ЗА БОЛЕСТИТЕ….

Example Admin User · 4 years ago

    3 minutes, 47 seconds


ЗА БОЛЕСТИТЕ….

Исклучива заслуга на светоотечкото учење е своевидната концепција за полезноста на болестите.

Што има полезно во страдањето? – во недоумица прашуваат многумина што првпат слушнале за ваков поглед на животот.

И навистина, можеби луѓето најповеќе се плашат од смртта и тешките болести. Христијанството пак, му дава на човештвото пример за надминување и достојна подготовка за она најлошото што го очекува човекот.

Во последно време и официјалната медицина во извесни случаи ја потврдува оваа концепција за полезноста на болеста (а нејзината практична употреба почнала прилично одамна – на пример, вакцинацијата, која често не е ништо друго туку вештачки предизвикано заболување во лесен или слабо изразен вид за да се спречи посериозна и поопасна болест).

Постои мислење дека извесни болести можат да се сметаат за очистувачка криза (на пример, настинките и грипот). После некои заболувања организмот формира постојан или помалку постојан имунитет, што може да се оцени само од позитивна страна.

Од гледна точка на светоотечкото учење, човекот со болести помалку греши, потрезвено размислува за смислата на животот. Како што кажал свети Игнатиј Брјанчанинов:

„Болничката постела често станува место на богопознание“.

Храброто поднесување на болестите формира во човекот својства како што се трпење, истрајност, издржливост и некои други добродетели.

Постојат и други битни причини кои овозможуваат болестите да не се гледаат само низ призмата на страдање и неизмерен јад. Подвижниците на светоста сметале дека со правилно сфаќање и однос кон болеста, таа може да донесе полза за душата.

Како пример што покажува христијански однос кон болеста може да послужи наведениот извадок од мислењето на свети Григориј Богослов:

„Страдам од болест и изнемоштев телесно. Некои вообразени можеби им се потсмеваат на моите страдања. Раслабени ми се членовите на телото и нозете несигурно одат. Не знам дали е тоа последица од воздржување, или последица од гревови,
или некаква борба.
Како и да е, Му благодарам на мојот Владика! Тоа може да биде дури и подобро за мене.
Но исцели ја болеста, исцели ја со Своето слово, Твоето слово за мене е спасение! А ако не исцелиш, дај ми трпение сѐ да поднесам“.

На друго место, свети Григориј вели:

„Болестите и на мојот дух му служат како извесно очистување, а секој има потреба од очистување, колку и да е силен“.

Уште многу пред настанувањето на психо-соматскиот правец во медицината, светоотечкото учење укажувало на меѓусебната врска меѓу душевното и телесното:

„Расипаноста на душата е причина за телесните болести“ – пишувал свети Јован Златоуст.

Како средство за исцелување од нездравјето, светите Отци ги сметале пред сѐ молитвата, постот, Светите Тајни, како и земните лекови, зашто во лекарите гледале помошници, според промислата на Самиот Бог, заради олеснување на страдањата и лечење на болестите (спореди: „Господ од земјата создал лекарства; човек разумен не ги отфрла“ – Сир. 38, 4).
Покрај тоа, секое магиско дејствување, баење и надрилекарство не се сметало за богоугодно и категорички се отфрлало
(„Подобро ни е да умреме отколку да одиме кај непријателите Божји. Каква полза телото да се исцели, а душата да се погуби…“ – пишува свети Јован Златоуст).

Мисли во врска со темата

1. Зарем сите болести се поради гревовите? Не се сите, туку поголем број од нив. Некои настануваат и од негрижа. Стомакоугодувањето, пијанството и безработицата исто така предизвикуваат болести
(св. Јован Златоуст).

2. Болестите се случуваат и за наше испробување во доброто (св. Јован Златоуст).

3. Ако за време на телесна немоќ не ја искористиме помошта на постот, а покажеме уште поголема негрижа, ќе си причиниме најголема штета (св. Јован Златоуст).

4. Телесните болести ги очистуваат душевните (схимонах Макариј).
5. Во болестите – пред лекарите и лековите користи ја молитвата (св. Нил Синајски).

6. Болестите се испраќаат за очистување од грешењето, а понекогаш за да се смири превознесувањето (преп. Јован Лествичник).

7. Болеста се влошува поради нетрпение (св. Тихон Задонски).

8. Причина за болеста е гревот, сопствената волја, а не некоја нужност (преп. Ефрем Сирин).

9. Можеме ли да се лечиме кај лекар и да примаме лекови?

Нема во тоа никаков грев, зашто сѐ е од Господа, па и лековите и лекарите. И нема грев во тоа дека човекот прибегнува кон средства за лечење, туку во тоа дека болниот сета надеж за оздравување ја полага само во лекарите и лековите, заборавајќи притоа дека сѐ зависи од себлагиот и семоќен Бог, Кој единствен дава живот или зема живот (св. Амвросиј Оптински).

10. Од животот на многу свети познато е дека долгите и исцрпувачки болести им биле повеќе од помош, зашто ги смирувале страстите, ги лишувале од впечатоците на световниот живот со неговиот метеж и врева, која одвлекува од вдлабочувањето во скривалиштата на духот (св. Лука Војно-Јасенецки).

11. Бидејќи Бог е живот, а болестите и немоќите се оддалечување од животот, доволно е само да нѐ допре изворниот, првиот Живот, па да ги исцели (св. Јован Кронштадски).

12. Дали треба да се лечиме?

А зошто да не се лечиме? И лекарите и лековите Бог ги создал. Зарем залудно ги создал? Не, туку за да лечат болести; избегнување на лекарите и лекарствата е прекор кон Бога (св. Теофан Затворник).

Владимир Константинович Невјарович
„Терапија на душата“
Светоотечка психотерапија

Source: https://pokajanie.mk/2020/10/29/29781/

Share:

Example Admin User

Error facere repudiandae qui aut quia. Nihil incidunt at maiores earum voluptates saepe modi. Aut recusandae qui fuga quaerat iure. Doloremque praesentium inventore natus. Aspernatur doloremque iste voluptas placeat. Incidunt qui quia enim ducimus asperiores aliquam doloribus. Aut voluptatem voluptas earum ducimus neque laboriosam sint.

All author posts

Related Posts

Image Description
7 months ago

Змијата, која „стана јагне“...

  Змијата, која „стана јагне“.Не се знае името на тој подвижник, кој во историјата останал како „Опашаниот со змијата“. Свети Пајсиј Светогорец им ја раскажа оваа приказна на своите духовни чеда.Еден подвижник се подвижувал во колиба, во дивите и нескротливи делови на Света Гора. Беше многу едностав...

Image Description
4 months ago

Побезбедно е да се шегувате со оган отколку со Бог

 Побезбедно е да се шегуваш со оган отколку со БогТи си живот, Боже, а животот е светлина. Ти си светлина, Боже мој, и не сакаш да останеш скриен во темнина и да не даваш светлина.Блажен е човекот кој Те препозна во себе и кој Ти дозволува да му ја осветлиш душата и телото. Не е важно дали ќе го осв...

Image Description
3 months ago

Бидете од Црквата, но не толку..! ...и сите ќе ве мразат заради моето име...

Бидете од Црквата, но не толку..!...и сите ќе ве мразат заради моето име... (Лк. 21,17). Господ ни ја кажува вистината. Вистина која боли. Која е оваа вистина? Вистината дека ќе има многу кои не само што ќе не направат надвор од нивните животи, не само што ќе не дискредитираат, не само што ќе не исм...