Преподобен Теофил Струмички, моли се за нас оче свети! (23. октомври)

Example Admin User · 4 years ago

    1 minutes, 42 seconds


Преподобен Теофил Струмички

Блажениот Теофил се родил од побожни родители во близината на градот Тивериопол, денес Струмица, Македонија.
Имал добра и кротка природа.

А кога наполнил тринаесет години, станал послушник на преподобниот старец Стефан. Старецот три години го поучувал на стравот Божји и го раководел во подвижништвото и во монашкиот живот.

Откако изминаале тие три години, бидејќи момчето добро се научило на монашките подвизи, Старец Стефан го повикал игуменот од лаврата и му го предал послушното, кротко и смирено момче за да го замонаши.

Игуменот го одвел во лаврата и го потстрижал во монаштво со името Теофил.

Теофил стана опитен монах, украсен со сите добродетели, живеел меѓу браќата како ангел, и им бил од полза на сите.

Откако светителот долги години поживеал испоснички, настапил иконоборниот период, во кој беззакониот цар Лав Исавријанин иконоборец ги подложувал на мачење и ги убивал сите што ги почитувале иконите.

Свети Теофил благоразумно поучувал молитвено да се почитуваат светите икони.

Поради тоа, царот наредил свети Теофил да биде подложен на ѕверски измачувања, но тој, не само што не попуштил, туку успеал еден од своите мачители, кнезот Ипатик, да го разубеди и да го врати во Православието.

На крај, кнезот Ипатик се заложил за да биде ослободен светителот.

На свети Тоефил му било многу жал што не го довршил подвигот на своето мачеништво.

Сепак, имајќи рани, тој се радувал, говорејќи со апостолот:

„Се радувам што со своето страдање го дополнувам недостатокот на неволјите Христови во моето тело за телото Негово, кое е Црквата“ (Кол. 1, 24).

Набргу потоа му било откриено дека за кратко време ќе замине кај Бог. Ги уредил сите манастирски работи, ги поучил браќата, ги благословил, ги целивал и заминал кај својот возљубен Господ.

Тропар, глас 1.

Исповедниче на вистината, истоимениче на Божјата мудрост, длабочино на познанието, тебе Теофиле, Христос Спасителот Ти го откри Својот Лик, во длабочината на твоето срце, и оттаму ти ги исповедаше Иконите свети.

Моли се за нас, оче свети, пред Божјиот Престол, душата наша како Икона чиста, да се претстави пред Неговото Лице.

Тропар, Глас 4:

Да го воспеваме Теофил вистинскиот Божји пријател кој посака од младост да оди по тесниот пат што води кон вечниот живот; зашто поддржувајќи ги светите икони храбро и трпеливо поднесе неподносливи мачења и беше топол молитвеник за сите пред Бог.

Source: https://pokajanie.mk/2020/10/22/29696/

Share:

Example Admin User

Error facere repudiandae qui aut quia. Nihil incidunt at maiores earum voluptates saepe modi. Aut recusandae qui fuga quaerat iure. Doloremque praesentium inventore natus. Aspernatur doloremque iste voluptas placeat. Incidunt qui quia enim ducimus asperiores aliquam doloribus. Aut voluptatem voluptas earum ducimus neque laboriosam sint.

All author posts

Related Posts

Image Description
4 years ago

Светите четиринаест илјади младенци маченици во Витлеем

Светите четиринаест илјади младенци маченици во Витлеем Бидејќи мудреците од Исток не се вратија од Витлеем во Ерусалим за да му јават на Ирод за новородениот Цар, туку на заповед од ангел по друг пат заминаа за својата татковина, царот Ирод се разјари како лута ѕверка и нареди да се убијат сите дец...

Image Description
4 years ago

Недела по Рождеството Христово: Спомен на 14 000 витлеемски младенци

Познато е дека подмолниот владетел Ирод, од страв да не ја изгуби моќта, нареди уништување на сите бебиња на возраст под две години во Витлеем. Тој сметал дека Исус ќе биде сигурно меѓу нив. Душите на витлеемските бебиња, кои беа убиени по наредба на Ирод, беа однесени во Царството Небесно, чисти, н...

Image Description
10 months ago

Свети Вилигиз, архиепископот на Мајнц

СПОМЕН НА СВЕТИОТ ВИЛИГИЗ, АРХИЕПИСКОПОТ НА МАЈНЦ И РЕГЕНТОТ НА СВЕТАТА РИМСКА ИМПЕРИЈА, ЧИЈ СПОМЕН ЦРКВАТА ГО СЛАВИ НА 23 ФЕВРУАРИ (940-1011; латински: Willigisus) Свети Вилигиз[1] е роден во 940 година во Шјонинген.[2] Како младо момче, даден бил на воспитување и образование кај учителот...