својата гревовна состојба.

При пристапувањето на исповед треба да се исполнат три услови:

Треба да се помириш co сите на кои им претставуваш товар.

Ако не си стигнал лично да се помириш, тогаш во мислите прости им од сѐ срце, оправдај ги, а себеси обвини се.

Кога ќе се сретнеш co нив, замоли ги за прошка и однесувај се во согласност co своето покајничко чувство.

Треба да се има скрушено срце и смирение. Оној што се кае треба и co својата надворешност да го искаже своето смирение, да клекне на колена.

Моли се нерасеано.

Значи, пред сѐ, мораш да се помириш co сите кои ти се тешки и на кои им тежиш.

Можеби ќе речеш:

„Зошто да одам jac да се помирам, па јас никому не му се лутам. Кој ми се лути мене, нека моли за прошка”.

А зошто ти се лутат тебе?
Значи, co нешто си ги повредил!
Ајде, провери ја својата совест!

Доколку се испостави дека совеста ти е навистина чиста, дека никого co ништо не си навредил, сепак, заради љубовта кон ближниот, пријди и замоли ги за прошка сите оние кои се гневат на тебе поради завист, љубомора или поради некоја друга причина.

Затоа што тие се во голема опасност.

Во Евангелието се вели:

„Секој кој се гневи на својот брат за ништо, ќе биде виновен пред судот ” (Мт. 5, 22).

И ако не вложиш напор да се помират co тебе, ќе се испостави дека и ти си ја нарушил Божјата заповед за љубовта. Како ќе ѝ пријдеш на Чашата на Животот?

Некои велат:

срамота е и понижување да се моли за прошка.

Срамота е да се става раката во туѓ џеб, a добро дело никогаш не е срамно да се направи.

Co ова човекот го покажува своето смирение, а смирението и љубовта се најголеми добродетели.

Кај оној којшто се срами од тоа, значи сѐ уште не исчезнала страста на гордоста, и тој токму од неа треба да се излечи, треба насила да се примора себеси да се моли за прошка.

Понекогаш луѓето го поставуваат прашањето:

“Отец, што треба да правам кога не сакаат да се помират?”

Луѓето не сакаат да се помират само co оние, кои молат за прошка, а истовремено се правдаат себеси.

Човечките души меѓусебно се разбираат, така да речам, без зборови, срце му зборува на срцето, така што ако искрено простуваме, ако не се навредуваме и ако за сѐ се обвинуваме само себеси, а другите ги оправдуваме, сигурно co нас ќе се помират дури и најнепомирливите непријатели.

Меѓутоа, ако дури ни во такви услови не сакаат да се помират, тогаш

„правете им добро на оние кои ве мразат” (Мт. 5, 44).

Ако им правиме добро на оние кои нѐ навредуваат, таа милост најмногу од сите други добродетели ќе нѐ заштити на митарствата и на Страшниот Суд.

Немој, пријателу мој, никого да понижуваш, пред никого да не се вознесуваме, да се присетуваме дека сме најлоши од сите и затоа на секој прекорен збор искрено да речеме:

“Прости.”

Овој збор ја истерува мачнината од душата, го гуши гневот, ги уништува кавгите, прави да завладее мир, така што зла сила нема можност да му наштети на оној кој од срце вели:

„Виновен сум, прости ми”.

Ha исповедта човекот не треба да чека духовникот да му поставува прашања, туку сам треба да ги исповеда своите гревови, не срамејќи се, не криејќи и не намалувајќи ја нивната важност.

Зборот „грешен сум”

треба да го изговараме co чувство на длабоко покајание, а не махинално.

Исповедта е подвиг на самопринудување.

Многу луѓе не можат да ја избегнат соблазната на самооправдувањето, и на исповедта често говорат пред духовникот:

„Е тоа дека сум згрешил – сум згрешил, но тој и тој ме примора на грев…”

Особено кога луѓето се каат за кавга, гнев или раздразливост, задолжително ги осудуваат другите.

Нив ги обвинуваат, а себеси се оправдуваат. Ваквото покајание е погрешно, лажно, лукаво, лицемерно, гнасно пред Бога.

Тоа е знак за самољубие и отсуство на лично длабоко покајание.

Понекогаш луѓето велат:

„Отец, имам слабо памтење, па не можам да се сетам на гревот.”

Гледаш, млад, здрав човек, a се жали на заборавност.
„He”, велам, „не е работата во памтењето.”
„Навистина, отец, ништо не се сеќавам.”
„Верувам, верувам! Ho, тоа не е затоа што имаш лошо памтење, туку затоа што живееш невнимателно и расеано и не им придаваш на гревовите сериозно значење.

He го задржуваш вниманието на гревовите кои имаат сериозно значење.

He го задржуваш своето внимание на гревовите, не ги фиксираш во сеќавањето. затоа и ги забораваш.

„Ете, и ти Д., треба на тоа сериозно да обрнеш внимание, кај тебе исто така постои недостаток во тој поглед.”

He забораваме да седнеме на маса затоа што сакаме да јадеме….

Ако силно би копнееле и по небесна храна, исто така не би ги заборавале и нашите гревови.

Човек не седи на маса co вреќа на грб, во кожув и ракавици. Прво го фрла теретот, се ослобудува од
него, затоа што тој му смета да јаде.

Така, ќе нема да можеме да се насладиме и од небесната трпеза, ако co покајание не го отфрлиме од себе гревовниот товар.

Душата секојдневно се оптеретува co гревовен товар, секој ден треба и да го отфрла co покајание.
Навиката е втора човечка природа.

Таа, како што се вели, влегува во неговото тело и крв и станува неразделна од човекот, и кај него се развива таканаречен рефлекс.

Човекот многу нешта ги прави од навика не размислувајќи: трепка, прави ритмични движења и сл.

Човековата навика да трепка ја чува рожницата да не се исуши, навиката да мафта co рацете при одењето му помага на човекот да ja сочува рамнотежата; така е и во духовниот живот.

На пример, преподобен Макариј Египетски стекнал побожна навика сите нешта да ги прекрстува и пред почетокот на секоја работа да се крсти, т.е. ништо да не започнува без благослов.

Еднаш демонот смислил како да го искуша.

„Ќе се скријам”, си помислил, „во умивалникот и ќе го натерам да заборави, тој ќе заборави да го прекрсти умивалникот и тогаш… ex, како ќе се пошегувам co него!”

Така и направил.
Преподобен Макариј дошол до умивалникот, од навика го прекрстил co крсниот знак и го запечатил демонот во умивалникот.

Крсниот знак го подгорел демонот и тој почнал да го преколнува Преп. Макариј да го пушти.

Гледаш, Д., колку е за нас скапоцена побожната навика, и воопштено говорејќи, човекот треба така да биде расположен, да смета дека е подобро да не греши, отколку да ги исповеда гревовите поради тоа што згрешил.

Колку и да е потполна и искрена исповедта, сепак на душата ќе бидат воочливи траги од гревовни дамки.

Тие конечно ќе се исчистат, кога co радост од Бога ќе примиме и епитимија (казна) за своите гревови.

Меѓутоа, кој од нас се радува на страдања и болести?
Ретко кој!

Значи, од ден во ден, од година во година, гревовите се таложат во душата и од таквата тежина им е тешко не само на човекот, туку и на духовниот отец.

Демоните обично ни сугерираат воопшто да не ги исповедаме, како тоа да му се случило на некој друг или да ја фрламе вината врз другите, на пример:

„Еве, се скарав и изговорив многу непотребни зборови, затоа што М. и П. ме извадија од такт, ме наведоа на тоа”.

Исповедта co самооправдување е одвратна и мрска пред Бога!

Каде е скрушеноста поради гревот, каде е самопонижувањето?

Наместо нив, присутно е осудување!

На поранешните гревови сме им додале нов грев… Сме ја помешале кашата co скршено стакло (тајната на очистување co гревот на осудување) и наместо оздравување, сме добиле нови чирови и душевни болести: помрачување на совеста, срам и прекор, тежина на душата.

He! Toa не е исповед. Тоа е изопачување на Светата Тајна.

За човекот во ниту еден случај не е корисно да се оправдува: доколку му е чиста совеста, зошто да се грижи, порано или подоцна Господ ќе му ја покаже вистината, ќе нѐ оправда, а ако совеста нѐ разобличува, не смееме веќе да се правдаме, затоа што на тој грев се додава нов грев – лага.

Доколку совеста или духовниот отец нѐ разобличуваат, треба внимателно да се поправиме.

Треба да се заинтересираме за спасението и тогаш, без дополнителни помагала, ќе ги памтиме своите гревови.

Човекот не го заборава она што го интересира.

Доколку патуваш co воз и гледаш низ прозорот, ништо нема да пропуштиш. Секоја ситница, секоја црта ќе остане во твоето сеќавање и сѐ ќе можеш да им раскажеш на другите детално.

Ако гледаш низ прозорот незаинтересирано, co очи кои ништо не гледаат, доколку си зафатен co твоите мисли, твојот расказ за патувањето ќе биде сувопарен и здодевен, краток и во општи црти, без детали.

Дури можеби и ќе кажеш:
“Ништо не се сеќавам! Сѐ сум заборавила!” Ете, така станува и на исповедта.

Пренесено од книгата “Господи, очисти ги моите гревови” Практичен прирачник за Светата Тајна Покајание и Исповед

Подготви – Мина

Прв дел

Подготовка за исповед! (Прв дел)

Source: https://pokajanie.mk/2022/01/06/33727/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
2 years ago

Тешко му на внатрешниот човек од надворешниот! (Преподобен Исихиј)

Како што не може сонцето да сјае без светлина, така ни срцето може да се очисти од нечистотата на помислите без молитвата на Христовото име. А, ако е ова вистина, како што гледам Јас во својот личен опит, тогаш да го повикуваме ова Име толку често – колку што дишеме. Зашто тоа е светло, a демонскит...

Image Description
3 years ago

Постот кај Светите отци

Ранохристијанските списи, како и делата на Светите отци, потврдуваат дека постот во Црквата се запазувал уште од самиот почеток. Во учењето на Дванаесетте апостоли, од средината на II-от век, се зборува за веќе постоечкиот седмичен пост на христијаните, со наредба да не биде спроведуван заедно со Ј...

Image Description
3 years ago

Богородичните празници

Празничниот циклус, посветен на споменот на Пресвета Дева Марија, се состои од следните главни празници: Раѓање на Пресвета Богородица (8/21 септември), Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста (21 ноември/04 декември), Благовештение (25 март/07 април), Сретение или воведување на нашиот Господ в...