Поголемиот дел од најголемите научници веруваат во Бога

Example User · 10 months ago

    2 minutes, 23 seconds


 


Кон крајот на минатиот и во текот на овој век спроведени се анкети помеѓу научниците од сите научни области

во Америка, Англија, Германија, Франција и тие покажаа дека огромен број од нив (90-94%)

веруваат во Бога. Нив науката ги зацврстила во верата.



 

Натиисот на гробот на Коперник


Никола Коперник (1473 – 1543) – полски астроном

Славниот полски астроном Никола Коперник (1473-1543). писател на познатото дело „За кружењата на небесните светови“, во коешто го срушил дотогашното верување дека Земјата е центар на светот и укажал дека таа се врти околу Сонцето, кажал да се напишат следниве стихови на неговиот надгробен споменик:

Благодатта која си му ја дал на Павле Не ја барам јас, туку Тебе Те сакам.
Ни клучевите што си му ги дал на Петра Заради исповедањето: „Те љубам“ – не ги сакам.
Само една, Милостиви,
Од тебе барам милост:
Онаа што на разбојникот му ја даде,
Издигнат на крстот:
„Денес ќе бидеш со мене во рајот!“

 

Натписот на гробот Њутнов



На гробот на славниот англиски математичар, физичар, астроном и философ Њутн (1642-1727), којшто го открил законот на гравитацијата и составот на светлината, стои следниов натпис: „Тој со својата философија ја прославуваше Божјата семоќ, а со својот живот ја олицетворуваше евангелската простота“.


Споменик на Исак Њутн над неговиот гроб

 

Натписот на гробот на Бенџамнн Френклин



Тој бил еден од најистакнатите луѓе на XVIII век во Америка (1706-1790). Борец за независност и мултигенијален човек: печатар, писател, природник, пронаоѓач на громобранот. А пред сè бил многу побожен, за што сведочи овој натпис на неговиот гроб, што самиот тој го составил:

    „Овде почива телото на печатарот Бенџамин Френклин, како корица на една стара книга, од која се извадени листовите. Но листовите не се изгубени. Тие ќе се појават еден ден во ново и поправено издание“.



Плоча од Гробот на Бенџамин Френклин (1706-1790) – Френклин е погребан во погребната црква во Филаделфија

 

Со ова Френклин сакал да каже дека душата е одвоена од телото како листовите од корицата. Но во денот на воскресението ќе се појави подобра и поубава, како книга во ново издание (Спираго 324, стр. 149).

 

Еден разговор во возот



Патував со брзиот воз од Франкфурт кон Базел. Кога возот поминуваше низ едно село, чијашто танка камбанарија се издигнуваше во висините, еден млад човек, студент, којшто седеше до мене, гласно проговори:

   Жителите на ова село, наместо да ја градат оваа црква, можеле на покорисен начин да ги потрошат парите. На пример, да изграделе една сала, тоа би било помодерно.
    А што имате вие против црквата? – Запраша со чудење оној до него.
    Па знаете, денес само глупавите одат во црква – одговори младичот.
    Е па, добро, и јас сум еден од тие „глупави“ – изјави патникот до него.
    И јас, изјави еден достоинствен господин од соседството, бидејќи и јас секоја недела одам во црква. Патем, јас сум и професор во Лајпциг.
    И јас му припаѓам на баталјонот на „глупави“, изјави четвртиот. Јас сум професор на лицејот[1] во Берн.

И четворицата „глупави“ се ракуваа и почнаа срдечен разговор. „Високоучениот“ младич поцрвене и се повлече во еден агол на вагонот. Во текот на цело патување веќе не проговори ни збор

[1] Вид на средно училиште во Западна Европа и во царска Русија (бел. на прев.).

 

 Извор: https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/pogolemiot-del-od-najgolemite-nauchnici-veruvaat-vo-boga/

 

 

Source: https://preminportal.com.mk/nauka-kultura/nauka-i-religija/20198-pogolemiot-del-od-najgolemite-nauchnici-veruvaat-vo-boga

Share:

Example User

Placeat id pariatur et eos et nostrum. Voluptas cupiditate non sunt. Iusto impedit dolorum eaque deleniti molestiae numquam praesentium. Voluptas eligendi nulla quo ipsa dicta maiores accusamus. Voluptate impedit et voluptas id magni. Magnam vero autem autem accusantium nesciunt. Sunt ad quas atque aut dolorum. Voluptatibus similique quidem culpa cumque quia officiis nisi.

All author posts

Related Posts

Image Description
10 months ago

Свети Василиј Велики: Беседа за благодарноста! (прв дел)

  Дали сте ги слушнале зборовите на апостолот кој се обраќа до Солуњаните и го пропишува законот за целиот живот? Тие се упатени на ние кои секојдневно се наоѓале во негова близина, иако, нивната корист се распростира на целиот човечки живот. Радувајте се секогаш. Молете е без престан. Благодарете н...

Image Description
10 months ago

Проф. Др. Ѓоко Ѓорѓевски: Религијата во Образованието – Проф. Др. Ѓ. Ѓорѓевски

предмет: Обраќање – Осврт кон прашањето на воведувањето верското овразование тема: Вебинар – Религијата во образованието датум: 12.05.2021 Проф. Др. Ѓоко Ѓорѓевски, декан на Православниот Богословски факултет Свети Климент Охридски, Скопје  Почитуван господин Даниел Браун,  Официјален прет...

Image Description
10 months ago

Светски познат научник за необјаснивоста на чудата и восхитот кон Атон

  Професорот Никос Стергиу, декан на факултетот за биомеханика при Небраскиот универзитет во Омаха (САД), автор е на многу научно-иновативни истражувања – човек на науката а истовремено и православен верник. Тој од научна гледна точка зборува за чудата во православната вера, и за тоа каков впе...