Поуки од Свети Гаврил Светогорец Епископ Велички

Example Super-Admin User · 3 months ago

    2 minutes, 41 seconds


 Поуки од Свети Гаврил Светогорец  Епископ Велички





ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ! 


На светот ништо не е повредно од времето со кое се купува вечноста.


НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ! 



Мојата љубов кон Бога однесе победа.



Одам понатаму и патем размислувам:


Господе Боже мој, кој не мисли за Тебе, Ти го оставаш и се криеш од него. Ти се обраќа ли некој и Те повикува - Ти се одѕиваш три пати; кој тргне кон Тебе со тивки и несигурни чекори - Ти со итање му поаѓаш во пресрет. Господи, научи нѐ, Ти се молиме, научи нѐ на таква љубов, уште на земјата да го видиме почетокот на Твоето вечно царство!



Со оглед дека душата води потекло од духовното царство на Бога, би требало, како Божји почитувачи, од благодарност да Му упатуваме молитви и со нив да ја храниме својата вера, својот дух, секојдневно и неизоставно, како што неизоставно секој ден, по неколку пати, на своето тело му даваме храна.



Влезот за небото претставува Црквата Христова.



Бескрајна е Божјата љубов и благост кон луѓето. Он нас нѐ љуби силно, бидејќи сме Негов род. Иако ние секој час се откажуваме од Бога, Он лесно не се одрекува од нас. Но, сепак, помило Му е кога луѓето нарочно Му се обраќаат. (…) Човекот треба да се одвои од светот и да тргне да Го бара Господа. Дури во тишината на осаменоста Бог се впушта во дијалог со човекот. Во вистински, пријателски и доверлив разговор – лице во лице, очи во очи, срце кон срце!


Чудни луѓе се монасите. Попрво, тие не се обични земни луѓе, туку надземни, кои светлината на својата душа смерно ја кријат под темното одејание. (…) Од Бога се вооружени со сила зa да им се спротивставуваат на вековите и милениумите. (…) За нив, кои излегле од времето и зачекориле во вечноста, времето од 2000 години е како еден ден ( 2. Петар 3, 8.), а за еден ден колку може човек да се смени?


Деноноќието да има и трипати по 24 часа, монахот ни тогаш не би можел да најде време за световна разонода. Тој за молитвата жртвува сѐ, а молитвата не ја жртвува за ништо.


Бог им се открива на оние што Го бараат во толкава мера колку што од нив е баран, секому, без разлика, на кој и да било начин да Го бараат. И тоа се открива во вид што ним најмногу им одговара. Разбојникот во последниот момент, на смртниот час, од крстот Го побарал Господа и Го нашол. Другиот разбојник не Го барал и не Го нашол.


Времето потрошено за Бога, грешиме ако го сметаме за изгубено, или, пак, недоволно искористено, како што честопати си мислиме. Некојпат можеби ќе се најде некој безверник да нѐ укори, префрлувајќи ни каква полза имаме од секојдневното повторување на речиси исти молитви, кои одамна сме ги научиле напамет. Такво нешто, било да чуеме отстрана, било да се зачне во нашиот ум, доаѓа од лукавиот, кому му пречи нашиот успех, зашто добро знае дека тоа е света работа и претставува чисто богатство кое се чува на небото. А сатаната оттаму не може да го грабне.


Патиштата што водат кон Бога и нашиот Спасител, во својата основа се прости и едноставни. Нив ги компликува, отежнува или оневозможува нашето сладострастие и неумерените животни желби, кои невнимателно и потсвесно стапуваат во контакт со непријателот на нашето спасение. Па поради тоа, молитвата кон Бога претставува не само леб на душата, туку нешто повеќе од тоа – нејзин живот. А Бог, Кој ги знае и гледа нашите потреби и желби, ќе направи она што секој татко би го направил за своето добро и послушно дете, зашто Бог е Татко на татковците. Татко на сите.


Молитвата е прва и најважна работа. Молитвата ги заменува сите разоноди, сите потреби – сѐ она без кое обичниот човек не би можел да живее. Почиста, побезгрешна и посвета работа од молитвата нема.


Кратките одмори од молитвата (треба да) претставуваат богомислие, созерцание, испитување на Божјата волја и преиспитување на својата совест. Монахот за молитвата жртвува сѐ, а молитвата не ја жртвува за ништо.


Source: https://poukinasvetitestarci.blogspot.com/2024/05/blog-post_88.html

Share:

Example Super-Admin User

Aut dolor fugit impedit incidunt. Unde repellat commodi illum voluptas. Quisquam consequatur autem quae ipsam. Corporis voluptate aspernatur minus omnis. Maiores aut fugit mollitia eaque. Praesentium facere alias dicta delectus et rerum. Dolorem animi cum cumque accusantium vel autem. Eos iste reprehenderit et odit eius voluptas modi. Sequi dolorum dolorem inventore saepe quibusdam. Impedit in est repudiandae consequatur fugit fugit. Dolorem et illum neque aut sint et.

All author posts

Related Posts

Image Description
3 months ago

Не можеме да ги промениме грешките што ги направивме

 Не можеме да ги промениме грешките што ги направивме.Не можеме да ги промениме грешките што ги направивме.Создадените рани не се бришат.Минатото е тоа што е.Но, она што можеме да го направиме е да избереме сега да живееме без да ги правиме истите грешки, но и да дозволиме нашите рани да зараснат, б...

Image Description
1 month ago

Сеќавање на едно од духовните деца на Свети Гаврил Грузијски

 Сеќавање на едно од духовните деца на Свети Гаврил ГрузијскиЕдно од духовните деца на Свети Гаврил Грузијски , по име Нодар, го раскажа оваа :Отец Гаврил еднаш пројде неколку дена со мене и мојата фамилија. Ја осветивме целата куќа и цела ноќ разговаравме и се молевме. Потоа отец Гаврил кажа: ,,Нод...

Image Description
2 months ago

Херувимската песна

По разделувањето на чинот на проскомидија и по и неговото префрлање пред почетокот на Литургијата, на местото на неговото извршување останало само пренесувањето на даровите од садохранилницата (проскомидија) до светата трпеза. Ова пренесување се нарекува Голем вход. Додека трае подготовката за из...