Покажи ми ја личноста

Example Super-Admin User · 3 months ago

    3 minutes, 44 seconds


Автор: Архимандрит Варнава Ламбропулос

Кога еднаш незнабожецот Автолик побарал од св. Теофил Антиохиски да му го покаже бог во кој верува, Теофил му одговорил: „Покажи ми ја личноста и ќе ти го покажам мојот Бог“. Одговорот на светителот нè потсетува дека во историјата на човечката цивилизација, теологијата и антропологијата се меѓусебно испреплетени. Религиозните убедувања на секоја личност имаат одлучувачко влијание врз нејзиното формирање и целиот нејзин став кон животот. Христијанинот Теофил сакал да му укаже на нехристијанинот Автолик, дека за нас човечката личност е слика (image, икона) на единствениот вистински Бог и дека таа слика е вистинита (т.е. верна на оригиналот – заб. прев.) толку, колку што се стремиме да бидеме како Христос кој беше и Бог и човек.

„Чесна е смртта на неговите свети“

Затоа, би можеле да кажеме дека на големиот празник Педесетница, Црквата ни го „покажа својот Бог“ и дека денес, на празникот на сите свети, „ни ја покажува својата личност“. Со Педесетница е завршена задачата на божествениот домострој. Светиот Дух ни ја откри „целата вистина“ за тоа, кој е Бог и ни ги подари сите божествени дарови, со кои може да бидеме слични Него (т.е. богоподобни).

Вреди да се напомене дека светителите, како прототип на луѓето во Црквата, не ја стекнале својата слава со научни достигнувања, со заслуги за општеството или со безбојна, блуткава етичност, туку со нивната победничка борба, во Христа, од соочувањето со злото. Тоа е битка која по правило завршувала со нивната смрт како маченици. Во современата култура ја прикриваме смртта како да е нечесна и нечиста. Меѓутоа, псалмопеачот ни кажува дека „смртта на неговите свети е чесна пред Господа“. Чесна е затоа што е сведоштво за вистината (Јн 18, 37), сведоштво за Христовата вистината. Тоа не е сведочење за теории, туку за факти; а особено е сведоштво за основата на нашата вера: Христовото воскресение.

Според св. Павле, кој може да се нарече првиот борец против воскресението, а подоцна негов најогнен поборник, мачениците претрпеле мачеништво за да постигнат воскресение, подобро отколку да бидат востановени во овој живот. Тие ги презирале, не само сите задоволства во овој живот – тие беа „сиромашни, прогонувани и малтретирани“ – туку (го презираа) дури и самиот живот. Тие смело изјавуваа дека „страдањата на сегашното време не се ништо спрема славата, која ќе се јави во нас“ (Рим 8, 18). Поради тоа, светот не беше достоен за овие свети, воопшто не можеше да се споредува со нив. До степенот до кој ги виделе и доживеале првите координати (сегашните страдања – идната слава), до тој степен неспоредливо подобро ги познавале и вторите координати (светот – светителите).

Мачениците и нивниот повик

Спомнавме дека Христос не барал пропагандисти; тој барал сведоци. Верата не смее да се изроди во популарни пароли. Верата се исповеда со сведоштво, а сведоштвото е спротивно на пропагандата. Сведокот е центрипетална сила, затоа што зрачи. Бергсон го разбрал ова кога напишал за светите: „Немаме потреба светителите да прават ништо друго, освен да постојат. Самото нивно постоење е повик.“

Во денешното послание, св. Павле одговара на прашањето: „На што нè повикуваат светителите?“ Тие нè повикуваат да се бориме против нашите страсти: „да отфрлиме од себеси секакво бреме и грев, што лесно нè окружува“ (Евр 12, 1). Оваа слика е преземена од вежбалиштето (gymnasia), каде натпреварувачите ја оставале сета излишна облека, за да влезат во натпреварот неоптоварени. Според св. Теофилакт, секојдневните грижи кои ги умножуваме преку нашата алчност, создаваат маса од суети кои не нѐ возвишуваат. Уште полошо паѓање е предизвикано од „гревот кој станал навика“, затоа што многу лесно „окото се воодушевува, слухот се привлекува, допирот се надразнува, јазикот дрдори и мислата е склона кон најлошото“.

Божественото растегнато јаже

Сето ова потсетува, не толку на спортист кој се натпреварува на цврста подлога, туку на акробат кој се обидува да оди по растегнато јаже. Кога некој млад акробат го прашале, како успеал да оди по јажето толку долго, тој рекол дека тренирал гледајќи го својот искусен татко – акробат на другиот крај од јажето. Св. Павле нѐ повикува да го направиме токму тоа, да ги задржиме нашите очи вперени во Христос, Основачот и Усовршувачот на нашата вера. Кога претрпе страшна смрт на крстот, Христос стана првиот маченик на вистинската вера, бидејќи – за да седне, во тело, од десната страна на престолот на својот небесен Отец – прифати прво биде прикован на дрвото на крстот, без оглед на бесчестењето.

Денес ни е тешко да разбереме каков срам беше сето тоа што Христос го поднесе. Ако сакаме да ја почувствуваме тежината на оваа фраза, треба да го одземеме од крстот целиот сјај со кој Царот на славата го обдарил. Мора да го гледаме само како казнено средство, како најболната и најсрамна егзекуција, резервирана за отпадоците на општеството. Меѓутоа, Христос го сметаше овој крст за своја најголема слава; и Сите Светии го носеа Крстот како нивно оружје и слава.


Превод од англиски јазик – Протојереј-ставрофор Антониј Петрушевски, од изворникот: https://pemptousia.com/2023/06/show-me-a-person/

The post Покажи ми ја личноста appeared first on Литургија.мк.

Source: https://liturgija.mk/bogoslovie/pokazhi-mi-ja-lichnosta/

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
3 weeks ago

Љубов најубавиот цвет во градината на доблести...

 Љубов најубавиот цвет во градината на доблестиЉубов најубавиот цвет во градината на доблести.Најинтензивна боја во виножитото на евангелското небо. Најскапиот бисер во круната на верата.Клучот, кој ги отвора сите врати на човековото однесување.Лекот кој ги лекува сите болести на душата и телото.Ева...

Image Description
1 month ago

Сè е запишано на небото.. Духовниот закон секогаш функционира...

 Сè е запишано на небото..Духовниот закон секогаш функционираЧовечките закони честопати не успеваат да ја испорачаат правдата, но духовниот закон порано или подоцна ќе ги оправда обесправедните, ќе ги казни неправедните, ќе ги воздигне понизните, ќе ги уништи гордите...Сè е запишано на небото.Добрит...

Image Description
3 years ago

Свети Силуан Атонски – Молитвата е најдобро дело за душата!

Свети Силуан Атонски СЛОВО ЗА МОЛИТВАТА Кој Го љуби Господ, тој секогаш се сеќава на Него, а сеќавањето на Бог ја породува молитвата. Ако не се сеќаваш на Господ, тогаш нема ни да се молиш, а душата без молитвата нема да пребива во љубовта Божја. Оти преку молитвата доаѓа благодатта на Светиот Дух....