ПОКЛОНУВАЊЕ НА ХРИСТОВИОТ КРСТ!

Example Admin User · 2 years ago

    5 minutes, 2 seconds


ПОКЛОНУВАЊЕ НА ХРИСТОВИОТ КРСТ

“Кресту Твојему поклањајемсја, Владико, и Свјатоје Воскресеније Твоје славим”.

(На Твојот Крст се поклонуваме, Владико, и Твоето Свето Воскресение го славиме).

Духовното поклонување на Крстот е постојано чувствување на благодарност кон Бога за крстните страданија, кои нѐ избавија од вечната погибел, од пеколниот оган, од гробот на богоотфрленост и заборав во кој требало да исчезне целиот човечки род.

Еден богослов рекол:

“Ако те каснала отровна змија и ако веќе требало да умреш во страшни маки, но некој твој пријател co устата го исцицал отровот од раната и умрел од овој смртоносен отров, колку ќе ти биде значајно сеќавањето на него, би го сметал за свој најдобар добротвор; a Христос за тебе стори многу повеќе…

Он ја испи страшната чаша на пеколните маки кои те чекаа, чашата која требаше вечно да ја пиеш.

A co што ние My одговараме на Христа Спасителот наш?

Обично co рамнодушност и co студенило.

Духовното поклонување на Крстот е покорност кон Божјата Промисла, тоа е трпение во жал и искушенија – во она што го прави крстот на нашиот земен живот.

Некои отци велат: највозвишена молитва е

“Нека биде волјата Твоја, Господи!”

Кога мракот на тешкотија како црн облак станува сѐ погуст околу нас, кога како да се гаси Божјата светлина за нас, и кога ни изгледа дека веќе нема избавување и спасение, дека пропаѓаме под тежината на страданието, тогаш
непрестајно треба да зборуваме и да повторуваме:

“Господи, нека биде волјата Твоја, нека биде волјата Твоја!”

И кога ќе ни заблеска светлина на надеж и во тага, Господ ќе ни испрати небесна утеха.

Духовното поклонување на Крстот е желба човекот да ги олесни страданијата на другите, да го земе на себе нивниот труд, нивните слабости и болести, како што Господ на Крстот ги зеде на Себе нашите гревови и страданија.

Преподобниот Агатон рекол:

“О, кога би можел на лепрозниот да му го дадам своето тело, а од него да го земам телото што се распаѓа од гнојните плускавици и рани!”

Духовното поклонување на Крстот е простување на сите навреди.

Крстот е центар на Божествената љубов и поради тоа најголемо исполнување на Евангелието е љубовта кон непријателите.

Свети Димитрие Ростовски вели:

“Некои мислат дека во наше време чуда повеќе не се случуваат.

He, Христијанството ни дава сили за поголемо чудо од воскреснување на мртви, тоа е чудото – искрено, од сѐ срце да ги сакаме своите непријатели и не само да ги сакаме, туку да ги сметаме за наши најголеми доброчинители!”

Духовното поклонување на Крстот е чувствување на постојано смирение.

Ако Господ Исус Христос се симна на земјата и ja прими најсрамната смрт на крстот, тогаш за нас понижувањето на земјата е голема слава, клеветата – награда, а мачењата – радост.

Bo “Отечникот” се зборува како еден скитски старец, преподобен Мојсеј, го сретнал младиот монах Захарија и видел дека на него почива Светиот Дух.

Ова го изненадило старецот, тој паднал пред нозете на момчето и му рекол:

“Сине мој, кажи ми што е потребно за човекот да стане вистински монах и да се спаси?”

Овој се зачудил и воскликнал:

“Авва! Тоа јас треба да те прашам тебе, а не ти мене.”

Овој, не сакајќи да зборува за видението, одговорил:

“Има некој кој ме заповеда да те прашам”. Тогаш Захарија ја симнал својата камилавка, ја фрлил на земја, ја згазил co нозете и рекол:

“Ако не бидеш под нозете на сите луѓе, да те газат, не можеш да станеш вистински монах и да се спасиш.”

Браќа и сестри, на крај, духовното поклонување на Крстот е борба co своите страсти, co своите похоти, co својата гордост.

Некој подвижник, заради големата љубов кон Христа, сакал да стане маченик за Hero.

Посебно сакал за верата да биде распнат на крст.

Меѓутоа, поминало времето, смртта се приближувала, a тој не станал маченик. Ова му причинувало голема тага.

Ho, во видение му се открило дека целиот негов живот бил мачеништво, бидејќи храбро се борел против своите гревови и страсти.

И тој ќе биде овенчан co ист венец како и древните маченици, оние кои за Христовото име биле фрлани на ѕверовите или биле распнувани на крст.

Bo Светото Писмо е речено дека треба да Го прославуваме Христа во нашите души и тела (1. Кор. 6, 20).

Кога му се поклонуваме на Крстот, ние Го прославуваме Христа во нашето тело.

Ние се осенуваме co крсниот знак, свиткувајќи ги трите прста, така што тие ја означуваат Тајната на Светата Неразделна Едносушна Троица, другите два свиткани прста се симбол на двете природи:

Божественото и човечкото во Лицето на Исус Христос.

Овие два прста ги свиткуваме кон дланката во спомен на тоа што Господ слегол од Небото на земја, се овоплотил и ја соединил земјата co Небото.

На тој начин положбата на прстите во крсниот знак е како кус симбол на христијанската вера.

Осенувајќи се co крсниот знак, треба да се сеќаваме на Голготските страдања на Исуса Христа.

Co прстите го допираме челото за Господ да ги просветли нашите мисли, да ни даде духовна мудрост.

Потоа раката ја спуштаме низ градите, за човекот да ги исчисти нашите чувства, да ни дарува љубов кон Hero и кон секој човек, за co силата на Крстот да ги победиме своите ниски страсти.

И потоа се допираме co раката на десното и левото рамо, за нашата вера да не биде вера, туку да се покажува и во дела (бидејќи раката е симбол на дејноста);

за Господ да ја укрепи нашата волја за христијански живот, за вршење добри дела, за исполнување на Евангелските заповеди во нашиот живот, во нашите секојдневни работи.

Крстот го осенува целиот живот на човекот. Co знак почнува човековото стапување во Црквата – Светата Tајна Крштение.

Човекот го носи крстот на своите гради како моќно

оружје против мрачните сили на адот. Крстот го благословува гробот на христијанинот по неговата смрт.

Затоа, да My ce поклонуваме на Господа телесно и духовно. Да го гледаме co очите на верата пред себе, не само ликот на Христа Спасителот, туку и Hero Самиот, Кој страда на Голгота.

Кога го целиваме Крстот на Спасителот, го целиваме така како co усните да ги допираме раните Христови од кои тече крв.

Браќа и сестри, Крстот е оружје кое Господ ни го дал како дар, како оружје против сатанските сили. Свети Кирил Ерусалимски велел:

“Осенувај ја co крсниот знак храната што ја јадеш, облеката што ја облекуваш, вратата кога излегуваш од дома и кога се враќаш дома“.

Така и ние пред секоја работа треба да се прекрстиме и да кажеме:

“Благослови Господи!”

A по завршувањето на работата – ‘Тосподи, помилуј!” Или, “Слава на Тебе Боже!”

Наутро, станувајќи од постела треба да го целиваме крстот co одлучност, да претрпиме сѐ што ни носи денот кој доаѓа.

Кога си легнуваме, треба да го целиваме крстот co зборовите:

“Заштити ме Господи, co силата на чесниот и животворен Твој Крст и сочувај ме од секакво зло.

Благоверниот кнез Владимир Мономах во својот завет на децата им говорел:

“Секоја вечер, целивајќи го крстот, кајте се за гревовите и од срце воскликнувајте кон Господа:

Господи, како што им се смилува на разбојникот, на митарот и на блудницата, смилувај се и на нас, зашто Твоето име е Љубов'”.

Амин.

Пренесено од книгата “Како да живееме во Христа” од Архимандрит Рафаил Карелин
M. Даниловска

Source: https://pokajanie.mk/2022/04/14/34340/

Share:

Example Admin User

Error facere repudiandae qui aut quia. Nihil incidunt at maiores earum voluptates saepe modi. Aut recusandae qui fuga quaerat iure. Doloremque praesentium inventore natus. Aspernatur doloremque iste voluptas placeat. Incidunt qui quia enim ducimus asperiores aliquam doloribus. Aut voluptatem voluptas earum ducimus neque laboriosam sint.

All author posts

Related Posts

Image Description
4 years ago

Дали постои молитва за тие што имаат потешкотии да стапат во брак?

  Пoчитувани, прашањата што ги поставувате на нашата страница, секогаш имаат духовна основа во одговорот, бидејќи сите состојби на човекот почнуваат од нивните духовни состојби. Кога зборуваме за брак, ние, никогаш не смееме да го гледаме тоа како што го гледа светот односно бракот како институ...

Image Description
4 years ago

За оние кои се во брак, децата им се и бројаница и метании

Свештеник Јани Мулев (21.09.2013) Светоста Бог ја дава секому според подвигот, според љубовта која ја покажуваме кон Бога и кон ближните, според мерката од нашето уподобување на Бога, според нашето соединување и единство со Бога. Но секако, Бог има предвид уште многу фактори, како што е вре...

Image Description
8 months ago

Писма од Архимандрит Јован (Крестјанкин)

На милоста Божја и нема граници. Тоа Вие опитно и добро би требало да го знаете по себе. Како ќе живеете понатаму; тоа е само Ваш избор. Јас не можам ниту да благословам, ниту да забранам. Во Господа, и монаштвото е спасително и чесниот брак е за пофалба. А секој човек избира сам. Но, дека и едното...